Македонски легенди

Георги Пешков

georgi-peskov

georgi-peskovГеорги Пешков (? – 1913) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). По 1892 година се поврзува со Даме Груев и Пере Тошев кои го привлекуваат во МРО. Од 1895 до 1901 година е член на околискиот револуционерен комитет, а од 1901 – на Битолскиот окружен комитет заедно со Анастас Лозанчев и Пере Тошев. До крајот на 1901 година по наредба на Гоце Делчев изготвува Правилник на четите на ВМОРО, кој се користи само во Битолскиот револуционерен округ.

Георги Спиров Пешков е роден во Прилеп. Завршил егзархиска гимназија во Битола. Неговиот татко Спиро Пешков бил ортомар и се занимавал со трговија на ортомџиски производи, а долги години бил советник во Прилепската општина. Георги Пешков исто така се занимава со трговија, мо, набргу го напуштил занаетот поради револуционерна дејност. Неговите браќа Никола и Рампо Пешкови, исто така се дејци на на Македонската револуционерната организација.

По 1892 година се поврзал со Даме Груев и Пере Тошев кои го привлекуваат во Македонската револуционерна организација. Во 1894 година, прв од покрстените лица во Битола бил Атанас Лозанчев, потоа Пере Тошев, Георги Пешков и Глигор Попев, а подоцна и Ѓорче Петров. На почетокот Анастас Лозанчев работи со Пере Тошев, а потоа со Георги Попхристов и Георги Пешков

Во периодот од 1895 до 1901 година Пешков бил член на околискиот револуционерен комитет, а од 1901 е член на Битолскиот окружен комитет заедно со Анастас Лозанчев и Пере Тошев. Пешков дејствувал во Битола, Прилеп, Охрид, Ресен и други места.

По наредба на Гоце Делчев, Георги Пешков до крајот на 1901 година изготвува Правилник на четите на МРО, кој се користи само во Битолскиот револуционерен округ. Во февруари 1902 година, заедно со многу македонски револуционери од прилепско, битолско и леринско, Пешков бил уапсен од властите во текот на Јосифовата афера. Тој бил осуден на 101 година и затворен во битолскиот затвор.

Пешков бил амнестиран во март 1903 година,  По излегувањето од затвор,  Пешков станал четник во четата на Никола Русински. Како член на Окружниот комитет учествува на Смилевскиот конгрес во мај. Тогаш заедно со Ванчо Србака, Цветан од Световраче и Јанаки Петров биле избрани за членови на Кичевското раководно тело, а Пешков за реонски началник на Поречието.

За време на Илинденското востание, Георги Пешков дејствува во раководното тело на Кичевскиот регион. По востанието останува нелегален и учествува во борбата со српската и грчката вооружена пропаганда.

Во почетокот на мај 1904 година, Пешков бил делегат на Прилепскиот конгрес. На конгресот на кој учествувале повеќе раководни лица од битолскиот округ како Даме Груев, Ѓорче Петров, Патар Ацев, Георги Пешков и други,  се расправало за возобновување на Организацијата и нејзиното дејствување по Илинденското востание, како и да се спречи дејствувањето на страната вооружена пропаганда која почнала да зема се поголем замав во Македонија.

Во Втората балканска војна во 1913 година, Георги Пешков делува во тилот на грчките делови заедно со војводата Михаил Думбалаков.

Георги Пешков загинува во 1913 година, во битката кај Лагадинското село Лахна.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top