Култура и туризам

Водоча

vodoca

vodoca

Манастирскиот комплекс Свети Леонтиј или попопуларно наречен комплекс Водочки цркви се наоѓа на 9 километри пат западно од Струмица. Според документите првите темели на манастирот датираат од IV-V век. Со направените археолошки испитувања се откриени темелите и дел од уништената камена пластика којашто се наоѓала на југоисточниот дел од денешниот храм. По своите димензии црквата била мала но со внатрешниот ентериер богата и раскошна. Не се знае на кого му била посветена. Во периодот од VI-VII век првата Водочка црква била урната но потоа повторно возобновена и изградена. Оваа црква од македонските автори е нарекувана „Источна“, во однос на точното време кога е подигната не може точно да се утврди но има 3 мислења:

-првото е дека е изградена за време на бугарскиот цар Борис, во втората половина на IX век;

-второто е дека е за време на неговиот син Симеон, на крајот на IX век и во почетокот на X век;

-третото е дека е во време на цар Самуил, на почетокот од XI век.

Манастирската црква била трикорабна куполна епископска базилика, за што сведочат зачуваните ѕидни (темелни) партии и горното место и синтронот т.е. во централната олтарна апсида. Според постоечките докази се смета дека Св. Климентовата епархија е Струмичката т.е. Водочката. Во Водоча во тоа време дејствувала словенска книжевна школа и била духовен расадник за поклонение и просветление. Во летото 1014 година по наредба на византискиот цар Василиј II, ослепени се 14 000 Самуилови војници при што на секој 100 војник му било оставано по едно око за да ги води останатите. Според овој свиреп чин селото во кое се наоѓа манастирот е наречено Водоча-Вади очи. Во тој период е урната источната епископска црква и веднаш до неа е изградена помалата западна крстовидна куполна црква. Фрескописот од источната црква не е зачуван освен еден мал фрагмент од лик од некој светител. Западната Водочка црква настанала во првата поливона на XI век, помеѓу годините 1018-1037 кога и самата црква била фрескоживописана. Црквата е посветена на Воведението на Пресвета Богородица Елеуса иако денес е посветена на Св. Леонтиј, торжествено се слави празникот на Воведението на Пречистата Дева во храмот. Од западната Водочка црква се зачувани дел од фреските: фрагменти од циклусот на Богородичните празници, Благовештение и Воведение, милување на Богородица од Јоаким и Ана. Историјата на западната Водочка црква кратко траела зашто доаѓа до повторна реконструкција на манастирот. Во периодот од крајот на XI и почетокот на XII век бил урнат олтарниот ѕид на западната црква и доградена источната и од двете страни била настаната една нова именувана како средна Водочка црква. Тогаш настанува третиот слој на фрески. Зачувани се 4 олтарни фрески на архиереи во фронтален став: Св. Василиј Велики, Св. Григориј Богослов, Св. Спиридон Тримитунтски и Св. Григориј Чудотворец. Потоа 2 ѓакони, Причестувањето на апостолите, во апсидата се наоѓа Пресвета Богородица Оранта, под сводот на полукалотата е композицијата Поклонување на ангелите, а во останатите дел од храмот се распределени други фрески. Во XIV век манастирот претрпува катастрофален пожар, во XIX век пострадал од силен земјотрес. Во 1958 година од ѕидовите се симнати фреските за да се зачуваат и денес се наоѓаат во државниот музеј во Скопје. Од 1975 до 1982 година од страна на д-р. Петар Милковиќ-Пепек се извршени конзеравторско-реставраторски работи на црквата но е стопиран и од страна на археологот Јован Ананиев од Струмица понатаму се одвиваат археолочките ископувања. Откриени се 2 епископски бањи:

-првата датира од IX-X век, припаѓала на источната Водочка црква, имала приземје вкопано в земја и кат над него. Во приземјето биле сместени ѕидното огниште и инсталацијата за затоплување а капењето се одвивало во просториите на катот. Откако била изградена 2 бања оваа бања се користи како работилница за стакло.

-втората датира од XI-XII век, припаѓала на средната Водочка црква, таа била пораскошна и поубава.

Целиот манастирски комплекс располага со монашки конаци, владишка резиденција, голема трпезарија со димензии 19 метри должина и 5 метри широчина, кои неколку пати биле преуредени. Манастирот истотака располага и со имот: ниви, лозја, воденици. Во 1982 година е изграден уште еден конак во кој во 1995 година се возобновува монашкиот живот со машки монаси и се возобновуваат византискиот иконопис, црковното пеење, преведувачката дејност и монашкото ракоделие. Денес манастирот Св. Леонтиј-Водоча е женски манастир. Податоците за манастирот се користени документи од археологот Јован Ананиев од Струмица.

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top