Култура и туризам

За еден Лазороски род – од ис сој сме

rakopisot-na-gjurcin-kookaleski

Родот Димковци се смета за еден од најстарите и најугледните родови од Лазарополе. Род од кој во подалечното и поблиското минато се регрутирале едни од највидните и најугледните православни свештеници (поради што ќе го добијат презимето Попоски-Поповци исто за родот) и учители во реканскиот крај и пошироко.

Се мисли дека водат потекло од основачот на селото Лазар, по кое и селото го добило своето име – Лазарополе. Ова е само една непроверена теза која се врзува со легендата за настанувањето на селото Лазарополе.

rakopisot-na-gjurcin-kookaleski
ракопис на Ѓурчин Кокалески каде што се споменува јерарх Мартин Димкоски

Според легендата, Османлиите ја уништиле-запалиле населбата (селото) Главино Село а населените го задушиле, палејќи мокра слама пред влезот на пештерата Калина Дупка. Само Лазар успеал да спаси жива глава од сето население, излегувајќи од другиот крај на пештерата во непосредна близина на денешно Лазарополе (во месноста викана Дупчиња), каде што е подигната новата населба. Населбата Главино Село според некои научници се смета дека e центарот на Мијаците во кој се среќавале на собори првенците-главатарите (или подоцна коџабашиите) на сите дотогаш населби во овој крај. “Советодавен центар”, Главино Село e се до 1467 година кога според дефтерите населбата веќе е пуста ненаселена.

Кажувањето за Лазар, во голема мера легендата, кое се пренесувалo од колено на колено во родот Димковци од денешна гледна точка, при немање доволно проверени извори од минатото, не води до заклучокот дека Лазар е само епонимен предок на родот Димковци. Легендата и споменувањето на епонимниот предок Лазар служела како штит кој имал за цел да ја заштити положбата на родот Димковци, пред се од новодојдените истоплеменски мијачки родови, при крајот на XVII век во Лазарополе, пред се од територијата западно од Црн Дрим.

Староста на родот ако ја исклучиме легендата и епонимниот предок можеме да ја потврдиме и со положбата на истородовните живеалишта-куќите на родот. Живеалиштат на Димковци се наоѓаат во самата близина на селската црква (читај црквата пред 1832 година) и во близина на стариот центар на селото, од кој што понатаму селото се шири во денешната местоположба. Домовите на Димковци во текот на времињата биле доградувани-проширувани, прилагодувани на потребите, но никогаш не биле темелно рушени. Една од првите темелни реконструкции на куќите во Лазарополе можно е да се случила во 1807 година по големиот пожар кој беснеел во селото за време на празникот Огнена Марија. Тогаш, во Лазарополе изгореле 53 куќи. Основниот материјал за покривната конструкција во овој период е сламата. После овој пожар секоја куќа во Лазарополе добива покривна површина само од дебели плочи, но основата на куќата не била изменета туку само приспособена на новите градежни зафати. Во непосредна близина на црквата и живеалиштата на родот се наоѓа местот викано Оралиште кое има археолошко значење. Од 1950 година Оралиште за македонската археологија преставува средновековна некропола каде што се откриени гробови градени од камени плочи – тип циста, со ориентација исток-запад (Археолошка карта на Република Македонија.Скопје, МАНУ, 1996г.). Во минатото семејствата свите блиски ги погребувале во непосредна близина на своите домови. Оваа пракса ќе се смени со текот на годините. На гореспоменатите гробишта (кај Оралиште) ќе престане погебувањето, поради порастот на населението во XVII-XVIII и од хигиенска потреба ќе се започне со погребување на нова локација, кај денешниот водовод (на оваа локација до 30-те години од XX век од истите причини). Димковци веќе со векови се наоѓаат во стариот центар на селото од каде населбата започнува да се разгранува-шири како од самиот род, кој успеал да ги задржи најзначајните места околу црквата, така и од ново придојдените.

martin-dimkoski
натпис од десната влезна страна од црквата во Лазарополе каде што се споменува јерарх-поп Мартин Димкоски

