Македонски легенди

Иван Снегаров

ivan-snegarov

ivan-snegarovИван Снегаров (12. Х 1883 – 1. III 1971) е истакнат славист, историчар, универзитетски професор и бугарски академик со потекло од Македонија. Член е на Македонската револуционерна организација, а бил и редактор на весникот „Автономна Македонија“, орган на Македонската федеративна емигрантска организација во Бугарија. Тој е  еден од основачите и член на Македонскиот научен институт во Софија (1923) и е соработник на органот „Македонски преглед“ (1924 – 1943). Неговиот капитален труд е Историјата на „Охридската архиепископија“ (1924). Се залагал за политичка и духовна самостојност на Македонија.

Иван Јончев Снегаров е роден на 12 октомври 1883 (30 IX 1883 ст.ст.) година во Охрид. Со основно образование стекнува во Охрид, а од 1900 до 1906 година се образува на  Духовната семинарија во Цариград. Во 1902 година станува член на Македонската револуционерна организација и е член на Охридското културно-просветно друштво.

По завршувањето на семинаријата, Снегаров работи како учител во Ениџе Вардар и како писар на Егзархијата во Цариград. Во периодот од 1908 до 1912 година студирал на Духовната академија во Киев, каде специјализирал Византологија. Со дипломската работа „Историја на Охридската архиепископија“, Снегаров се стекнал со степен „кандидат за богословски науки“.

Од 1912 до 1926 година, Иван Снегаров работи како учител во Цариградската семинарија, Педагошкото училиште во Сер, во Солунската машка гимназија, во Јамболската гимназија, Софиската гимназија и семинарија, и други места.

По Првата светска војна, во периодот од 1920 до 1923 година, Снегаров заедно со д-р Владислав Ковачев, работи како редактор на весникот „Автономна Македонија“, орган на Македонската федеративна емигрантска организација во Бугарија. Тој е  еден од основачите и член на Македонскиот научен институт во Софија (1923) и е соработник на органот на МНИ „Македонски преглед“ (1924 – 1943).

Академската и научната кариера ја продолжува во 1926 г., кога бил избран за доцент по црковна историја, а од 1933 до 1951 г. тој е  редовен професор на Богословскиот факултет на Универизитетот во Софија. Снегаров бил декан е на Богословскиот факултет во текот на 1928-1929, 1934 – 1935, 1942- 1943, 1947 – 1949 г., а од од 1952 до 1956 г., работи како хонорарен професор на Духовната академија. На катедрата по историја на Богословскиот факултет Снегаров предава древна и средновековна историја на христијанската црква, Историја на бугарската црква до крајот на XIV век и историја на современите славјански цркви.

Од 1933 година Снегаров е член на Бугарскиот археолошки институт. Истата  година станал дописен член на БАН, а за академик бил избран во 1943 година.  Од 1944 до 1947 година тој е секретар на Историско-филолошкит клон на БАН, а од 1947 до 1950 година бил прв директор на Институтот за историја. Директор на Научниот архив на БАН  е од 1951 до 1959 година.

Иван Снегаров е автор е на 660 библиографски единици – книги, студии и статии, поврзани главно со историјата, црквата и културата на Македонија. Во центарот на неговите научните интереси Македонија, Солун, Охридската книжевна школа, Скопската епархија и други. Неговите многубројни трудови ги опфаќаат житијата на Климент Римски, Климент Охридски и други. Неговиот капитален труд е Историјата на „Охридската архиепископија“ (1924). Во 1972 година посмртно  е објавена неговата последна публикација за манастирот С. Наум. 

Иако по потекло Македонец, Иван Снегаров како воспитаник на Егзархијата во своите дела кои се однесуваат на Македонија, најчесто настојува да го докаже бугарскиот карактер на македонскиот народ и црква. Сепак, врз основа на истражувањата кои ги води во текот на својот живот за историјата на Охридската архиепископија, тој се залага за политичка и духовна самостојност на Македонија. Во однос на значењето на Охридката ариепископија тој вели:

„Историјата на Охридската црква е историја на осумвековна духовна независност, би рекол на духовна сувереноста на Македонија. Политичката власт во таа земја била турска, но духовната припаѓала на самата неа во лицето на нејзината народна црква… Охридската архиепископија – патријаршија поседувала законодавна, извршна и судска власт. Таа имала морален авторите пред кој се поклонувале (со ретки исклучоци) сите нејзини членови, затоа што тие верувале, дека таа е патот, којшто ги води и кон земна благосостојба и кон најважното – небесно, идеално суштествување.

Снегаров ја поткрепува борбата на македонскиот народ за самостојна и независна држава и врз основа на духовната власт, законодавната, извршната и судската власт која ја имала Охридската архиепископија се до нејзиното некакнонско укинување во 1767 г. тој заклучува:

„Автономистичкиот дух на Македонија не е нов, туку е рожба на нејзиниот историски живот. Тој бил развиван од автокефалната Охридска црква. Историјата на последната не уверува, 1) дека Македонија има право и е способна и за политичка самостојност исто како што можела да постои 8 векови како независна духовна организација; 2) дека, како што во старо време била основа за духовно обединување на балканските народи, така таа и сега може да се претвори од јаболко на меѓубалкански раздори во алка на општобалканско братство.“

По Втората светска војна, по повод обновувањето на Македонската православна црква, тој во својата статија „Возобновување на Охридската архиепископија“ („Македонска мисъл“ кн. 7-8, год. 1, 1946) вели:

„Вoстановyвањето на Охридската архиепископија треба да предизвика радост во сите православни Цркви, зашто со тоа се востановува потиснуваното право за црковно самоуправување и се дејствува во насока на спречување на раздорите меѓу балканските едноверни народи. Затоа да посакаме, Српската православна црква, како и нејзините блиски сестри — Бугарската и Цариградска црква да погледнат благонаклоно и христољубиво на новосоздадената Македонска православна црква и да ја земат, како постари сестри, под своја закрила, за да се зацврсти, благоустрои и служи како верен член на Вселенската црква.“

Иван Сенгаров починал на 1 март 1971 година, во Софија. Во 1958 година, бугарските власти за неговите заслуги го одликуваат со орденот “Кирил и Методиј” I степен.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top