Култура и туризам

ДЕЛ ОД АПОКРИФНАТА ЛИТЕРАТУРА ПОЗНАТА ВО МАКЕДОНСКАТА СРЕДИНА (14)

Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА

ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

По образложенијата што ги изнесува Климент за големината на овој ден, следи неговиот заклучен дел, кој се однесува со спасението на луѓето, кое доаѓа со зачнатиот Син, од кого ќе побегнат сите ѓаволски сили. Затоа свети Климент ги повикува верниците да пристапат кон Бога со смиреност, со благост, со љубов, во пост и работа, да не ја заборават Црквата.

Во овој поглед не смееме да не нагласиме дека во македонската иконографија од средниот век овој мотив зазема посебно место, особено охридската икона од црквата Свети Климент Охридски, со потекло од крајот на 11-от век. На неа е перфектно насликан носителот на благата вест – архангелот Гаврил, пред смирената и преубава дева Марија. Оваа икона го најде своето место во ремек делата на светската уметност и го привлече вниманието на уметничките критичари ширум светот.

И мотивот за Успението на Богородица е обработувана тема, во која се повторуваат духовните измачувања на мајката, по воскреснувањето на Синот, по претрпените суровости заради спасот на луѓето. Таа останува славена и почитувана меѓу Христовите сопатници и ученици с до денот на нејзината смрт и пренесувањето до седиштето на Синот на небото.

Обработката на Успението го дополнува книжевно творештво на Климент Охридски, овој пат co една возвишена похвала, како што практикувал тоа да го прави охридскиот учител за личностите што му биле посебно сакани и омилени. Таквата восхвала на Богородица свети Климент и ја посветува токму на денот на нејзиното Успение.

Преку успението на Богородица, Климент го навестува простувањето на Евиниот грев, преку благоста на Девицата која го раѓа Синот, искупител на сите човечки гревови. Богородица не помалку ги спасувала луѓето со својот подвиг. И во ова слово авторот наоѓа за потребно да го истакне бестелесното зачнување на Девицата. Така, таа родила син со двојна природа: Бог и човек. И тој со човечкото тело, преку Девицата, ја вкуси смртта, a co божественоста своја – вечноста.

Св. Богородица во Охрид

И кога таа ја вкуси телесната смрт, нејзиниот Син слезе до неа со мноштво бестелесни сили, и во облак ја дигна од гробот на третиот ден и ја вознесе на небо, со сите апостоли. Притоа свети Климент ја возвеличува Пречистата дева и мајка, со градација на симболи и метафори.

„Радувај се, породо духовна, од која се источи бесмртност на родот човечки.

Радувај се нов ковчегу, ти нема да ги понесеш камените таблици, туку самиот законодавец Исус Христос, спасителот на светот што си го родила.

Радувај се, капино несогорлива, што го понесе несогорливиот оган во својата пречиста утроба.

Радувај се, горо несечена, од која го исече каменот на разумот на Христос, и ги сотре идолските светилишта и нивните храмови ги изгоре.

Радувај се, пресветол облаку, што го понесе мисловното сонце Христос во својата утроба…”

Исклучително важен момент од животот на Богородица, а кој не е во тесна врска cо синот Исус, е зачнувањето на Дева. Свети Климент го одбележал со посебно поучително слово и зачнувањето на пресветата Дева. Архангелот и благовестил на праведната Ана дека ќе зачне во својата утроба. Мајката на Марија била внука на Јесеј од Давидовото колено.

Пророците пророкувале одамна дека таа ќе роди дева, во која ќе се зачне синот Божји. Затоа и зачнувањето на дева Марија е свет и благ ден. Од неа ќе се изродат добрини, зашто таа постојано му се молела на својот сакан син да се смилостиви над луѓето. Затоа, заклучува свети Климент, луѓето треба спонтано да го почитуваат овој ден и да ги полнат црквите.

Заклучокот за важниот настан од оваа похвала внесува верба во добрината, бидејќи таа и нејзиниот син страдале за добрината на сите луѓе, за верниците да го сфатат вистинскиот христијански пат. Свети Климент ја подвлекува волшебната сила на Богородица, да биде поткрепа на болните, нивно исцеление, а небесното царство им се отвора на сите оние кои веруваат во неа.

Продолжува

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

To top