Во прво време негде околу средината на  XVII век Димковци се во постојани семејни релации со соселаните од родот на Коштревци, а покасно со нивното доаѓање во Лазарополе ќе ги засилат роднинските релации со родот Кокалевци од XVIII век. Доста интересна е релацијата помеѓу родовите на Димковци и Кокалевци кои што во текот на сиот XIX век ја имаат целата духовно-општествена власт во селото, зајакнувајќи ги своите релации со роднинска поврзаност. Родовите Димковци и Кокалевци од XIX ќе бидат во постојан судир за превласт во Лазарополе со родот Жунгуловци. Иако трите рода биле во роднински врски сепак помеѓу нив имаало отворен конфликт за доминација во населбата кој ќе кулминира по смрта на Ѓурчин Кокалески во 1863 година.

braniskav-poposki
фрагмент-родословното дрво  Димковци изработено од Бранислав Поповски

Од гледна точка на родот Димковци, конфликтот со родот Жунгуловци се засновал во однос на зачувување на световната-црковната власт во Лазарополе. Се до 60-те години од XIX црковно-учителската власт во Лазарополе била во рацете на свештеници од родот на Димковци кој во овој период за првпат ќе се соочат со аспирациите на родот Жунгуловци за превласт во црковната власт. Се вели дека јерах Мартин Димкоски Попоски (1800-1870) дозволил неделната утринска литургија (1866 година го сместуваме настанот), по предходни ургенции од страна на неговиот внук Василко Икономов Димкоски Попоски (1848-1934), да ја води неговиот ученик Теофил Аврамов Жунгулоски (1838-1884). Литургијата по картко време била прекината од јерах Мартин, со зборовите: “Ниту ти Авраме ниту пак било кој од твоине, уш‘че од дамнина, незноеше да читат свето писмо ниту да пеет по црковно а камо ли неш‘чо друго црковно работан‘е. Ќа си останете саде едни ОРМАН ПАПАЗИ !”. Овие зборови кажуваат за односот помеѓу двата рода, иако меѓу некои од нив имало добри релации како на пример меѓу Василко Икономов Димкоски и Теофил Аврамов Жунгулоски – тие биле за доброто на македонската црковна самосвест, додека односите внатре во Лазарополе се одржувале на стаклена основа. Изразот орман папази (папази-поп) се однесуавало на неговото црковно пеење и водење литургија, едноставо гласот му бил како некој од шума да вика, од орман – ептен силно и неразбирливо за масата народ во црквата лазороска (буквално значење ПОП ОД ОРМАН). Односите биле толку влошени во еден периот така што гробот-натписот на јерарх Мартин Димкоски Попоски, кој што бил веднш до гробот на Ѓурчин Кокалески, бил заменет со плочата и крстот со натпис дека во тој гроб почива Теофил Аврамов Жунгулоски, а гробот на јерархот Димкоски бил преставен дека е тој на … оној де орман папази.

steblo-dimkovski
стебло – родослов ДИМКОВЦИ

Оваа неправда била исправена во денешни времиња, по околу 60 години лажно искачување на тронот кога е во прашање вистинското место и заслуга за населбата. А зашто е тоа направено и од кого немаме намера да си споменуваме, или пак нема да навлегуваме кој и зашто ги УНИШТИЛ двете фрески на Ѓурчин Кокалески и Мартин Димкоски во лазороската црква, за кои еве сите знаат, само ние незнаеме… “Besides some inscriptions and scenes from the Old and New Testaments Dicho has also left us some realistic frescoes showing Kokaleskl and Martin the priest in the women’s area of the church high on the right-hand wall.“. Туку да си спомнеме мие – ние за Димковци-Поповци за нашите свештеници и учители – даскали, за епонимниот предок Лазар, за првиот наш знаен предок Димко-родоначалникот, за ЈЕРАРСИТЕ Мартин, Серафим, Косто, Танаско и Данаил, за преродбеникот Василко Икономов, за револуционерот Павле Караасаноски и за низа учители кои и ние ги паметиме.

автор на текстот Мојсо Попоповски

Овој текст го посветувам на
на сите ДИМКОВЦИ-ПОПОВЦИ.

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top