Македонски легенди

Сребрен Поппетров

Srebren Poppetrov

Srebren PoppetrovСребрен Поппетров (18. X 1869 – 17. XI 1950) е македонски револуционер припадник на Македонската револуционерна организација, учител и училишен инспектор. Завршил гимназија во Солун и славјанска филологија на Софискиот универзитет. Во Првата светска војна бил окружен управник во Битола и Куманово, а по војната во Петрич. Во 1922 година од ВМРО и Македонскиот национален комитет бил пратен во САД и Канада, каде што организирал иселенички друштва и учествувал во формирањето на МПО. Бил пратеник во бугарското Народно собрание, а потоа главен инспектор-организатор на црковно-училишното дело во Албанија.

Сребро Поппетров е роден на 8 октомври 1870 година во Леринското село Горно Врбени (Екши Су) во семејството на егзархиски свештеник. Во 1891 година завршува на педагошкиот оддел на Солунската машка гимназија и во текот на три години, до 1894, учителствува во Леринското село Прекопана и во родното Екши Су. Потоа го продолжува своето образование на Софискиот универзитет, каде завршува славјанска филологија во 1897 година.

Во 1895 година, Поппетров станува член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација и учествува во основањето на револуционерниот комитет во Екши Су. Работи като учител, училищен инспектор и директор во Струмица, Скопје, Тетово, Солун и Сер. Во 1895 – 1898 година предава литература во Скопското педагошко училиште. Во текот на 1897 и 1898 Сребрен Поппетров е член на окружниот комитет на ВМОРО во Скопје, а во 1906 – 1907 е председател на градския комитет во Солун.

По Младотурската револуција во 1908 година станува деец на Сојузот на бугарските уставни клубови и е избран за делегат на неговиот основачки конгрес од Сер. Учествува во создавањето на управното тело на Учителската организација и во редактирањето на печатениот орган весникот “Учителскиот глас” (1910 – 1912). Училишен инспектор е во Сер, а по затворањето на институтот на училишните инспектори е учител во Одринско бугарска гимназија.

По затворањето на Сојузот на бугарските уставни клубови Поппетров предводи самостојна политичка група, која издава во Солун весник “Вистина” (1912). Групата околу Поппетров не прифаќа предизборната платформа на “Искра”, “Вијести” и “Право”.

По Втората балканска војна Поппетров учествува во обидот за унија. Учествува во дискусиите, иницирани од Националниот сојуз во октомври 1913 година и објавува проуниатска статија во весникот “Дневник”. Работи како учител во Самоков. За време на Првата светска војна е училишен инспектор во Скопско и Тетовско и окружен управител во Битола (1916 – 1917 година) и Куманово (1917 – 1918 година).

По војната Сребрен Поппетров ги организира македонските емигрантски братства во Бугарија, како и основачкиот конгрес на Македонската патриотсна организација (МПО) во САД и Канада (1 октомври – 4 октомври 1922).

На 20 декември 1922 година, со согласност на ВМРО е назначен за окружен управител во Петрич. Како окружен управител успешно ги користи противречностите во владеењето од Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС), за да ги омекне нивните обиди за притисок врз ВМРО во Пиринска Македонија.

На 18 април 1923 година, по затегнување на односите меѓу ВМРО и владата на Александар Стамболиски, поврзано со потпишувањето на Нишката спогодба, Сребрен Поппетров е отпуштен и дури е испратен во Сливенскиот затвор.

Сребрен Поппетров е активен соработник на “Илустрација Илинден”. Како претставник на Петричката околија е пратеник во 21 Обично народно собрание (1923 – 1927) и е член на Македонската парламентарна група, која ја застапува ВМРО.

Во периодот 1928 – 1931 година Сребрен Поппетров е главен инспектор-организатор на црковно-училишното дело во Албанија. Умира на 17 ноември 1950 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top