Македонски легенди

Јосиф Јосифовски – Свештарот

Josif Josifovski

Josif Josifovski

Јосиф Јосифовски – Свештарот (2. VIII 1915 – 7. IX 1943) е македонски комунистички деец и народен херој. Како студент на Правниот факултет во Белград станал член на КПЈ (1937). По дипломирањето (1940) бил адвокатски приправник во Струмица и инструктор на ПК на КП во Македонија (1941). Познат под псевдонимот Ѓорче Свештарот, тој во Народно ослободителната и антифашистичка војна во Македонија НОАВМ дејствувал, главно, во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Бил уапсен од италијанската полиција (1942), но успеал да избега. Бил политички комесар на НОПО “Даме Груев“, на првиот НО баталјон “Мирче Ацев“ и на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. Загинал во борба со германските сили и балистите. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951). Опеан и во неколку народни песни.

Јосиф Вангелов Јосифовски – Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, Македонија, во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист. Таму беше примен за член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ). По доаѓањето на студии во Белград, продолжил со својата револуционерна активност, но тоа не му сметало редовно да ги полага испитите на Правниот факултет. Меѓу другарите уживал големи симпатии. Учествувал во сите активности и протести на студентите, а еден од организаторите на друштвото “Вардар”.

За својата активност Јосиф Јосифовски – Свештарот често паѓа во рацете на полицијата. Секој пат кога ќе излезе од затвор, со уште посилна вера продолжувал да работи за револуцијата. Член на Комунистичката партија на Југославија станал во 1938 година. За време на распустот, исто така бил активен, особено во Студентската колонија. Секогаш кога доаѓа во Гевгелија, носел напредна литература. Собира околу себе обесправени, организира читање на забранети материјали. Кога дипломирал, полицијата веќе била добро информирана за неговата комунистичка активност, па не му дозволила да добие работа во родниот град. Затоа работи како приправник во Струмица, каде наишол на добра почва за сеење на комунистичката идеја.

Во првите месеци по окупацијата, Јосиф Јосифовски – Свештарот работи на подготвување на востание во Струмица. Секретар е на месниот комитет на КПЈ за Струмица. Во септември 1941 година, како инструктор на ПК КПЈ за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот. Италијанската полиција го уапси во Корча, како опасен комунист, кој ги држел врските со албанските комунисти.

Јосиф  познат под псевдонимот Ѓорче Свештарот успеал да избега од затвор и се приклучил на

Народно ослободителната и антифашистичка војна во Македонија НОАВМ. Тој дејствувал, главно во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Уште за време на формирањето на првиот преспанскиот партизански одред “Даме Груев”, 6 јули 1942 година, тој стана нејзиниот политички комесар. Меѓу партизаните и кај луѓето на теренот каде што одредот се движел, Јосиф станал многу омилен. Кога, на 18 август 1943 година, беше формиран првиот партиска баталјонот “Мирче Ацев”, тој беше назначен за политички комесар, а по еден месец за политички комесар на II оперативната зона.

На митинзите организирани од страна на Одредот, а потоа баталјон, Јосиф Јосифовски Свештарот држи политички говори. Тој ги освојува слушателите со срдечна и борбена содржина на говорот. Така популарноста на Јосифовски во Преспа и Дебарца станала голема.

Уште во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид. По капитулацијата на Италија на 18 август 1943 година, германските воени сили со помош на балистите преземаат мерки за да се уништи партизанското движење во Копачијата, во Личевскиот крај. Тие го нападнаа селото Кленовец, каде што привремено беше сместено седиштето на штабот на оперативната зона.

Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943 година. На 6 октомври 1943 година, борбите биле жестоки и траеле се’ до вечерта, кога дошло до мало затишје. Во жестоката борба на 7 ноември 1943 година и двете страни имаа многу мртви. Политичкио комесар на втората оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на баталјонот Мите Трпоски – војводата и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија.

Храброста и непокорот остануваат симбол на крваво завршената Кленоечка битка. Преживеаните сведочат дека за одбрана на Кленоец доброволно била пријавена албанска партизанска чета, која била приклучена на одбранбената линија. Борбата покажала дека тоа не биле партизани, туку балисти преоблечени во униформи на партизаните. Вечерта извршиле масакар во селото врз Македонците партизани од првата и вторта чета на Првата Македонска ударна народно-ослободителна бригада. Речиси стотина Македонци партизани и мештани биле убиени со истрели во тил и заклани. Главата на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот била отсечена и набиена на кол до селската црква сред село…

Јосиф Јосифовски – Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top