Македонски легенди

Александар Џорлев

Alekso Dzhorlev IMARO

Alekso Dzhorlev IMARO

Александар Џорлев (1878 – 1914) е македонски револуционер, лерински војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Леко Банички и Алексо Жарле (Џоле), за време на Илинденското востание раководи со Леринскиот  револуционерен реон. Обединетите чети на Павел Христов, Марко Иванов, Христо Цветков, Алексо Џорлев и други, потпомогнати од вооружената милиција, по упорни борби со турските војници ги ослободуваат во октомври 1912 година Вощарани, Забрдени, Секулево, Врбени и град Лерин.

Александар Гичев Џорлев е роден во 1878 година во леринското село Баница. Во 1902 година влегува во Македонската револуционерна организација, а за време на Смилевскиот конгрес (2-7 мај 1903 година) тој чува стража. Во 1903 година го убива Кирјакос Кочев, татко на Пандил и Костадин, убијци на неговиот татко Гиче, кои потоа бегаат во Канада. 

За време на Илинденското востание во 1903 година, Алексо Џорлев раководи со Леринскиот  револуционерен реон, заедно со Александар Поп Настев и Тане Џолев. Во неговиот одред влегуваат 250 востаници со ловџиски пушки, пушки „Гра“, секири и коси. Тие се луѓе од селото Пополжани предводени од војводата Никола Ангелов и селото Врбени, Неокази со Крсто Љондев, Крушоради, Хасаново со Цветко Шалапанов, Секулево со Или Мирчев, Горно и Долно Каленик со Ристо Шината, Сович, Сетина, Попадија и други.

На почетокот на востанието одредот кој го предводи Џоле ги пресекува телеграфските линии меѓу Лерин и Битола и ги палат турските кули во Врбени, Каленик и други места. Потоа заедно со  Александар Поп Настев (Леко Настев) одат во Мариово каде месец дена дејствуваат со Никола Русински, член на штабот на Прилепското горско начелство.

Востанието во реонот започнува на 7 август (н.ст) крај Горничево кога пред налетот на востаниците се убиени 50, а 800 турски војници се повлекуваат. По борбите кај Неокази, Сетина, Секулево, востаниците ја освојуваат целата Ниџе планина. На 28 август (ст. ст.) востаниците водат борба кај Душегубец и се повлекуваат. Оттогаш е и народната песна: „ ..Вика Леко Џорлев: – Не плашете се, наши браќа, јаз сум тука на помош. Бој се почна, борба ужасна меѓу Турци и комити. Пушки пукаат, бомби грмат, Турци викаат: “Аллах, Аллах”! “Ура” – извикуваат комити“

Леко Џорлев е еден од ретките војводи, кои по востанието останува во Македонија и придонесува за обновување на активностите на организацијата во Леринско. Во 1904 година Џорлев е фатен и затворен. Во битолскиот истражен затворот лежи и војводата Александар Турунџев, кој заради своето држење пред судот бил осуден на смрт со бесење, додека Џорлев на доживотен затвор. Џорлев е затворен во Солунскиот централен затвор со други дејци на Македонската револуционерна организација, а потоа е испратен на вечно заточение во Фезан во Африка. По Младотурската револуција во 1908 година е амнестиран.

Леко бил еден од оние затвореници кои беа помилувани и пуштени на слобода од младотурскиот режим,  но турскиот затвор ќе остави трајни лузни во неговата душа. Тоа ќе биде искористено да се фати во врховистичката јадица против Младотурците.

Џорлев постојано се наоѓа во првите борбени редови за ослободување на земјата. За време на Првата балканска војна Алексо Џорлев е војвода на партизанска чета бр. 9 од Македонско-одринското ополчение, составена од 15 лица од Леринско, Преспанско и Солунско. Влегува во одредот на Васил Чакаларов. По влегувањето на македонските чети во Македонија дејствува во тилот на турската армија и учествува во борбите кај Копаница. Обединетите чети на Павел Христов, Марко Иванов, Христо Цветков, Алексо Џорлев и други, потпомогнати од вооружената милиција, по упорни борби со турските војници ги ослободуваат во октомври 1912 година Вощарани, Забрдени, Секулево, Врбени и градот Лерин.

Алексо Џорлев трагично умира во 1914 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top