Македонски легенди

Jованчe Поп Антов

Jованче Поп Антов Поп Ангелов (4. I 1882 – 28. VI 1906) е македонски револуционер, раководител на Македонската револуционерна организација во Тиквешијата. Jованче (Иван) Поп Антов како ученик влегува во Македонската револуционерна организација. Како реонски раководител на ТМОРО за ваташкия регион, тој помага за зајакнување на организацијата во Тиквешијата. Во своите говори тој велеше дека нашето спасение е само во автономна Македонија. Неговата смрт е опеана во народната песна “Црно му било пишано на Јованче Попандов”.

Јованче Попантов е роден на 4 јануари 1882 година во селото Ваташа, во семејството на свештеникот Андон Поп Kамчев. Брат е на Христо и Тодор Попантов. Во родното место завршува четврто одделение, а потоа учи во егзархиското средно училиште во Прилеп и во Скопското педагошко училиште. Во Прилеп, каде во тоа време учителствува неговиот брат Тодор, Јованче како ученик се вклучува во Македонската револуционерна организација и се запознава со Даме Груев.

Поради болест, кон крајот на 1901 и почетокот на 1902 година,  Јованче Поп Антов се наоѓа на лекување во Софија. Но, на враќање бил уапсен и задржан во текот на три дена од српските власти на железничката станица во Врање поради неговата самосвест. За време на Кадиноселската афера бил уапсен и од април до март 1903 година лежи во битолскиот затвор.

Во летото 1903 година, Јованче Поп Антов учествува во организирањето на нелегална работилница во училиштето во Ваташа за изработка на облека за четите на Македонската револуционерна организација. Истовремено тој е курир и се вклучува во некои вооружени акции на Организацијата.

Од септември 1903 до ноември 1904 година Јованче Поп Антов бил учител во Ваташа. Како реонски раководител на Македонската револуционерна организација за ваташкииот регион, тој помага за зајакнување на организацијата во Тиквешијата. Неговиот брат, Христо Поп Антов го опишува Јованче како човек кој има буен карактер и дека не личи на дригите браќа. Меѓудругото Христо за својот брат вели:

“… Говорот му беше силен и се наметнуваше. Беше голем идеалист и огнен патриот. Нашето спасение е – велеше само во автономна Македонија“

Во ноември 1904 година, Јованче Поп Антов го напушта учителствувањето и заедно со Дончо Лазаров и Михаил Шкартов, станува четник во четата на Добри Даскалов. По амнестијата во летото 1905 година, се легализира и повторно станува учител во своето родно село.

Јованче Поп Антов е избран за раководител на околискиот комитет на Македонската револуционерна организација во Кавадарци. Во исто време во организацијата се појавуваат  обвинувања за несодветни постапки и нетактичност од страна на некои членови на околиското раководство, вклучувајќи го и Поп Антов.

На 28 јуни 1906 година, Јованче Поп Антов е убиен заедно со пријателот Милан Поп Коцов во центарот на Ваташа од членови на турски комитет, кои се бореа против Македонската револуционерна организација. Убиецот на Поп Антов, муслиман од село Долни Дисан, подоцна е уапсен и суден, но на крајот бил ослободен. Кајмакамот во Кавадарци по повод убиството вели дека не може на едно место да има двајца кајмаками – турски и на Македонската револуционерна организација.

Јованче Поп Антов е погребан во дворот на црквата во Ваташа. Неговата смрт е опеана во народната песна “Црно му било пишано на Јованче Поп Андов”.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top