Македонски легенди

Петар Самарџиев

Peso Samardziev

Peso SamardzievПетар Самарджиев (1877 – 21.VI 1906 ) е македонски револуционер, Тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација. Бил член на тајниот револуционерен кружок „Трајко Китанчев“ во Самоков. Воспоставил врски со Гоце Делчев и со Јане Сандански. Во 1901 година се борел во четата на М. Попето и на Христо Чернопеев . Во 1903 година станал околиски војвода. Учествувал во Илинденското востание, а во 1904 година учествувал на Прилепскиот конгрес на МРО. Загинал кај преслапот меѓу селата Клисура и Дрен, Тиквешко.

Петар (Пешо) Самарџиев е роден во 1877 година во селото Подлес. По убиството на татко му, се преселува со неговата мајка во Неготино, каде завршил трокласно училиште. Потоа заминал на печалба во Романија, но таму не се задржал долго време. Околу 1895 година, Патар од Романија заминал за Самоков, Бугарија. По доаѓањето во Самоков, тој се запишал во Железарското училиште.

Во 1897 година, група ученици од Самоковското железарско училиште го основаат Тајниот револуционерен кружок “Трајко Китанчев”. Подоцна кон групата се приклучуваат и ученици од Самоковскиот американски протестански колеџ. Самарџиев заедно со другарите Добри Даскалов, Петар Јуруков и други, влегува во тајниот социјалистички кружок, кој по Виничката афера, под влијание на Гоце Делчев бил трансформиран во македонски револуционерен кружок и е под силно влијание на Македонската револуционерна организација (МРО).

Тајниот револуционерен кружок “Трајко Китанчев” во кој членува Самарџиев ја помагал активноста на Македонската револуционерна организација, придобивал револуционери, собирал средства, пренесувал оружје во Македонија и криел и ги помагал четниците на Организацијата. Самарџиев воспоставил врски со Гоце Делчев и со Јане Сандански.

Во 1900 година, по откривање на групата од бугарските власти, сите членови на организацијата биле исклучени од Железарското училиште и стануваат активни дејци на Македонската револуционерна организација, а подоцна биле назначени за војводи и секретари на чети.

Во 1900 година Самарџиев станал член на Македонската револуционерна организација. Во 1901 година влегува во четата на Јане Сандански, а во 1902 година бил четник на Михаил Апостолов – Попето и Христо Чернопеев.

Во Илинденското востание Самарџиев бил војвода на тиквешката чета во одредот на Чернопеев и се борел кај село Витоша и кај Ново Село, Кочанско. По поразот на востанието, тој е Тиквешко околиски војвода и како делегат учествувал на Прилепскиот конгрес на Македонската  револуционерна организација, кој се одржал во мај 1904 година.

Во почетокот на јуни 1905 година Самарџиев повторно влегува во Македонија со чета, која се состои од Коста Тодоров (секретар), браќата Ангел и Јордан, Васил Пачеџиев од Бања, Ѓуро, Василев, Бишеков. Подоцна кон четата на Самарџиев се приклучуваат и војводата Душо Желев, чија чета е разбиена, како и четата на војводата Христо Симеонов.

Самарджиев делува неколку месеци во Струмичко и Тиквешко и на неколку пати учествува во судири со отомански сили. Самарџиев го стигнува меѓу Неготино и Кавадарци тиквешкиот кајмакам Албанец Ибрахим ага и го обесува.

Воениот суд во Солун за ова дело го осудува Самарџиев во отсуство со смртна казна и била распишана награда од 500 фунти за неговата глава. Самарџиев зимата ја поминува во Бугарија, а во пролетта повторно влегува во Македонија.

На 21 јуни 1906 година Петар (Пешо) Самарџиев бил убиен во заседа на врховистичка чета меѓу селата Петрово, Дрен и Клисура во месноста Преслапот.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top