Култура и туризам

Вељуса

veljusa

veljusa

Манастирот Елеуса е изграден во 11 от век. Во 1080 година е завршена градбата на манастирската црква, градена во стар стил со камен и тула. Значајно да се спомене е дека оваа црква е единствената која воопшто не е уривана. Оваа црква на времето била фрескописана во 11 тиот век, 12 тиот и 14 от век, но фреските се многу малку зачувани. Последен слој на фреските е од 19 от век. Фреските постоеле до почетокот на Првата Балканска војна. Во 1913 година грците ја запалиле црквата од внатрешна страна и тогаш изгореле речиси сите фрески што постоеле. Денес се зачувани мал дел фрески од 11 от и од 12 от век. Основач на манастирот, како машки манастир е епископ Мануил, кој има потекло од Мала Азија од гората на Свети Аксентиј, каде што тој живеел како монах многу години. Во неговите поодминати години бил назначен за епископ на Тивериполис (Струмица). За него се вели дека е по потекло до богато семејство и дека имал големо наследство, а тој сиот свој имот го вложил во подигањето на манастирскиот комплекс. Во тоа време во манастирот се занимавале со преведувачка и препишувачка дејност а исто така имале познавање од уметноста, така што голем дел иноки се фрескописани од самите монаси. Монашкиот живот продолжил во континуитет а за прв пат бил прекинат околу 1945 година, а манастирот извесно време бил како скривница на партизаните. Во втората половина на 20 от век е под заштита на Заводот за заштита на споменици, кога започнале археолошки истражувања. Направени се реконструкции на подниот моазик и на иконостасот. Од 11 от век се сочувани столбовите и горната греда, два три капители и едно малечко парче кое е вградено во долната плоча од олтарната преграда. Во 1995 година, монашкиот живот во манастирот повторно се возобновува и повторно започнува како машки манастир, за една година подоцна да стане женски манастир. Од тогаш наваму, се служи литургија секој ден. Доаѓаат свештениците од струмичко и имаат по една недела дежурство. Епископот Мануил, манастирот го посветил на Воведение на Пресвета Богородица. Откако луѓето почнале да слават слави, селото ја земало славата на Пресвета Богородица на 21 ви септември, во овој манастир го славеле празникот до ден денес. Имено на тој ден манастирот е најпосетен. Во манастирот во минатото постоела камбанарија, но сега е изградена нова.

Во дворното место на манастирот се наоѓаат откопини од Манастирската бања, која што е подигната кон крајот на 10 от век и припаѓа на источната водочка црква. Градбата поседувала приземје вкопано в земја и кат над него. Во приземјето биле сместени ѕидното огниште и инсталацијата за затоплување, а капењето се одвивало во просториите на катот. Во просторијата 1, која што била користена како соблекувална, но и како соба за капење со ладна вода. Просторијата 2 служела само за капење со топла вода а просторијата 3 била сауна. Доводот за вода во бањата е целосно уништен, меѓутоа е сочуван само каналот за одвод на нечистата вода во реката Водочица. Бањата настрадала заедно со источната водочка црква. Соблекувалната била напуштена а просториите 2 и 3 биле преуредени во работилници за стакло. Божјиот храм Вељуса е конзервиран и реставриран во периодот од 1975 до 1985 година со заеднички напори на македонскиот Републички завод и општинскиот одбор за заштита на спомениците на културата Струмица.

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top