Среда, 23 Декември 2009    PDF Печати Е-пошта
Олга Милосавлева – Балерина
olgaПрекрасна личност, дама која плени со беспрекорна убавина, стил, виртуозност. Вака ја опишуваат нејзината доминантна појава нејзините колеги и познаници, првата дама во балетот во Македонија, основач на македонскиот балет, Олга Милосавлева.

Од нејзината биографија се дознава дека Олга Милосавлева е родена во Тетово, во 1934 година. Уметничкиот живот го одбележа вредно и максимално вложувајчи се себе си се до годината во која почина до 1997. како македонска балерина, балетски кореограф, балерина солистка, и покрај многуте други функции во областа на балетската уметност како директор на Балетот при МНТ.

Олга Милосавлева е првата македонска балерина и воопшто најистакнатата тетовска балерина воопшто. Членка на балетот на МНТ од 1949 до 1997. Негова директорка во два мандата, кои се паметат по успешно работење и издигнување на балетската  уметност во македонија до највисок светски рејтинг, со гостување и активно вложување во нови и талентирани балетски уметници. Олга Милосавлева на македонската и светската јавност и е позната по нејзините улоги во мноштво балетски престави.
КУРИОЗИТЕТИ

- Нашиот единствен балетски филм е „Лабин и Дојрана“, снимен во вистинскиот амбиент од либретото - на Дојранско Езеро. Музиката за овој македонски првенец во балетската кинематографија е компонирана од Трајко Прокопиев, сценариото го напишаа и подготвија Бранко Гапо, Владо Чучков и Љубомир Бранѓолица, а режијата му беше доверена на Бранко Гапо. Главните улоги ги толкувале Милорад Мишковиш (Лабин), првенец на Парискиот балет и Душица Томиќ (Дојрана), првенка на Белградскиот балет. Кореографијата на балетскиот филм ,,Лабин и Дојрана“ ја подготви и ја адаптира за филм Олга Милосавлева. Која во тоа време работеше како Продуцент - МТВ.

Како директор во два мандати Олга забележува успешно работење и подем на оваа уметност.Оркестарот на МОБ брои 40 вработени, а исто така се ангажираат хонорарно според потребите и музичари преку Музичка младина.
Балетски концерт се одржуваат веќе 60 години откако се започна со групата танчери меѓу кои се најде и Олга, а во чест на Олга Милосавлева, се одбележува нејзиниот уметнички успех секоја година од нејзината смрт.

Пред 4 години на балетскиот фестивал- „Танц фест“ свечено беше отворен со доделувањето на наградата за врвни достигнувања во областа на танцот, „МЕНАДА“, која советот на „Танц фест“ од Скопје постхумно и ја додели на Олга Милосавлева, една од најзначајните творци во балетската уметност во земјава. Покровител на „Менада“ е претседателот на Собранието на Република Македонија, а наградата, на член од семејството на Милосавлева, ја додели претседателот на ЦИД УНЕСКО, Алкис Рафтис. „Следејќи ја традицијата, која ја започнавме во 2005 година, со доделувањето на првата награда за танц во Македонија, оваа награда да ја добиваат најзаслужните творци од областа на танцот, сметаме дека Олга Милосавлева е личност на која, постхумно, треба да и се додели оваа престижна награда, за целиот придонес и творештво кои ги одбележуваат нејзиното постоење, како и печатот кој таа го остави врз севкупното културно живеење кај нас, а посебно во танцот“, се вели во образложението на Советот на „Танц фест“. „Олга Милосавлева се смета за личност која несебично се даде во и за балетската уметност, со еден извонреден печат на своето творење и постоење. Креација за сите генерации, балерина, кореограф и творец кој засекогаш ги измени и прошири границите на македонскиот балет во целост“.

Олга Милосавлева е основоположник на Македонскиот балет. Во својот речиси 50-годишен ангажман на сцената на МНТ настапила во повеќе солистички улоги, особено ја препознаваат во т.н. Карактерен репертоар, а интензивно работи и како репетитор и педагог. Во работниот ангажман трипати била избирана и за Шеф на балетот и е со најмногу мандати на неговото чело. Особен е и нејзиниот придонес во работата со учениците во средното балетско училиште "Илија Николовски Луј" како педагог и кореограф.

Најголемата љубов и преокупација и е сепак кореографијата. Има направено повеќе од 30-тина целовечерни, кратки балети, балетски обнови.

Биографија

Милосавлева е родена во Тетово на 14 септември 1935 година. Завршила Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. ? припаѓа на првата балетска генерација во современа Македонија. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976). Имала изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко оформување на улогата. Со кореографија почнала да се занимава од 1958 година. Таа е една од најплодните македонски кореографи. Најмногу работела врз домашното музичко-балетско творештво со национален, современ и модерен израз.

Улоги по кои ја паметат:
•    Гитана (М. Равел, „Болеро“),
•    Канделас (М. Равел, „Љубовта волшебница“),
•    Воденичарка (М. де Фалја, „Трирогата шапка“) 

Кореографии:
•    „Лабин и Дојрана“ (Т.Прокопиев),
•    „Дубровничка легенда“ (Љ. Бранџолица),
•    „Македонска повест“ (Гл. Смокварски) и др.

Олга Милосавлева е креација за сите генерации, балерина и кореографка која засекогаш ги измени границите на македонскиот балет

Олга Милосавлева е припаѓа на првата генерација балетски уметници кои го формираа Балетот при МНТ во 1949 година заедно со доајените Ѓорги Македонски, Натка Пенушлиска - Митровска, Елпида Паковска, Јанка Атанасова, Емилија Џипунова, Вера Бранџолица, Смилка Георгиева... Во својот ангажман на сцената на МНТ настапила во повеќе солистички улоги, а особено ја препознаваат во т.н. Карактерен репертоар. Интензивно работи и како репетитор и педагог. Најголемата љубов и преокупација и е сепак кореографијата. Има направено повеќе од 30-тина целовечерни, кратки балети, балетски обнови. Кореограф е и на првиот и единствен балетски филм на овие простори „Лабин и Дојрана“.

Балерина запаметена по својот темперамнет, истенчена смисла за танц и флуид што допираше до секој гледач во салонот, но и балерина која мошне рано беше обземена и од еден друг вид на себеискажување. Балерина која својата творечка љубопитност ја насочува кон кореографијата и кореографското творештво. Потпрена исклучиво врз својот талент и порив за создавање Олга Милосавлева го копачи сопствениот творечки пат. Се гради и изградува. Со секоја нова кореографија таа се здобива со нови сознанија и нови квалитети, нејзините кореографии евалуираат. Со преку десетина поголеми кореографски дела направени за Скопската и Приштинската балетска сцена, за балетското училиште, за Македонската телевизија и за многу концертни подиуми Олга Милосавлева се вбројува меѓу најплодните кореографски имиња на нашава балетска средина. Со „Македонска повест“ завршува нејзиониот творечки пат, но и повеста на нејзиниот живот.

Олга Милосавлева е пример и предизвик за сите следни генерации. Нејзината работа се препознава низ едуцирањето и оформувањето на многу од веќе завршените балетски уметници, кои растеа во театарот и се надоградуваа со нејзината соработка - стои во одлуката на Советот на „Танц-фест“.

К. Л.
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.