Македонски легенди

Веле Марков

VeleMarkov

VeleMarkovВеле (Велко) Марков (12. II 1870 – 23. VI 1902) е македонски револуционер, социјалист, крушевски војвода на Македонската револуционерна отганизација, познат под псевдонимот Милтон. Во 1892 година заминал на печалба во Софија, Бугарија, каде се зближил со Васил Главинов и во 1895 година ја основале Македонската социјалистичка група. Во 1899 година, по враќањето во Македонија бил еден од основачите на социјалистички кружок во Крушево и со другите социјалисти стапиле во ТМОРО. Во 1900 година. во Битола основал социјалистички кружок, а во почетокот на 1901 година влегува во четата на војводата Никола Русински. Станал крушевски војвода и загинал во борба со османлиските војници во с. Ракитница.

Веле Петров Марков е роден на 12 февруари 1870 година во Крушевското село Селце. Израснал во сиромашно семејство. Во 1892 година заминал на печалба во Софија каде работи како ѕидар и столар. Во Софија се зближил со Васил Главинов и станал член на работничката социјалистичка група. Марков го основал столарскиот синдикат и во 1893 година со Главинов ја основале Македонската социјалистичка група, во која членуваат Никола Петров – Русински, Никола Карев, Димитар Мирасчиев, Андон Шулев, Атанас Раздолов, Стојно Стојнов, Гиго Дандарот, Лазар Главинов, Димо Хаџи Димов и уште некои печалбари и револуционери

Во 1899 година Веле Марков заминал за Македонија и заедно со Никола Карев ја формираат социјалистичката група во Крушево. Подоцна се населил во Битола каде работи како столар. Исто така и во градот на конзулите основа социјалистички кружок, а на 2 јуни 1900 година организира социјалистичка конференција во Крушевско, на која се решава социјалистичките групи да стапат во Македонската револуционерна организација.

Во март 1901 година влегува во четата на Никола Русински, а по заминувањето на Русински за Прилепско, од 29 август истата година е Крушевски војвода. Во четата на Русински како подвојводи во своите реони дејствуваат Јордан Пиперката, Веле Марков, Ѓурчин Наумов – Пљакот, Ванчо Србаков, Ѓорѓи Сугарев, Тале Христов и други. Како војвода, Веле успеа да ги организира селата од малата Крушевска нахија.

Во овој период граѓаните на Крушево се жалат против полицискиот преставник Али ефенди, кој осрамотил малолетно девојче. Но испратената од Битола анкетна комисија, кон која се приклучил и Али ефенди, ја започнала анкетата со претреси и тепање над луѓето кои се жалеле. Многумина се уапсени, а десетина граѓани, меѓу кои и тројца наставници со директорот Петар Иванов стануваат нелегални во четата на Марков.

На  23 јуни 1902 година четата на војводата Веле Марков е издадена во Крушевското село Ракитница. Четата била нападната од војска и башибозук и се водела целодневна борба. Во текот на борбата, согледувајќи дека нема да успеат да го пробиат обрачот, за да не падне во турски раце, четник Тирчо Карев од Крушево се обидува да се самоубие така што си го пресекува грлото, но не успева и ги молел своите другари да го убијат.

На помош на војводата Веле Марков притекнува милиција од градот, испратена од Крушевскиот раководител ѓакон Јосиф, како и четата на Демирхисарскиот војвода Јордан Пиперката. Но и тие не успеваат да раскинат обрачот.

По целодневна борба четата имаше 6 загинати, меѓу кои беше и војводата Велко Марков. Османлиската војска имаше многу повеќе загинати, меѓу кои и Крушевскиот золумџија Јунус. Само, наследникот на Марков како Крушевски војвода, Ѓурчин Наумов – Пљакот и уште тројца четници успеваат да ја пробијат турската блокада.

На тука не завршил турскиот зулум. Другиот ден на потера, турските војници убиваат шест селани во Ракитница, повредуваат двајца, малтретираат 30 лица, опожаруваат 14 и ограбуваат 14 куќи, а за да се пофалат со победата османлиските војници ги отсекуваат главите на Веле Марков, Тирчо Карев и Георги Кошинчето.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top