Среда, 30 Декември 2009    PDF Печати Е-пошта
Георги Даневски
Георги Даневски
"Нема  таква сила што  ќе ме спречи  да ги завршам иконите. Јас живеам за нив и со нив. Сите мои дамари, цела енергија и бит се тука, во нив и низ нив"... никогаш не заминав од мојот народ, зошто во кој народ ќе се родиме тоа е волја на Големиот Творител, прст Божји на астрални и физички светови, кои ги добиваме преку сопствениот народ...

Сликарот Георги Даневски живее и работи во Канада. Посветеник на сликарството, тој живее од и за уметност. ,,Да бев роден како Бог, ќе цртав со светлина, но, роден сум како човек и цртам со бои и креативна преокупација, вели Даневски”. До крајот на идната година треба да го заврши живописањето на црквата „Свети Димитрија Солунски“ во Маркхам, Торонто.

Каков предизвик е живописање црква за современ сликар?

Моќ да опуштиш и да ја совладуваш просторноста при тоа давајќи и живот, повеќеслојна одговорност на сижето во спојувањето со карактеристична техника на ликовноста и материјалот, всушност авторот е дел од пламенот што се нарекува уметност и креација. 

Потребата на човека за спиритуалност никогаш не изостанала во еволуцијата на неговото битисување низ времињата и додека постои самиот ќе гради сакрални објекти зашто му треба вера преку која општи со Бога. 
И навистина предизвик е раскошот на светото писмо да го имаш како задача во исполнување на својата професија, тоа личи на многу гласна химна. 

Во 21 век да се работи според каноните на византискиот живопис.

Георги ДаневскиЗначи да се направи мост со минатото и иднината- Канонот не е параван зад кој се крие честопати стереотипно копирање, инфериорност и релативни незнаења и симулирања, што го убиваат животот на уметноста.

Канонот е создаден од светите отци како кодекс и систем да го штити светото достоинство на светото писмо, систем да го предава дидактички огромниот материјал на стариот и новиот завет, како систем за заштита од изопачување, анархизми, фалсификати. 

Живописот во поголем дел е завршен, останува да се заврши помалку од една четвртина. Би требало проектот да се заврши за период од 6 до 9 месеци, преизвикот и делото на македонскиот сликар со меѓународно реноме Георги Даневски ја завршува фазата на фрескоживописањето на македонската црква „Св. Димитрија Солунски“ во градот Маркам, во северниот дел од пошироката зона Торонто.  „Љубовта кон Бога го инспирирала Георги Даневски да наслика мурал на ѕидовите и на таванот на црквата во Маркам“. „Уште кога ги турнав тешките порти на црквата очекував да видам осаменост типична за религиозната уметност, темни бои и бледи ликови. Се изненадив од ликовите што ги покриваат ѕидовите и плафонот на црквата, пребогати со бои и со детали. Портретите на светците и сцените од христијанската историја се преплетуваат во живи сенки од црвена, сина, зелена и од пурпурна боја опточени со 24- каратно злато“. Фрескоживописот на кој авторот работи веќе четири години, шест дена во неделата и тоа по 10, 12, па дури и 14 часа на ден, според канадскиот новинар е, најверојатно, најголемо уметничко дело што во моментов се слика во Северна Америка. Фрескоживописот во црквата „Свети Димитрија Солунски“ се слика на површина од 600 квадратни метри, а Даневски предвидува да го заврши до август 2010, кога се најавува голема свеченост по повод неговото осветување. Георги Даневски важи за еден од водечките современи ликовни уметници на Канада.
georgi-danevski-freska
Уметникот Даневски е автор и на фрескоживописот во Соборната црква "Св. Климент Охридски" во Скопје, како и на истоимената најстара и најголема македонска црква во Торонто, и други цркви во Македонија, САД и Канада.

Стотиците ликови на светци, ангели и селани, манифестираат радост и болка, љубов и омраза, а ги цитира и зборовите на Даневски дека самото сликање на фрескоживописот, како и резултатот "се славење на љубовта - кон Бога, хуманоста и убавината". Ова е наголемо уметничко дело во Северна Америка.

Фрескоживописот во црквата "Свети Димитрија Солунски" се слика на површина од 600 квадратни  метри.

Градските татковци на Маркам веќе ја сметаат црквата "Свети  Димитрија Солунски" за извонредно важен културен споменик на градот и уште сега најавуваат голема свеченост при неговото отворање со присуство на високи гости од Федералната влада, како и од Македонија. 
Георги Даневски
Даневски : Животот на човекот понекогаш личи на едро на кораб, примајќи ги ветровите, а секогаш неизбежен е кармичниот расплет.

Зборот заминување - вели Даневски - никогаш не заминав од мојот народ, зошто во кој народ ќе се родиме тоа е волја на Големиот Творител, прст Божји на астрални и физички светови, кои ги добиваме преку сопствениот народ.

Даневски : Како човек јас сум тежок работник и низ работата се борам за моето човечко достоинство. Тоа е "пасошот" со кој ја отворам вратата на уметноста. А таа врата е чудесна и отвора невидени простори со огромни енергии соткаени од љубов.

Таму суштествува  тајната, која може да го победи времето, но не е лесно да го пречекориш тој праг.

