Македонски легенди

Георги Даневски

Георги Даневски

Георги Даневски
“Нема  таква сила што  ќе ме спречи  да ги завршам иконите. Јас живеам за нив и со нив. Сите мои дамари, цела енергија и бит се тука, во нив и низ нив”… никогаш не заминав од мојот народ, зошто во кој народ ќе се родиме тоа е волја на Големиот Творител, прст Божји на астрални и физички светови, кои ги добиваме преку сопствениот народ…

Сликарот Георги Даневски живее и работи во Канада. Посветеник на сликарството, тој живее од и за уметност. ,,Да бев роден како Бог, ќе цртав со светлина, но, роден сум како човек и цртам со бои и креативна преокупација, вели Даневски”. До крајот на идната година треба да го заврши живописањето на црквата „Свети Димитрија Солунски“ во Маркхам, Торонто.

Каков предизвик е живописање црква за современ сликар?

Моќ да опуштиш и да ја совладуваш просторноста при тоа давајќи и живот, повеќеслојна одговорност на сижето во спојувањето со карактеристична техника на ликовноста и материјалот, всушност авторот е дел од пламенот што се нарекува уметност и креација. 

Потребата на човека за спиритуалност никогаш не изостанала во еволуцијата на неговото битисување низ времињата и додека постои самиот ќе гради сакрални објекти зашто му треба вера преку која општи со Бога. 
И навистина предизвик е раскошот на светото писмо да го имаш како задача во исполнување на својата професија, тоа личи на многу гласна химна. 

Во 21 век да се работи според каноните на византискиот живопис.

Георги ДаневскиЗначи да се направи мост со минатото и иднината- Канонот не е параван зад кој се крие честопати стереотипно копирање, инфериорност и релативни незнаења и симулирања, што го убиваат животот на уметноста.

Канонот е создаден од светите отци како кодекс и систем да го штити светото достоинство на светото писмо, систем да го предава дидактички огромниот материјал на стариот и новиот завет, како систем за заштита од изопачување, анархизми, фалсификати. 

Живописот во поголем дел е завршен, останува да се заврши помалку од една четвртина. Би требало проектот да се заврши за период од 6 до 9 месеци, преизвикот и делото на македонскиот сликар со меѓународно реноме Георги Даневски ја завршува фазата на фрескоживописањето на македонската црква „Св. Димитрија Солунски“ во градот Маркам, во северниот дел од пошироката зона Торонто.  „Љубовта кон Бога го инспирирала Георги Даневски да наслика мурал на ѕидовите и на таванот на црквата во Маркам“. „Уште кога ги турнав тешките порти на црквата очекував да видам осаменост типична за религиозната уметност, темни бои и бледи ликови. Се изненадив од ликовите што ги покриваат ѕидовите и плафонот на црквата, пребогати со бои и со детали. Портретите на светците и сцените од христијанската историја се преплетуваат во живи сенки од црвена, сина, зелена и од пурпурна боја опточени со 24- каратно злато“. Фрескоживописот на кој авторот работи веќе четири години, шест дена во неделата и тоа по 10, 12, па дури и 14 часа на ден, според канадскиот новинар е, најверојатно, најголемо уметничко дело што во моментов се слика во Северна Америка. Фрескоживописот во црквата „Свети Димитрија Солунски“ се слика на површина од 600 квадратни метри, а Даневски предвидува да го заврши до август 2010, кога се најавува голема свеченост по повод неговото осветување. Георги Даневски важи за еден од водечките современи ликовни уметници на Канада.
georgi-danevski-freska
Уметникот Даневски е автор и на фрескоживописот во Соборната црква “Св. Климент Охридски” во Скопје, како и на истоимената најстара и најголема македонска црква во Торонто, и други цркви во Македонија, САД и Канада.

Стотиците ликови на светци, ангели и селани, манифестираат радост и болка, љубов и омраза, а ги цитира и зборовите на Даневски дека самото сликање на фрескоживописот, како и резултатот “се славење на љубовта – кон Бога, хуманоста и убавината”. Ова е наголемо уметничко дело во Северна Америка.

Фрескоживописот во црквата “Свети Димитрија Солунски” се слика на површина од 600 квадратни  метри.

Градските татковци на Маркам веќе ја сметаат црквата “Свети  Димитрија Солунски” за извонредно важен културен споменик на градот и уште сега најавуваат голема свеченост при неговото отворање со присуство на високи гости од Федералната влада, како и од Македонија. 
Георги Даневски
Даневски : Животот на човекот понекогаш личи на едро на кораб, примајќи ги ветровите, а секогаш неизбежен е кармичниот расплет.

Зборот заминување – вели Даневски – никогаш не заминав од мојот народ, зошто во кој народ ќе се родиме тоа е волја на Големиот Творител, прст Божји на астрални и физички светови, кои ги добиваме преку сопствениот народ.

Даневски : Како човек јас сум тежок работник и низ работата се борам за моето човечко достоинство. Тоа е “пасошот” со кој ја отворам вратата на уметноста. А таа врата е чудесна и отвора невидени простори со огромни енергии соткаени од љубов.

Таму суштествува  тајната, која може да го победи времето, но не е лесно да го пречекориш тој праг.

