Македонски легенди

Олга Милосавлева – Балерина

olga

olgaПрекрасна личност, дама која плени со беспрекорна убавина, стил, виртуозност. Вака ја опишуваат нејзината доминантна појава нејзините колеги и познаници, првата дама во балетот во Македонија, основач на македонскиот балет, Олга Милосавлева.

Од нејзината биографија се дознава дека Олга Милосавлева е родена во Тетово, во 1934 година. Уметничкиот живот го одбележа вредно и максимално вложувајчи се себе си се до годината во која почина до 1997. како македонска балерина, балетски кореограф, балерина солистка, и покрај многуте други функции во областа на балетската уметност како директор на Балетот при МНТ.

Олга Милосавлева е првата македонска балерина и воопшто најистакнатата тетовска балерина воопшто. Членка на балетот на МНТ од 1949 до 1997. Негова директорка во два мандата, кои се паметат по успешно работење и издигнување на балетската  уметност во македонија до највисок светски рејтинг, со гостување и активно вложување во нови и талентирани балетски уметници. Олга Милосавлева на македонската и светската јавност и е позната по нејзините улоги во мноштво балетски престави.
КУРИОЗИТЕТИ

– Нашиот единствен балетски филм е „Лабин и Дојрана“, снимен во вистинскиот амбиент од либретото – на Дојранско Езеро. Музиката за овој македонски првенец во балетската кинематографија е компонирана од Трајко Прокопиев, сценариото го напишаа и подготвија Бранко Гапо, Владо Чучков и Љубомир Бранѓолица, а режијата му беше доверена на Бранко Гапо. Главните улоги ги толкувале Милорад Мишковиш (Лабин), првенец на Парискиот балет и Душица Томиќ (Дојрана), првенка на Белградскиот балет. Кореографијата на балетскиот филм ,,Лабин и Дојрана“ ја подготви и ја адаптира за филм Олга Милосавлева. Која во тоа време работеше како Продуцент – МТВ.

Како директор во два мандати Олга забележува успешно работење и подем на оваа уметност.Оркестарот на МОБ брои 40 вработени, а исто така се ангажираат хонорарно според потребите и музичари преку Музичка младина.
Балетски концерт се одржуваат веќе 60 години откако се започна со групата танчери меѓу кои се најде и Олга, а во чест на Олга Милосавлева, се одбележува нејзиниот уметнички успех секоја година од нејзината смрт.

Пред 4 години на балетскиот фестивал- „Танц фест“ свечено беше отворен со доделувањето на наградата за врвни достигнувања во областа на танцот, „МЕНАДА“, која советот на „Танц фест“ од Скопје постхумно и ја додели на Олга Милосавлева, една од најзначајните творци во балетската уметност во земјава. Покровител на „Менада“ е претседателот на Собранието на Република Македонија, а наградата, на член од семејството на Милосавлева, ја додели претседателот на ЦИД УНЕСКО, Алкис Рафтис. „Следејќи ја традицијата, која ја започнавме во 2005 година, со доделувањето на првата награда за танц во Македонија, оваа награда да ја добиваат најзаслужните творци од областа на танцот, сметаме дека Олга Милосавлева е личност на која, постхумно, треба да и се додели оваа престижна награда, за целиот придонес и творештво кои ги одбележуваат нејзиното постоење, како и печатот кој таа го остави врз севкупното културно живеење кај нас, а посебно во танцот“, се вели во образложението на Советот на „Танц фест“. „Олга Милосавлева се смета за личност која несебично се даде во и за балетската уметност, со еден извонреден печат на своето творење и постоење. Креација за сите генерации, балерина, кореограф и творец кој засекогаш ги измени и прошири границите на македонскиот балет во целост“.

Олга Милосавлева е основоположник на Македонскиот балет. Во својот речиси 50-годишен ангажман на сцената на МНТ настапила во повеќе солистички улоги, особено ја препознаваат во т.н. Карактерен репертоар, а интензивно работи и како репетитор и педагог. Во работниот ангажман трипати била избирана и за Шеф на балетот и е со најмногу мандати на неговото чело. Особен е и нејзиниот придонес во работата со учениците во средното балетско училиште “Илија Николовски Луј” како педагог и кореограф.

Најголемата љубов и преокупација и е сепак кореографијата. Има направено повеќе од 30-тина целовечерни, кратки балети, балетски обнови.

Биографија

Милосавлева е родена во Тетово на 14 септември 1935 година. Завршила Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. ? припаѓа на првата балетска генерација во современа Македонија. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976). Имала изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко оформување на улогата. Со кореографија почнала да се занимава од 1958 година. Таа е една од најплодните македонски кореографи. Најмногу работела врз домашното музичко-балетско творештво со национален, современ и модерен израз.

