Македонски легенди

Гоце Меѓуречки

Gotse Mezhdurechki IMARO

Gotse Mezhdurechki IMAROГеорги Толев (1874 – 18. IV 1941), познат уште како Гоце Меѓуречки, е македонски револуционер, кукушки војвода на Македонската револуционерна организација, еден од многуте борци за слободата на Македонија Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а подоцна е назначен за војвода во Кукушко. По Младотурската револуција, тој одново го напушта легалниот живот и поведува нелегална борба, а во Првата балканска војна дејствува во грбот на отоманската армија и учествува во ослободувањето на Кукуш.

Георги Толев е роден во 1874 или 1877 година во кукушкото село Меѓурек, денес Мелисургион, Егејскиот дел на Македонија. Се занимава со трговија, а во редовите на Македонската револуционерна организација го внесува Христо Чернопеев во 1901 година.

Георги учествува во Илинденското востание. Во 1903 година тој е четник при војводата Крсто Асенов, а потоа околу три месеци е во четата на Атанас Јовев во Струмичко. Од мај 1905 година, една година е помошник на војводата Крсто Лазаров во Кумановско, каде се бори против рпската пропаганда. Во 1906 година го придружува Даме Груев во неговата обиколка низ Македонија. Во 1907 година е во четата на Кимон Георгиев, а подоцна е назначен за околиски војвода во Кукушко.

При избувнувањето на Балканската војна тој е доброволец во Македонско-одринското ополчение (МОО). Учествува во ослободувањето на Кукуш како војвода на партизанска чета бр.26 со 10 четници, која дејствува во Гевгелиско, а подоцна е во здружената партизанска чета на МОО. На 5 октомври 1912 година Гоце Меѓуречки напредува по линијата Петрич-Струмица, на 8 октомври го ослободува Струмичкото село Банско, а кон 12 октомври е во Кукушко. По ослободувањето на Кукуш на 23 октомври 1912 година Гоце Меѓуречки е назначен на висока положба во воено-административната администрација на околијата.

По окупацијата на Вардарска и Егејска Македонија од Србија и Грција, Гоце Меѓуречки се вклучува со четата во отпорот на ВМОРО. Во декември 1914 година четата го уништува мостот на реката Водосир (Валандовско)  По војните тој продолжува активно да учествува во активностите на ВМОРО како војвода на чета.

Од 7 до 11 фебруари 1925 година, Меѓуречки учествува на VI Конгрес на ВМРО (Автономистичка) ко се одржа во селото Србиново, Горноџумајско. Всушност на овој прв конгрес на обновената Организација, која се смета за наследник на Македонската револуционерна организација, одржан по убиството на Тодор Александров, најмногу време се посветило на измените на Уставот и Правилникот организацијата, а во кои целта на ВМРО и натаму останала иста: „Обединување на разделена Македонија во нејзините географски граници и извојување на нејзината целосна политичка автономија“.

Меѓуречки учествува и на VII Конгрес на македонската револуционерна организација, односно на вториот конгрес на ВМРО (Автономистичка), кој е одржан од 21 до 25 јули 1928 година во селото Крупник, Горноџумајско. Во специјална резолуција на конгресот ВМРО декларира, дека ќе го продолжи делото на Т. Александров и ќе се бори за извојување на полна политичка автономија на Македонија

Гоце Меѓуречки не доживува да ја види својата распарчена и окупирана татаковина слободна и обединета. Умира на 18 април 1941 година во Горна Џумаја, денешен Благоевград, Пиринска Македонија. Во некрологот објавен во “Илустрација Илинден”, меѓудругото пишува:

„Починатиот беше еден од многуте борци за слободата на Македонија. Во раните години тој дига знамето на борба против тиранијата и води постојано борба до Хуриетот кога со својата чета го напушти Балканот и во разбирање со младотурците поведува легална борба за човечки права и културен развој на својот народ.

Излажан, .. (тој – н.з) го напушта легалнот живот и поведува одново нелегална борба, како во 1912 година кога влегува во грбот на отоманската армија и ја вознемирува нејзината заднина.

… По 1918 год., и до последно време покојниот Гоце не престануваат да се интересира живо за слободата на Македонија, но за жал, … почина со најголема тага по татковината.“

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top