Македонски легенди

Крсто Љондев

KrsteLiondev

KrsteLiondevКрсто Љондев (? – 1927) е македонски револуционер и лерински војвода, деец на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание како војвода на четата од своето родно село. По Младотурската револуција во 1908 година се легализира и е близок со Јане Сандански и Народната федеративна партија. Љондев е обвинет дека гo организира убиството на србоманския новинар на „Јужна Србија“ Спас Хаџи Поповиќ во Битола.

Крсте Љондев е роден во леринското село Неокази. Тој се приклучил кон Македонската револуционерната организација и бил назначен за Лерински реонски војвода. Во 1903 година учествува во Илинденското востание како војвода на четата од своето родно село. По востанието е четник, а од 1905 година реонски војвода на Организацијата.

Во август 1906 година Крсте Љондев влегува во Леринско со четата, во која се наоѓа четникот Павле Наумов, брат на војводата Иван Наумов Алабакот. Дејствува во реонот на Сетина и Попадиско со 8 лица четници како помошник војвода на Ѕоле Стојчев.

По Младотурската револуција во 1908 година се легализира и бил близок со Јане Сандански и Народната федеративна партија. За време на конституциониот режим во Турција, Крсте е совесен граѓанин како дел од федеративната партија на Сандански. На обидот на бугарскиот консул во Битола Неиков да го поткупи Крсте, по пламениот говор од Љондев на крајот само му одговара: „Сега разбрав оти санданистите се прави.”

Во 1910 година повторно станува нелегален и учествува во реконструкцијата на Македонската револуционерна организација. Во текот на 1911 – 1912 година, дејноста на Љондев била поддржана од од учителот од село Косинец Христо Руков кој се населил во село Брезница.

Крсте Љондев учествува со чета во Првата балканската војна и помага во напредувањето во Егејскиот дел на Македонија, но набргу потоа е уапсен со 42-ца четници од грчките војници.

По Втората балканска војна во 1913 година Љондев е војвода на МРО во Битолско, а за време на Првата светска војна Љондев бил постар подофицер во Планинската дивизија, која била составена од Македонци, Албанци и од Турци од Западна Македонија.

По војната е член на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација. Испратен е како организатор на Организацијата во Албанија, каде привлечен од Лазар Поповски и Христо Цветков  кон Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета) го добива органот на ВМРО (об.) “Македонско дело”, но и органот на Македонската федеративнна организација “Македонско съзнание” (1923 – 1926 г.) за да ги распространува во Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија.

Крсте Љондев се настанил во Битола, каде станал уште една од големиот број жртви на Врховистите, кои перфидно ги елиминраа старите македонски кадри преку атентати, предавства на властите каде и да се најдеа, но и со провоцирање на меѓусебни кавги и чистки.

На 3 јули 1926 година во Битола бил убиен србоманскиот новинар на „Јужна ѕвезда“ Спасое Хаџи Поповиќ. Српската проаганда ја посочува Софија како нарачател на ова убиство, додека за извршители ја обвинува ВМРО, чија цел била да се нарушат односите со Грција. Според истрагата директни извршители биле Коста Бицинов (Бичинов), Лазар Мулев и Васил Николов Липитков, а Крсто Љондев бил човекот кој ги замислил и подготвил атентатите.

Според обвинителниот акт на судот, Крсто Љондев бил “шеф”  на организацијата ВМРО во Битола и, пред сè дека тој работел на одделувањето на “Јужна Србија”  од остатокот на државата. Крсте Љондев бил осуден и затворен, а по долги измачувања српските жандарми го убиле при обид за бегство во 1927 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top