Македонски легенди

Петар Васков

petar-vaskov

petar-vaskov

Петар Васков (18. V 1875 – 10. XI 1907) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Член е на Одринскиот окружен револуционерен комитет на ТМОРО и како војвода на чета учествува во Илинденското востание во 1903 година. Познат е под псевдонимите Новак, Педро и Тихомиров. Во 1907 година, загинал во борба со османлиската војска кај селото Лаџаќој, Дедеагачко, заедно со Лазар Маџаров и други соборци.

Петар Николов Васков е роден на 18 мај 1875 година во Велес. Брат е на македонскиот револуционер и лекар Панчо Васков (1870 – 1951). Основно училиште завршил во родниот град, а потоа учел во Солунската егзархиска гимназија. Во гимназијата станал член на Тајниот ученички револуционерен кружок. По завршувањето на гимназијата во 1893 година, своето образование го продолжил на Вишото училиште во Софија, денешен Софиски универзитет.

Во 1896 година дипломирал физика и математика на Вишото училиште во Софија, по што бил средношколски професор во Лом, Видин и Силистра, а потоа од 1898 до 1900 година предавал во Одринската машка гимназија. Во Одрин станал член на Одринскиот окружен револуционерен комитет на ТМОРО. Во овој период неговиот брат Панчо, кој дипломирал медицина во Цариград и работел како доктор во Костур, каде ги поставил темелите на МРО, поради револуционерна активност бил осуден на доживотна робија во Мала Азија.

Петар останал во Одрин се до 1900 година, кога неговиот брат Панче поради заслуги на здравствено поле бил амнестиран и вратен во Велес. Таа година, поради револуционерна дејност и како пројавен социјалист, Петар бил отпуштен од гимназијата, по што работел како учител во Сливен.

Петар Васков бил делегат на Деветтиот македонски конгрес кој се оддржал во јули-август 1901 година во Софија. На конгресот застанал на страната на Борис Сарафов. Наредната 1902 година, на 28 јули, тој учествувал и на Десеттиот македонски конгрес, одржан во Софија, на кој повторно се спротивставил на групата на Стојан Михајловски и Иван Цончев.

Во 1902 година, Васков пристапил во Школата за резервни офицери во Софија, каде се подготвува за престојното востание. Во 1903 година, за време на Илинденското востание, тој бил војвода на чета во Демирхисарско и за време на борбите бил ранет.

Во февруари – април 1904 година, заедно со Марко Секулички и Христо Настев, Петар Васков го водел Ќустендилскиот пограничен пункт на Македонската револуционерна организација. Васков одржувал контакти со задграничните претставници Христо Матов, д-р Христо Татарчев и Димитар Мирасчиев и ги помагал четите на Апостол Петков, Лука Иванов, Христо Чернопеев и други кои минувале низ Ќустендил и биле испраќањи во Македонија.

Во 1904 година, како голем патриот и верен на организацијата, велешанецот Петар Васков повторно заминал во Одрин. Таму пак работел како професор во гимназијата и бил назначен за претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет. Како одличен организатор, тој требало да и даде нов поттик и да ја заживее револуционерната организација во Одринско.

Васков во текот на својот револуционерен живот се откажал од многу удобности и лични задоволства. Додека престојувал во Одринско често знаел ненадејно да исчезне и да се појави. Всушност овој верен и достоен син на Македонија, познат под псевдонимите Новак, Педро и Тихомиров.  деноноќно работел на организациската работа.

На позицијата претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет останал се до 10 ноември 1907 година, кога по предавство од врховистите, загинал во борба со османлиската војска кај селото Лаџаќој, Дедеагачко, заедно со Лазар Маџаров  и други соборци.

Така, како и многу Македонци, далеку од својата родна грутка, славно заврши младиот и бурен живот на велешанецот Петар Васков. Но, народот во Одринско, не ја заборавил неговата жртва и во негова чест  е наречено село Васково во Свиленградско.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top