Среда, 06 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Вања Лазарова
„Кога си во Македонија ниту пеј, ниту играј, ќе те натпеат и надиграат“
Вања Лазарова е синоним на македонската изворна песна, традициите, македонскиот фолклор, патувањата и македонските обичаи...

Вања Лазарова
  • Легендата на македонската народна песна Вања Лазарова во последните шеесет години пее исклучиво македонски традиционални песни. Таа ги чувствува одлично сите стилови и форми, без оглед на тоа дали пее архаично рустични песни или повеќе модерни.Вања има неколку декади на успешна домашна и интернационална кариера зад себе.
  • Пеела со различни фолк ансамбли, била и член на ансамблот на Македонската Радио и Телевизија, а исто има настапувано и со Македонската Филхармонија. Вања Лазарова имала успешни турнеји низ цела Европа, Америка, Канада, Австралија и Африка.
  • Таа е првата македонска пеачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Poligram и Philips.
  • Добитник е повеќе интернационални музички награди.
  • Голем е нејзиниот придонес во музиката од филмот “Пред дождот” на Милчо Манчевски кој доби награда Златен Лав на фестивалот во Венеција во 1994 год.
  • Продуцентската куќа Трето Уво ги издаде нејзините први три албуми: “Македонски традиционални љубовни песни“ - кој е дистрибуиран во Европа, Америка и Јапонија, “Ристмистика“ - во соработка со водечки македонски музички имиња и “Лулка“ - во соработка со американскиот гитарист Мирослав Тадиќ.
  • Нејзиниот последен албум “Генофонија“ е соработка со групата Нав.
„Петро Петроленко“, „Многу ми го фалат бабо“, „Параходот ми замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Во ливаѓе ладен извор има“ се само некои од песните што ја воодушевуваат публиката на Вања Лазарова. А, има ли воопшто некој кој не чувствува почит и восхит спрема Вања Лазарова, спрема нејзината изворна македонска песна, има ли некој кој нема да затрепери кога ќе ја слушне „Со маки сум се родила“...

Село Страцин, Кратовско, е нејзино родно место, ќерка на пратеник од времето на Кралството Југославија, но генот што го одредил нејзиниот пат е генот на песнопејци, традиција на семејството Лазареви...

- По завршувањето на учителското училиште, станав играорка во „Танец“. Бев премногу срамежлива за да пеам, а и кога пеев тоа беше само во дует. Дури подоцна почнав да пеам сама и тоа, практично, принудно. Имено, останав единствен женски вокал во „Танец“ и тогаш морав да ја совладам срамежливоста... Годините минати во „Танец“ ми се многу драги. Имав можност да ја претставувам културата на мојата земја и да го покажам македонското културно богатство низ целиот свет. Без лажна скромност ќе кажам дека каде и да одевме ја кревавме публиката на нозе. Во Лондон имавме чест да настапиме пред кралицата Елизабета Втора и пред Винстон Черчил во познатиот Ројал Алберт хол. По настапот не чекаше публика која сакаше наши автограми, а весниците беа полни со пофални зборови за нашиот настап и за македонскиот фолклор. Настапував пред многу значајни личности, пред државници и аристократи, а морам да признам дека имав желба да настапам пред претседателот на некогашната СФРЈ, но таа желба не ми се оствари...

Многу земји, многу обичаи, многу патешествија, особено што во педесеттите години владееше една поинаква општествена клима, Вања Лазарева го го почувствува мирисот и на Истокот и на Западот.