Улоги по кои ја паметат:
•    Гитана (М. Равел, „Болеро“),
•    Канделас (М. Равел, „Љубовта волшебница“),
•    Воденичарка (М. де Фалја, „Трирогата шапка“) 

Кореографии:
•    „Лабин и Дојрана“ (Т.Прокопиев),
•    „Дубровничка легенда“ (Љ. Бранџолица),
•    „Македонска повест“ (Гл. Смокварски) и др.

Олга Милосавлева е креација за сите генерации, балерина и кореографка која засекогаш ги измени границите на македонскиот балет

Олга Милосавлева е припаѓа на првата генерација балетски уметници кои го формираа Балетот при МНТ во 1949 година заедно со доајените Ѓорги Македонски, Натка Пенушлиска – Митровска, Елпида Паковска, Јанка Атанасова, Емилија Џипунова, Вера Бранџолица, Смилка Георгиева… Во својот ангажман на сцената на МНТ настапила во повеќе солистички улоги, а особено ја препознаваат во т.н. Карактерен репертоар. Интензивно работи и како репетитор и педагог. Најголемата љубов и преокупација и е сепак кореографијата. Има направено повеќе од 30-тина целовечерни, кратки балети, балетски обнови. Кореограф е и на првиот и единствен балетски филм на овие простори „Лабин и Дојрана“.

Балерина запаметена по својот темперамнет, истенчена смисла за танц и флуид што допираше до секој гледач во салонот, но и балерина која мошне рано беше обземена и од еден друг вид на себеискажување. Балерина која својата творечка љубопитност ја насочува кон кореографијата и кореографското творештво. Потпрена исклучиво врз својот талент и порив за создавање Олга Милосавлева го копачи сопствениот творечки пат. Се гради и изградува. Со секоја нова кореографија таа се здобива со нови сознанија и нови квалитети, нејзините кореографии евалуираат. Со преку десетина поголеми кореографски дела направени за Скопската и Приштинската балетска сцена, за балетското училиште, за Македонската телевизија и за многу концертни подиуми Олга Милосавлева се вбројува меѓу најплодните кореографски имиња на нашава балетска средина. Со „Македонска повест“ завршува нејзиониот творечки пат, но и повеста на нејзиниот живот.

Олга Милосавлева е пример и предизвик за сите следни генерации. Нејзината работа се препознава низ едуцирањето и оформувањето на многу од веќе завршените балетски уметници, кои растеа во театарот и се надоградуваа со нејзината соработка – стои во одлуката на Советот на „Танц-фест“.

К. Л.

Најново од: Македонски легенди

Нада Николова – македонска револуционерка и партизанка

Нада Николова (27 јануари 1919 – 16 декември 1942) е македонска револуционерка и партизанка, учесничка во подготовките за вооруженото востание против окупаторската власт во Втората светска војна. Загинала во судир со бугарската полиција во близина на велешкото село Војница, на 16 декември 1942 година. Нада Николова Бутникошарева е родена на 27 јануари 1919 година во […]

Димитрија Чуповски – борец за самобитноста и слободата на македонскиот народ

Димитрија Димов Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември 1878 – Ленинград, СССР, 29 октомври 1940) е еден од најистакнатите организатори и афирматори на македонската национална мисла. Поет, публицист, редактор, книгоиздавач, картограф, историчар, лексикограф и културен деец, тој го посветил својот живот на борбата за самобитноста на македонскиот народ, за обединување на Македонија и за создавање самостојна […]

Анастас Лозанчев – револуционерот и фотографот во Главниот штаб на Илинденското востание

Анастас Лозанчев (8 април 1870 – 8 ноември 1945) е македонски револуционер, учител и фотограф, еден од раководителите на Македонската револуционерна организација во Битолско. Учествувал на Солунскиот конгрес во јануари 1903 година и бил меѓу застапниците за кревање востание. На Смилевскиот конгрес, заедно со Даме Груев и Борис Сарафов, бил избран за член на Главниот […]

Димитар Влахов – живот посветен на македонското прашање

Димитар Влахов (1878–1953) е македонски револуционер, публицист, дипломат и државник, една од значајните личности во македонската национална и политичка историја. Неговиот животен пат ги поврзува револуционерните борби од крајот на XIX век, настојувањата за ослободување и обединување на Македонија и создавањето на современата македонска држава. Има луѓе што живеат во историјата и луѓе што учествуваат […]

Наде Проева

Наде Проева (9. IX 1949 – 6. XI 2024) е македонски историчар, универзитетски професор, научник со светско реноме и борец за македонската кауза. Таа е истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија, која долго време бил запоставувана. Оставила длабока трага во македонската и светската историографија. Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година […]

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

To top