Култура и туризам

Пишаниот збор и аргументите – Наспроти манипулацијата и политичката злоупотреба

1 1

Александар Трајковски

Во изминатиот период сведоци сме на големи реформи кои Владата на Република Македонија ги спроведува за подобрување на системот во образованието.

Можеме слободно да кажеме, дека во времето на Владата предводена од Премиерот Никола Груевски се спроведени едни од најголемите реформи во образованието. Да се потсетиме дека намалувањето на партиципацијата за Високото образование со кое се овозможи на секое дете, секој средношколец кој сака да го продолжи образованието тоа да може да го стори без притоа родителите да имаат финансиски проблем па како во минатото факултетите да бидат установи за дружење на децата на луѓето од елитата, во време на оваа Влада беше спроведена целосната компјутеризација на образовниот систем и други низа на реформи кои се за доброто на Македонскиот студент.

Изминатиот еден месец, Македонската јавност е сведок на една нова реформа и една тешка манипулација која група на странски платеници се обидува да се спротистави и злоупотреби на се што се прави во Република Македонија.

1 1

Владата, предложи до Собранието да се донесе измена и дополнување на Законот за високото образование со кој се предвидува да студентите кои ќе се запишат во 2015 година ќе имаат обврска да полагаат државен испит кој ќе биде поделен во два дела, едниот на крајот на втората и вториот на крајот на четвртата година. Мал дел од актуелните студенти намерно или ненамерно со помош на неколку “независни” медиуми кои се контролирани од страна на опозициската фондација СОРОС се обидоа во јавноста да ја протнат лагата дека Владата воведува екстерно тестирање за да потоа по неколку објаснувања директно од Премиерот Никола Груевски добијат објаснување што и како се планира со воведувањето на државниот испит. Но и покрај сите објаснувања и кажувања сепак партијата на бомбите во Македонија (СДСМ) на која се и смета и ништо што се гради, прави и спроведува не е во ред ги организираше стечајците, пензионерите, земјоделците и сите други категории на граѓани кои ги предводеа една мала група на студенти и тераат протести, те еднаш, те втор пат, па трет пат, па потоа се формираше студенски пленум кој секако го формираа “големите” професори кои имаме можност да слушнеме дека се занимаваат со се друго само не со пишување на меѓународни признати дела, излегоа да бараат да не се спроведува државниот испит.

Мене тука не ми е јасно. Да протестираш за нешто што за тебе не важи, што за тебе нема да се спроведува е исто како пензионерите да протестираат зошто се спроведува екстерно оценување во основното образование.

Тука се отвара и уште една теза. Дали студентите кои се дел од партијата на бомбите се толку гласни во барањето да не се полага државниот испит, за да може внуците на транзиционите херои без учење да полагаат на факултетите каде што има “независни” професори кои се дел од партиските тела на истата бомбашка партија?

Ако државата нема право да врши тестирање на кадарот кои излегува од високото образование, зошто државата има право да врши оцена на квалитетот на млекото, класирање на тутунот и слично? Зошто на протести не излезат млекарите и да не дозволуваат Владата да врши проценка на млекото, бидејќи млеко си е млеко, или пак да излезат на протести тутунарите и да не дозволуваат Владата да го класира тутунот, бидејќи тутун си е тутун.

Владата мора да истрае и оваа реформа мора да се спроведе. Мора да се стави крај на тоа да еден студент има 10ка со макотрпно учење, пишување проекти и истражување а друг студент да има 10ка само затоа што е дел од една политичка младина.

Мора да престане оваа манипулација и искористување на студентите за политички цели на партијата која во своето 20 годишно постоење неможе да се пофали со еден спроведен проект, со една спроведена реформа. Македонскиот студент е иден академски граѓанин на Република Македонија и дипломата која ја поседува неможе да биде само едно парче хартија!

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top