Македонски легенди

Ѓорѓи Радев – Бродалијата

georgi-radev

georgi-radevГеорги Николов Радев (1857 – Асеновград, Бугарија, 15. II 1942) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и серски војвода на ТМОРО/ВМОРО/ ВМРО. Извесно време бил комита во четата на Гоце Делчев (1899), а потоа војвода на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО (1899-1904). Учествувал во битката во с. Баница при загинувањето на Г. Делчев (4. V / 1. IV 1903). Познат е како Ѓорѓи Бродалијата, кој подоцна ги фатил и егзекутирал предавниците.

Георги Радев е роден во 1857 година во селото Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија. Неговиот татко бил овчар и тој самиот се занимавал со овчарство до триесет и осмата година. Како овчар тој им бил јатак на војводите Георги Зимбилев и Стојо Костов – Скрижовски. Во 1895 година поради тоа бил уапсен и затворен од османлиските власти.

По излегувањето од затвор Ѓорѓи Радев стаал комита во четата на Илија Крчовалијата. Со четата учествува во т.н. Мелничко востание во летото  1895 година, кое го организира Македонскиот комитет. Под влијание на Гоце Делчев, Крчовалијата со својата чета се приклучува на ТМОРО во 1897 година. Така кон крајот на 1899 и почетокот на 1900 година нез целата земја крстосувале чети и речиси секој реон имал своја чета, што ја наметнала потребата од точно определување на местото и улогата на четите во македонското револуционерно движење.

Делчев и Ѓорче изработиле Правилникот за четите на ТМОРО, но поради недостаток на командувачки кадар, најпрво во организациските чети биле вклучени старите ајдути и ајдутски војводи меѓу кои: Кочо Мустракот, Апостол Петков – Терзиев, Иванчо Оџаров Карасулијата, Илија Крчовалијата, Атанас Тешовалијата, Георги Бродалијата и други. Имено, Георги Бродалијата извесно време бил комита во четата на Гоце Делчев, а потоа бил назначен за војвода на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО, каде дејствувал од 1899 до 1904 г.

Во февруари 1902 година, на Серското советување, заедно со војводата на Драмската чета на ТМОРО Димитар Гуштанов, војводата на Демирхисарската чета Илија Крчовалијата, Неврокопската и Мелничката чета, кои располагале со околу 80 комити и 200 младинци пријавени за идни комити, во селото Караѓој ја дочекале четата на Гоце Делчев.

На тукашното советување на Серскиот револуционерен округ, Гоце Делчев им говорел за објавување на востанието и бил прифатен неговиот предлог за минирање на железничката мрежа и напади и атентати на воените утврдувања и жандармериските станици. Потоа сите заедно заминале за пештерата Капе на планината Али-Ботуш. По извесно отсуство, Гоце Делчев пак се вратил во тој комитски логор.

На 4 мај 1903 година, Георги Бродалијата учествувал во битката во село Баница, Серско, во која е убиен Гоце Делчев. По долга потрага, во декември 1904 година, Бродалијатаги фатил и егзекутирал предавниците на Гоце Делчев.     

На 5 март 1905 година четата на Георги Бродалијата влегува во Елшани и ги опкружува гркоманско лидери, на чело со Васил Челебиев (Василиос Целебонис) и при започнатата престрелка загинува Хараламби Диамандиев (Хараламбос Диамандис) и е повреден Петар Андонов (Петрос Антониу) од Кумли.

Во 1908 година за време на Младотурската револуција Георги Радев Бродалијатае уапсен и затворен во Сер.

Во 1912 година, за време на Првата балканска војна, Бродалијата со својата чета им помага Сојузничките војски. Исто така учествувал во Втората балканска војна во 1913 година и во Првата светска војна (1915-1919). Се преселува со семејството во Орјаховскиот крај, а во текот на 1941 година го посетил родниот крај. Потоа заминал во Асеновград, каде умира на 15 февруари 1942 година.

Најново од: Македонски легенди

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

To top