Според Вања, секоја земја со свои убавини, со свои обичаи, народ и култура. А, некогаш и потезите понекогаш се погрешно толкувани, бидејќи домаќините мислеа дека е тоа некој македонски обичај, а не несреќна случка. Вања раскажува- Ние повозрасните играорци еден настан го раскажуваме како анегдота. Имено, при настапот во Ерусалим, Израел, на крајот, како што е редот, се поклонивме пред публиката. Но, мојата колешка Вера Шијак, се сопна и падна во оркестарот. Верувале или не, тие помислија дека тоа е некој обичај кај нас. Инаку, прекрасно е да запознавате нови градови и држави. Мене ме воодушеви Израел. Убави спомени носам и од Египет, ме фасцинираа пирамидите и сфингите. А, во Египет се сретнав и со вешти трговци, кои успеваат да го продадат тоа што сакаат, по која цена сакаат, а вие мислите дека вие сте ги надитриле.

За Вања се слушаат приказна дека на едно од патувањата е доволно Вања да се појавите, па целата екипа да заработи гозба.

Уште еден убав спомен од патувањата на Вања- Патувавме со брод, а ние бевме весело друштво, цело време се смеевме. Со мене беа Јонче Христовски со сопругата Олгица, мојата пријателка Вера Шијак и многу други (нека не ми замерат што не ги спомнувам по име, одлично се сеќавам на сите) со кои беше задоволство да се патува и настапува. Но, јас имав еден проблем. Имено кога многу се смеам гласот ми зарипнува. Затоа Чочков, нашиот главен, нареди јас да не бидам со преостанатите, туку ме смести во кабина со една Полјачка. Мене тоа не ми пречеше. Јас одлично се спријателив со девојката и повторно не го избегнав смеењето. Една вечер се одржуваше бродска забава за која зборуваа сите цел ден, па така и Чочков се сожали и ме викна и мене, за да не бидам сама како сираче, велеше тој. Се дотерав, влегов во салата каде што се одржуваше забавата, не знаејќи дека таа вечер е избор за мис. Имав среќа да ме изберат мене, а наградата што ја добив ?поголема закуска° во чие средиште беше јагне, ја споделив со колегите. Тоа беа навистина убави времиња. Не се мислеше никогаш на хонорари кога се одеше на патувања, па нам ни беше доволно што ќе видиме нешто ново, што ќе настапуваме, а најбитно ни беше да ја претставиме Македонија достојно.

За Вања не постојат дестинации нејзина е цела планета и сите континенти, а нејзината песна ја испеа и пред нашите иселеници во САД.

- Прво, морам да кажам дека Соединетите Американски Држави не се земја каква што повеќето ја замислуваат, земја на богатство и благосостојба. Денес тоа можеби е појасно, но во седумдесеттите години кога јас престојував во САД, сликата што ја имавме ние беше сосема лажна. Па, ние бевме Америка за нив. Прво со што се соочив таму беше ограничување на слободата на движењето. Семејството во кое бев гостин ми велеа дека не смеам да излегувам надвор затоа што може некој да ме ограби или да се повредам. А, секоја повреда во Америка, освен болка, чинела и многу пари. Едноставно, нивниот стил на живот ми беше чуден. На пример, јас кога престојував во Њу Џерси, во претпладневните часови не излегував од дома, па ги следев тамошните програми. Ток-шоуто на Дик Кавет особено ми се допаѓаше. Тој беше голема ѕвезда во Америка, неговата емисија беше на врвот на гледаноста. Но, мојата домаќинка не знаеше за него. Кога ја прашав како, па, сите весници пишуваат за него, таа ми одговори дека таа нема време ниту за телевизија ниту за весници. Тие работеа по две работи за да можат пристојно да живеат. Сосем еден поинаков свет од нашиот. Ми беше драго да настапувам пред наши иселеници, но прво морав да појаснам некои работи. Не дозволував додека јас пеам тие да играат, им реков дека мора да седнат, да се создаде атмосфера на вистински концерт, не сакав сето тоа да изгледа ?свадбарски° (без омаловажување на кого било), исто како што не ми паѓаше на ум да ги собирам доларите што тие ги фрлаа. Јасно ми е дека тие со тој гест сакаа да ме наградат, но тоа мене ми се гледаше крајно невкусно. Не, не го прифаќав тоа. Сметав дека парите се работа меѓу мене и менаџерот, и толку. Понатаму е песната...
Вања Лазарова - МТВ
Кога се работи од срце, и хонорарот си пристигнува.

