Македонски легенди

Милан Арсов

milan-arsov

milan-arsovМилан Арсов (1885 – 1908) е македонски анархист, член на групата гемиџии и најмлад солунски атентатор. Во април 1903 година, заедно со Димитар Мечев и Илија Тричков ја минирале железничката линија Солун – Деде-Агач. Ден потоа, при подметнувањето бомба во летната бавча на хотелот “Алхамбра“ бил ранет и уапсен од полицијата. Прво бил осуден на смрт, а потоа помилуван на доживотно заточеништво. Во затворот во Мурзук се разболел и починал. Неговите другари Павел Шатев и Георги Богданов ја донеле и им ја предале неговата глава на родителите за да биде погребан во родната земја.

Милан Арсов е роден во 1885 година во Велешкото село Ораовец. Учел во гимназиите во Битола и Солун, но не го довршил школувањето. Во Солун се запознал со анархистичките идеи на Гемиџиите и станал член на Македонскиот таен анархистички кружок.

Повеќето од членовите на македонските анархисти биле интелектуалци, младинци на возраст од 18 до 22 години. Од Велес биле Јордан Поп Јорданов – Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов и Милан Арсов. Покрај нив, во Кружокот биле и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев и др. Милан беше најмалиот заговорник во групата на Гемиџиите.

Милан Арсов беше типичен феномен на епохата, која ги роди сите херои во револуционерната меморија на Македонија. Иако средношколец, беше тврдокорен, сигурен другар на заговорниците. Тој беше премногу млад, имаше само осумнаесет години, но, и покрај младоста, кај него на ентузијазмот му немаше граници. Во април 1903 година заде учество во Солунските атентати.

Бродот “Гвадалкивир“ беше запален во вторникот 15/28 април 1903 година. Истата вечер Димитар Мечев, Илија Тричков и Милан Арсов во Солунско ја минираа железничката линија Солун – Деде-Агач. Во експлозијата која ја предизвикале додека минувал возот, делумно била оштетена локомотивата и неколку вагони без да настрадаат патниците. Диверзијата предизвикала хаос во железничкиот сообраќај, а Милан и другарите без да бидат забележани, повторно се вратиле во градот, за да продолжат со зададените задачи.

Милан Арсов бил определен да фрли една бомба во летниот театар “Алхамбра”, а Георги Богданов во кафеаната “Њона” кај плоштадот до самиот кеј. На 29 – ти април вечерта, веднаш по згаснувањето на светилките со гасното осветлување, Милан Арсов и Георги Богданов со цигарите ги запалиле експлозивните пакети завиткани во убава хартија. За да нема човечки жртви фитилите намерно биле долги. Сепак во акцијата на летниот театар загинал еден келнер.

Во Солунските атентати кои се случија на 28, 29 и 30 – ти април 1903 година, во борбата со војската и полицијата биле убиени гемиџиите: Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Трајков. Убиените атентатори и други лица убиени за време на Солунските атентати биле погребани на славјанските гробишта во Солун во општа гробница околу малата црква параклис „Св. Апостол Павел, а само Константин Кирков бил погребан во оделен гроб.

Во Солунските атентати, осумнаесетгодишниот Милан Арсов бил ранет уапсен од полицијата. Покрај него беа уапсени Павел Шатев, (под псевдоним Георги Манасов), Марко Бошнаков и Георги Богданов, како голем број соучесници и соработници. Тие биле предадени на специјален воен суд, а Арсов, Шатев, Бошнаков и Богданов кој првично ги осуди на смрт.

На 6 јуни, Специјалниот суд во Солун во присуство на европски преставници, банкари и трговци, ги осуди преживеанитие Гемиџии на смрт според чл. 54.56 и 58 од Отоманскиот кривичен закон, а потоа биле помилувани на доживотно заточеништво.

Милан Арсов бил затворен во пустинскиот град Мурзук, во областа Фезан во Либија. Во затворот се разболел и починал во 1908 година. По амнестијата, неговите другари Павел Шатев и Георги Богданов ја донеле и им ја предале неговата глава на родителите за погреб.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top