Македонски легенди

Евтим Спространов

eftim-sprostranov

eftim-sprostranovЕвтим Спространов (15. I 1868 – 5. VII 1931) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, публицист, писател и научен работник во редовите на македонската емиграција во Бугарија. Тој е еден од основачите на Младата македонска книжевна дружина и е соработник на нејзиниот печатен орган – списание Лоза. Пишува на бугарски и на македонски јазик. Автор е на значаен “Дневник“, останат во ракопис (се чува во трезорите на Народната библиотека “Кирил и Методиј“ и во Научниот архив на БАН во Софија, од чија целина е објавен само еден дел). Неговиот литературен и научен опус е мошне богат и се простира врз повеќе области: поезија, проза, есеј, лингвистика, етнографија, историја, фолклористика, превод.

Евтим Спространов е роден на 15 јануар 1868 во Охрид. Неговиот татко Ангел бил еден од учесниците на Демирхисарскиот Заговор или Брсјачаката буна (1880- 1881). По завршувањето на основното образование во родниот град, а потоа и на Солунската машка гимназија, во учебната 1888 – 1889 година работи како учител во трикласното училиште во Крушево. Желбата да се надградува и дообразува, го води Спростанов во Духовната семинарија во Киев, а потоа и на Правниот факултет на Универизитетот во Москва. 

Меѓутоа, поради здраствени причини во 1891 година Спространов заминал од Москва и се населил во Софија, каде работи како учител и службеник на Министерството за народно просветување. Како секретар на професор Иван Шишманов, Евтим Спространов помагал во уредувањето на „Зборникот за народни умотворби, наука и книжевност “.

Во 1892 година Евтим Спространов учествувал во основањето на Младата македонска книжевна дружина, заедно со своите истомисленици познати како лозари – Петар Поп Арсов, Тома Карајовов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Андреј Љапчев, Наум Туфекчиев, Георги Баласчев, Коста Шахов. Тој е соработник на нејзиниот печатен орган – списание Лоза

Евтим Спространов претседавал со Софиското македонско друштво, а во 1895 година на І македонски конгрес во Софија, тој бил избран за член на раководството на Македонскиот комитет (МК), подоцна ВМОК. Поради несогласувањето на двете најголеми македонски организации, Комитетот и Македонската револуционерна организација (ТМОРО), привремено се повлекол од активна револуционерна дејност.

Во 1903 година, Спространов учествува во работата на Врховната емигрантската комисија во Софија, која во соработка со Задграничното претседателство на Македонската револуционерна организација собира средства за настраданото население во Илинденското востание.

Во 1904 година, Спространов се вратил во Македонија и работел како директор на женското училиште во Битола. Меѓутоа, набрзо бил протеран од турските власти, поради што тој се обратил кај генералниот отомански инспектор за Македонија Хилми паша. Спространов успева од него да добие дозвола за да остане во Македонија како инспектор на егзархиските училишта во Солунскиот санџак.

Во 1905 година, на Рилскиот конгрес на Македонската револуционерна организација, Спространов кој е еден од следбениците на Даме Груев бил избран за резервен член на ЦК на Организацијата. Во истата година, тој го потпомага и печатењето на белградскиот весник „Автономна Македонија“.

Во летото 1906 година, Спространов бил принуден да го напушти Солун и да замине во Софија, каде работил како подначалник во Министерството за народна просвета. Во овој период тој одржува контакти со голем број дејци на Организацијата (Христо Матов,  Петар Чаулев, Аргир Манасиев, Тодор Александров и др.), а се појавува и како автор на многу статии за македонската револуционерна и просветна борба во Македонија

По Младотурската револуција од 1908 година, Спространов повторно бил учител во Македонија, во женското училиште во Солун, а од јули 1908 година бил и инспектор на училиштата во Битолско. Истата година, на Ќустендилскиот конгрес на Организацијата, тој како преставник на Битолскиот округ и ја осудува меѓусебната братоубиствена борба меѓу левицата и десницата, а се залага да се засили борбата против српската и грчката пропаганда во Македонија.

Во периодот до Првата балканска војна, тој бил доста активен Во 1909 година Евтим Спространов е уредник на весникот “Татковина”, орган на Сојузот на бугарските конституциони клубови кој излегува во Солун, потоа во 1910 година бил секретар на митрополијата во Едрене, а во 1912 година уредник на егзархиски весник “Вести” во Цариград.

Во текот на 1912 – 1913 година, Спространов бил окружен управител на Штип, а подоцна имал административна функција во Кукуш. По Втората балканска војна тој објавува серија статии во весникот „Вечерна пошта“, а во 1914 година станува член на „масонската ложа“, бо која членуваат и други членови на македонското движење (на пр. Александар Протогеров), надевајќи се дека преку него ќе се дојде до целта на македонската кауза. Во текот на Првата светска војна тој бил окружен управник во родниот град Охрид, а по завршувањето на војната заминува во Бугарија каде активно учествувал во помошта на бегалците од Македонија.

Спространов бил избран за постојан претседател на Охридското културно друштво “Свети Климент” и Охридскиот одборни фондовите, потоа бил секретар на Илинденската организација и потпретседател на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства. Во 1923 година е еден од основачите на Македонскиот научен институт. По убиството на Тодор Александров во 1924 година и зголемените несогласувања во ВМРО, Евтим Спространов и Охридското братство се блиски со Александар Протогеров и неговите приврзаници.

Спространов влегува во Националниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Тој одбива да побара оставка на Георги Кулишев, главен уредник на весникот “Македонија”, кој по убиството на Александар Протогеров од јули 1928 година развива на страниците на весникот сериозна критика против Иван Михајлов. Незадовлен од политиката која ја води раководството, на 7-от регуларен конгрес на Сојузот на македонските емигрантски организации во 1928 година, тој го напушта Националниот комитет.

Евтим Спространов е автор на голем број публикации за животот и дејноста на истакнати дејци кои учествувале во македонското револуционерно движење, како и за минатото на градот Охрид. Пишувал за животот и делото на познати бугарски и македонски преродбеници.

Во 1900 година Спространов е испратен од Егзархискиот синод во Рилскиот манастир да ги истражува и систематизираа ракописите во мансирската библиотеката, како резултат на тоа истражување подоцна е објавен и неговиот попис на ракописите од манастирот.

Спространов пишувал и песни, за потоа да продолжи со раскази за деца и возрасни. Некои од поетски дела му се пишувани во духот на народната песна – поемите “Македонија тажи” (1891), “Оплакувањето на Мара” (1894) и други.

Најзначаен дел во креативноста на Евтим Спространов зазема публицистика, посветена на Македонското прашање. Спространов ги употребувал следните псевдоними се: Еден Македонец, Беш-Чинар, Охридчанин, Македонец и др.

Евтим Спространов умира на 5 јули 1931 в Софија.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top