Македонски легенди

Хаџи Христо Данков

greek-war-of-independence

greek-war-of-independence

Хаџи Христо Данков (1783 – 1853) е македонски револуционер, учесник во грчката војна за независност (1821 – 1823). Христо бил прв командант на грчката коњаница, а за своите заслуги добил чин генерал на грчката армија. Подоцна учествува во изградбата на грчката држава и во грчкото собрание ги застапува Македоно-Траките. Поради неговото не грчко потекло, Грците му даваат прекар Вулгарис. Тој е еден од многубројните македонски револуционери кои од солидарност учествуваат во грчкото востание за ослободување од турското ропство, а со надеж дека нивното ослободување ќе придонесе и за ослободување на македонскиот народ.

Христо Данков е роден во 1783 година во воденското село Нисија. Неговиот татко Патар Данков (Данкович) и неговиот брат Ставро загинуваат при опсадата на Белград во 1806 година за време на Српското востание. Се смета дека Петар и двајцата негови синови служеле во одредеот на генерал Исаев, кој бил испратен во помош на српските востаници во текот на руско-турската војна (1806 – 1812 г.) По завршувањето на војната заедно мајка му Ана гонети од Турците, Христо заминува во Босна, потоа во Венеција, Родос и Кипар, за да на крај пристегне во Александрија.

По пристигнувањето во Египет, македонскиот револуционер хаџи Христо влегува во служба кај египетскиот валија Мехмед Али паша, родум од Кавала, Егејска Македонија, кој се стреми да се отцепи од Отоманската империја и прифаќа во војската голем број христијани. Поради своите воени вештини и храброст во борбата со мемелуците, хаџи Христи го добива прекарот “шахин“ (сокол) и бил назначен за началник на обезбедувањето. Во текот на службата се бори против непокорните арапски племиња, а подоцна оди во поход против јаничарите во Алепо, Сирија. Потоа служи кај Хуршид паша, а по неговото назначување од султанот за управител на Пелопонес, Хаџи Христо заминува во Мореја.

Во 1821 година, при опсадата на Триполица, храбриот Македонец наместо да се бори против своите христијански браќа, успева да избега и се става на располагање на грчките востаници.  Водачите на востанието Теодорос Колотронис, поранешен ајдучки војвода, и Александар Ипсиланти, го поставуваат на чело на голем одред во кој најголем дел се Македонци.

Неговите војнички квалитети и лична храброст се манифестираат уште при битката за Триполица, а негиовиот одред од Македонци бил главна причина за поразот на Махмуд паша (23.09.1821 г). Потоа познати се подвизите на Хаџи Христо и неговиот одред кај Фтиотида, Термопилите, Будница и Навплион. Голем придонес овој одред дава во битката кај преминот Дервенаки каде османската војска го доживува еден од најтешките порази.  

На летото 1922 година македонскиот одред учествувал во решавачката битка  кај преминот Дервенаки, при што била разбиена 40.000 турска армија испратена да ги уништи грчките востаници. Во мемоарите на Колотронис стои дека битката била добиена благодарение на умешноста на Хаџи Христо, кој на чело на единицата извршил маневар и удрил во тилот на османската војска. Но пред оваа победа, македонскиот одред ја спречува кавгата која настанала во грчките редови. Биографот на Хаџи Христо пишува: “Овој одред изврши грамада докажани подвизи, од кои едниот е прославениот подвиг кај Дрвенаки на 26 и 27 јули 1822 година”.

Грчкиот историчар Трикупас за овој настан ќе забележи:  „Водачите на двата завојувани логори сред грчките востаници веќе се подготвуваа да се нападнат. Одеднаш среде нив излегоа двајца (македонски) војводи Хаџи Христо со (македонската) коњица и Хаџи Стефко [од Охрид] со (македонската) пешадија и го спречија овој јазик на безумните, кои сакаа да се исколат: – Ние поминавме планини и долини. Ние и нашите другари дојдовме со вас да се бориме до вас за крстот и грчкиот народ. Не не ви сакаме никакво право за своите заслуги, за кои веруваме дека сме придонеле, а ве молиме да не се испотепате сите до еден… Бидејќи не можеме да го преживееме срамот, да присуствуваме при вашите внатрешни кавги, и тоа во високиот момент на војната за ослободување на вашата татковина. – Благодарение на овие двајца благородни луѓе началниците на двата табора, опомоменати, се помирија, за да ја остранат веднаш опасноста која ги загрозуваше плодовите на толку пролеана крв.

Во текот на 1823 година одредот на Хаџи Христо извојува нова победа над турските војски кај Кромиди. На 23 мај 1824 година, Хаџи Христо бил произведен во чин на генерал на грчката армија. Истата година, по негов предлог била извршена реорганизација на војската, при што коњаницата стекнуа статус на самостоен дел и е предводена од него. Меѓутоа, во 1925 година, тој бил заробен од Ибрахим паша и затворен три години во тврдината Медон (Метони).  

Сепак, авторитетот на Хаџи Христо бил толку голем што за негово ослободување флотите на сојузниците Русија, Англија и Франција, ја декласираше отоманскиот флота кај Наварин кон крајот на октомври 1927 година. Хаџи Кристо бил ослободен во 1928 година и пречекан како херој на островот Егина, во тоа време главен град на Грција. Потоа тој продолжува учеството во грчката ослободителна борба. Завзема различни воени и административно позиции и ја ужива почитта на грчкото население.

Хаџи Христо добива од грчките власти повеќе признанија. Во владинот декрет од 1833 година се вели: “Од денес па натаму во знак на благодарност дел од тврдината Метони да го носи името на Хаџи Христо”. А во Атина на македонскиот херој му е подигнат споменик.

По ослободувањето на Грција, Македонецот Хаџи Христо останува во грчката престолнина и зема активно учество и во грчкиот политички живот. Во 1843 година тој е пратеник во грчкиот парламент како преставник на Македоно-Траките. Современиците го опишуваат како исклучително човекољубив, праведен и воспитан човек. Хаџи Христо Данков умира во 1853 година во Атина од мозочен удар.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top