Да се биде уметник, да ги сфатиш пораките и да бродиш по струите на Алтамира до совршенствата на Фајумските портрети, да размислиш за аксиомата “Тешко на победените”, опкружена со чудесните релјефи на Месо потамија, прекрасните скулптури на хеленизмот и Рим, нема прекин на големите знаења и дека арабескниот ток на линијата е вечност.

Уметноста е Божја  сфера во човековата природа, затоа  е ретка и не е дадена секој да ја прави.

Но, во една друга насока, за Македонија и за судбината на мојот народ имам жив интерес за сe што се случува.

Кога империите замираат, страдаат народите. Нашата несреќа на распарчување трае повеќе од сто години. Во случувањата во минатото силите ги штитеа своите интереси и ја миеја својата совест, внесувајќи ги во Македонија нечистотиите како отпадок на некоја “цивилизација”. Со желбата да ни го сменат името сакаат да ни го зададат последниот удар од кој враќање нема (брзаат и нервозни се зошто го чувствуваат можниот пресврт).

Име на земја и на народ кум може да им биде само Господ Бог и милениумите, според тоа, неменливо е името.
Георги Даневски
Даневски : Животот на човекот понекогаш личи на едро на кораб, примајќи ги ветровите, а понекогаш и бурите за да се движи низ животниот простор.

Академскиот сликар Георги Даневски, по потекло е од Виница, веќе десетина години живее и работи во Торонто. Во период од неколку години тој комплетно ја живописа внатрешноста на МПЦ “Свети Климент Охридски” во Торонто, која, благодарение на огромниот талент на Даневски и неговата љубов кон зографството, денес е една од најубавите православни цркви на северноамериканскиот континент.

Суштината за потенцијалот на секој креативец, уметник. Ако имате одредени чувства за визуелноста која е пред вас, тоа значи дека како човечко суштество вие можете да ги интерпретирате сите форми или пак да влијаете во внатрешниот свет со нив. Секако, за да се биде уметник потребен е прст божји, односно генетски потенцијал, талент, кој не е се, но е многу. Покрај ова, потребна е и една макотрпна енергична работа во која златното правило гласи: Да не мине ден без црта и да знаеш кога да престанеш.

Инстинктивно почнал да слика на четиригодишна возраст. Славчо Вандерот од Виница, кој работел во едно угостителско претпријатие бил човек кој сакал да црта и од чии цртежи малиот Даневски се воодушевувал. Тој всушност бил неговиот прв учител.

По завршеното основно  училиште во Виница, се запишал во Средно школо за применета уметност во Скопје, кое траеше пет години, а потоа продолжува на академски студии на Љубљанскиот Универзитет. Делата кои во тој школски период ги создава се симбиоза меѓу учењето и уметничкиот дар и веќе во втората година ја добива Прешерновата награда за еден циклус на актови. Тоа е прво сериозно признание во неговата кариера. За вистинскиот артист учењето никогаш не завршува, бидејќи животот е неисцрпен извор, а уметноста е дел од животот, таа е како ерудитивна химна на животот.

Георги ДаневскиСегашното творештво е врзано за живописување. Станал зоограф поради тоа што нашето рано и зрело средновековие дало една таква влијателна и изворна уметност каде се возобновила антиката во една христијанска програма. Нашето поднебје, односно македонските мајстори го дале второто златно доба на таа империјална уметноста.Уште како дете се судра со блесокот на таа уметност и знаел дека никогаш нема да стане голем сликар ако таа уметност не помине низ него. Ја создава таа уметност наново, реформирано и со тоа не го брише комплексот на некогашните големини, туку ги поврзува оригинално сегашното време со доблеста и големината на она што го дала македонската, односно византиската уметност во светската култура во минатото.

Тој на тоа гради едно ново сликарство и неговото интимистичко, штафелајно сликарство има извесно влијание од овие податливи квалитети на нашата голема византиска уметност.

– Неизмерни се среќата и радоста кога чувствувате дека творите една сериозна уметност која ја подарувате на човечкиот род, на својот народ, на својата околина.

Живописот во МПЦ “Свети Климент  Охридски” во Торонто  е ремек-дело на уметноста на даневски и многумина го нарекуваат македонски Микеланџело.
Георги Даневски
* Сакав на мојот македонски народ кој е оспоруван, опожаруван, касапен и од сопствените луѓе, да му возвратам со еден симбол.
* Мојот астрален свет, мојата љубов му припаѓа на Универзумот. Но, тој Универзум започнува со македонското ѕвездено небо. Јас никогаш нема да се откажам од простите, едноставни образи на македонскиот селанец, тие лица се како празник за мене.

Ние патуваме низ времето  и човекот како Божја творба влегува  и излегува од него, така што одредени астрални податоци на наши предци живеат во нас. Тоа има голема, планетарна дефиниција, тоа е нешто што наликува на тајната на љубовта. Човекот не е само земна појава, тој е еден космички благослов на големиот Творител. Ако постои мирис во уметноста, таа би мирисала на љубовта. Таа е материја без почеток и крај, како што е еден човечки живот.

Јас не сум само патник, јас сум човек кој го регистрира сето тоа…

К.Л.

ПОРТФОЛИО НА ГЕОРГИ ДАНЕВСКИ

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top