Македонски легенди

Константин Трпков – Буфски

bufski

bufskiПоп Константин Трпков – Буфски (меѓу 1815 и 1820 – 1897) е македонски културно-просветен деец и револуционер, свештеник и војвода. Тој бил еден од организаторите на заговорот против османлиската власт во 1862 година. По откривањето на заговорниците издржал 16 години заточение во Битолскиот и во Солунскиот затвор. Учествувал како војвода на чета во Кресненското востание (1878/1879). Учествувал во работата на Народното собрание на Македонија на Гремон Теке и во Привремената влада на Македонија (1880–1881).

Константин Трпков е роден меѓу 1815 и 1820 година во леринското село Буф, Егејскаиот дел на Македонија. Се образувал во родното место Буф и во Битола, а по 1850 година бил свештеник во Битолската епархија. Од млади години задоен за ослободителното дело, поп Константин или Костадин (Коста) Буфски учествувал во црковно училишната борба против фанариотската Цариградска патријаршија за отварање на славјански црковно-училишни општини и во револуционерниот заговор на Леонидас Вулгарис против османлиската власт.

Во 1862 година, по предавството на тогашниот фанариотски митрополит Венедикт Пелагониски, бил откриен заговорот за кревање на востание во Битолско, а османлиските власти го фатиле поп Костадин Буфски заедно со Спиро Џеров и дванаесет други лица. Поп Буфски бил осуден  и издржал 16 години заточение во Битолскиот и во Солунскиот затвор.

По излегувањето од затвор Костантин Буфски е свештеник во родното село, каде бил иницијатор за отварање на училиште на мајчин (македонски) јазик. Потоа зел учество во Македонското востание (Кресненско) во 1878/79 година. Всушност главните подготовки за подигнување на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци – учители, трговци, свештеници итн. Меѓу најангажираните во подготовките биле охридскиот митрополит Натанаил Охридски, учителот Димитар Поп-Георгиев Беровски, војводата Стефо Николов и поп Коста Буфски, како и неколкумина други македонски војводи.

По неуспехот на востанието, во април 1880 година кај месноста Гремен теке крај Острово (градче во Егејска дел на Македонија) се сретнале четите на поп Костадин Буфски и Леонидас Вулгарис, македонец син на Атанас Вулгарис учесник во грчката војна за независност. Во разговорите кои ги воделе, двајцата констатирале дека најголема вина што Македонија сеуште е под осмамнлиската власт ја сносат Грците, Бугарите и Србите. Тие сметаат дека иднината на Македонија е во создавање на самостојна македонска држава и свикуваат собрание.

Во организација на Буфски и Вулгарис, од 21 мај до 2 јуни 1880 година, во месноста Гремен теќе крај градчето Острово, било одржало основачкото Национално собрание на кое присуствувале 32 претставници од цела Македонија. На Собранието кое било составено од Македонци, Власи и Албанџи,  била усвоена политичка програма и избрана Привремена влада на Македонија – „Единство“. За претседател на Националното собрание бил избран Стефо Николов, за претседател на владата Васил Симон, а за военото прашање биле избрани како најискусни Леонидас Вулгарис и Косгадин Буфски.

Од името на Владата бил упатен апел до големиге сили за праведните барања на македонскиот народ за ослободување на Македонија. Апелот е придружен со Протоколното решение на Македонското национално собрание во кое меѓудругото стои: „Доколку Високата порта се оглуши од членот 23 од Берлинскиот договор, Националното собрание ќе го повика македонското население на оружје со девиза Македонија за Македонците, за воспоставување Древна Македонија”.

Меѓу најзначајните акти на Привремената влада на Македонија, во која се наоѓа и Буфски, е секако Манифестот од 23 март 1881 година испратен до сите дипломатски претставници. Во Манифестот упатен до „вистинските Македонци, верни на татковината”, се вели: „Дали ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледајте ја како е покриена со ропство и рани, коишто ѝ ги направија соседните народи. Видете ги нејзините тешки синџири, коишто ги произведува султанот. Наоѓајќи се во таква немоќ и гледајќи ја целата расплакана, нашата мила Македонија, нашата драга татковина Ве вика: Вие, коишто сте мои верни деца; вие, коишто по Аристотел и Александар Велики сте мои наследници; вие, в чиишто жили тече македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми. Каква тажна глетка за вас, вистинските Македонци, тоа ќе биде, ако станете очевидци на моето погребение. Не, не, ете ги моите крвави грозни рани, ете ги моите тешки синџири: скршете ги, излекувајте ги моите рани; напишете на знамето, коешто ќе го подигнам: „Единствена и обединета Македонија!”

Поп Буфски бил забележителна личност кој целиот свој живот го посветил на борбата на црковна и национална слобода на македонскиот народ. Иако омразен и прогонуван од фанариотското духовништво и осмалинските власти, потоа апсен и затваран, поп Буфски сите тешкотии стоички ги поднесувал. Тој со своите луѓе се движел низ Македонија и го будел националното чуство кај македонскиот народ.

Поп Константин Трпков – Буфски кој е еден од позначајните македонски револуционери од времето на македонската преродба во XIX  век починал во Ќустендил околу 1897 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top