- Јас сум воспитана така да не вреднувам се низ призмата на денарот. Песната е на прво место. Сепак, денес некои други звуци, не изворно македонски ,се слушаат повеќе на радиостаниците. Во ред, и таквата музика има свој круг слушатели, нека се слуша. Но, да се потиснува македонскиот фолклор е непростливо. Овде повторно ќе се потсетам на зборовите на големиот руски етномузиколог Мојсиев. Тој рекол: Кога одиш низ Босна не пеј, ќе те натпеат; кога одиш низ Србија не играј, ќе те надиграат; а кога си во Македонија ниту пеј, ниту играј, затоа што ќе бидеш и натпеан и надигран. Мене најголемата награда ми е што младите ме знаат, што бараат автограм, што ме почитуваат. Имав свои ученички во рамките на оркестарот „Пеце Атанасовски“ на кои сакам да им ја пренесам својата љубов спрема изворната народна песна. Да, љубов. Кога се пее изворна песна, тука нема одредени правила, строго поставени. Секогаш им велам дека треба да пеат со душа, од срце, така најдобро ќе ја отпеат песната, треба да ги чувствуваат мелодијата, текстот... Жално е да го ставаме сопственото богатство настрана. Мојот сопруг е етномузиколог и кога беше во Индија, земја позната по својот колоритен и богат фолклор, своите индиски домаќини ги почести со неколку македонски изворни песни. Кога ги слушнаа нашите песни, тие беа воодушевени од богатството на тоновите, на ритмиката. Зар другите да нў почитуваат и ценат, да зборуваат за нашите убавини, а ние самите да го фрлиме тоа во некое ќоше каде што ќе се заборави. Па, ако ние самите забораваме какво богатство имаме, што мислите дека во иднина некој друг ќе се сети на нас?

За Вања Лазарова генерациски јаз не постои, одлично соработува младите, особено се познати хитовите со група „Анастасија“, поточно со Златко Ориѓански, чии заеднички композиции со задоволство ги слушаат сите генерации.

- Соработката со „Анастасија“ е од поодамна, од времето на снимањето на филмот „Пред дождот“. Соработката е врзана за познатата песна од прилепскиот крај „Со маки сум се родила“. Имено, јас таа песна веќе ја отпеав во филмот „Македонскиот дел од пеколот“, па така и за потребите на филмот на Манчевски повторно ја интерпретирав. Таа песна секогаш е барана, а ми кажаа дека и публиката при проекција на филмот „Пред дождот“ на Фестивалот во Венеција аплаудирала кога ја слушнала “Со маки сум се родила“. Таа песна ја бараше и публиката во Варшава кога бевме гости со Златко Ориѓански на манифестацијата “Кафе Европа“. Морам да ја спомнам и одличната соработка со Иво Јанковски, кој е заслужен за популарноста на моето це-де “Ритмистика“.

Вања Лазарова приватно

Вања Лазарова- Многу сакам да везам гоблени, везам и карикатури и можам да се пофалам дека за карикатурите добив и награда. Ги сакам руските класици, Достоевски и Толстој. Една од моите омилени книги е „Мајка“ од Максим Горки. Го сакам кулинарството, и тука повторно се држам до македонската традиционална кујна, иако не ми се туѓи ниту специјалитетите од други народи. Ги сакам и животните, па така дел од семејниот амбиент е и сијамската мачка Мими.

Младите генерации многу ја сакаат и почитуваат. Вања Лазарева им порачува-
-Да не заборават кои се и од каде се, со тоа ќе покажат дека ги почитуваат своите предци, но дека се почитуваат и себеси, а со тоа ќе бидат почитувани и од другите.

Клаудија Лутовска
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.