Да се биде уметник, да ги сфатиш пораките и да бродиш по струите на Алтамира до совршенствата на Фајумските портрети, да размислиш за аксиомата "Тешко на победените", опкружена со чудесните релјефи на Месо потамија, прекрасните скулптури на хеленизмот и Рим, нема прекин на големите знаења и дека арабескниот ток на линијата е вечност.

Уметноста е Божја  сфера во човековата природа, затоа  е ретка и не е дадена секој да ја прави.

Но, во една друга насока, за Македонија и за судбината на мојот народ имам жив интерес за сe што се случува.

Кога империите замираат, страдаат народите. Нашата несреќа на распарчување трае повеќе од сто години. Во случувањата во минатото силите ги штитеа своите интереси и ја миеја својата совест, внесувајќи ги во Македонија нечистотиите како отпадок на некоја "цивилизација". Со желбата да ни го сменат името сакаат да ни го зададат последниот удар од кој враќање нема (брзаат и нервозни се зошто го чувствуваат можниот пресврт).

Име на земја и на народ кум може да им биде само Господ Бог и милениумите, според тоа, неменливо е името.
Георги Даневски
Даневски : Животот на човекот понекогаш личи на едро на кораб, примајќи ги ветровите, а понекогаш и бурите за да се движи низ животниот простор.

Академскиот сликар Георги Даневски, по потекло е од Виница, веќе десетина години живее и работи во Торонто. Во период од неколку години тој комплетно ја живописа внатрешноста на МПЦ "Свети Климент Охридски" во Торонто, која, благодарение на огромниот талент на Даневски и неговата љубов кон зографството, денес е една од најубавите православни цркви на северноамериканскиот континент.

Суштината за потенцијалот на секој креативец, уметник. Ако имате одредени чувства за визуелноста која е пред вас, тоа значи дека како човечко суштество вие можете да ги интерпретирате сите форми или пак да влијаете во внатрешниот свет со нив. Секако, за да се биде уметник потребен е прст божји, односно генетски потенцијал, талент, кој не е се, но е многу. Покрај ова, потребна е и една макотрпна енергична работа во која златното правило гласи: Да не мине ден без црта и да знаеш кога да престанеш.

Инстинктивно почнал да слика на четиригодишна возраст. Славчо Вандерот од Виница, кој работел во едно угостителско претпријатие бил човек кој сакал да црта и од чии цртежи малиот Даневски се воодушевувал. Тој всушност бил неговиот прв учител.

По завршеното основно  училиште во Виница, се запишал во Средно школо за применета уметност во Скопје, кое траеше пет години, а потоа продолжува на академски студии на Љубљанскиот Универзитет. Делата кои во тој школски период ги создава се симбиоза меѓу учењето и уметничкиот дар и веќе во втората година ја добива Прешерновата награда за еден циклус на актови. Тоа е прво сериозно признание во неговата кариера. За вистинскиот артист учењето никогаш не завршува, бидејќи животот е неисцрпен извор, а уметноста е дел од животот, таа е како ерудитивна химна на животот.

Георги ДаневскиСегашното творештво е врзано за живописување. Станал зоограф поради тоа што нашето рано и зрело средновековие дало една таква влијателна и изворна уметност каде се возобновила антиката во една христијанска програма. Нашето поднебје, односно македонските мајстори го дале второто златно доба на таа империјална уметноста.Уште како дете се судра со блесокот на таа уметност и знаел дека никогаш нема да стане голем сликар ако таа уметност не помине низ него. Ја создава таа уметност наново, реформирано и со тоа не го брише комплексот на некогашните големини, туку ги поврзува оригинално сегашното време со доблеста и големината на она што го дала македонската, односно византиската уметност во светската култура во минатото.

Тој на тоа гради едно ново сликарство и неговото интимистичко, штафелајно сликарство има извесно влијание од овие податливи квалитети на нашата голема византиска уметност.

- Неизмерни се среќата и радоста кога чувствувате дека творите една сериозна уметност која ја подарувате на човечкиот род, на својот народ, на својата околина.

Живописот во МПЦ "Свети Климент  Охридски" во Торонто  е ремек-дело на уметноста на даневски и многумина го нарекуваат македонски Микеланџело.
Георги Даневски
* Сакав на мојот македонски народ кој е оспоруван, опожаруван, касапен и од сопствените луѓе, да му возвратам со еден симбол.
* Мојот астрален свет, мојата љубов му припаѓа на Универзумот. Но, тој Универзум започнува со македонското ѕвездено небо. Јас никогаш нема да се откажам од простите, едноставни образи на македонскиот селанец, тие лица се како празник за мене.

Ние патуваме низ времето  и човекот како Божја творба влегува  и излегува од него, така што одредени астрални податоци на наши предци живеат во нас. Тоа има голема, планетарна дефиниција, тоа е нешто што наликува на тајната на љубовта. Човекот не е само земна појава, тој е еден космички благослов на големиот Творител. Ако постои мирис во уметноста, таа би мирисала на љубовта. Таа е материја без почеток и крај, како што е еден човечки живот.

Јас не сум само патник, јас сум човек кој го регистрира сето тоа...

К.Л.

ПОРТФОЛИО НА ГЕОРГИ ДАНЕВСКИ

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.