Македонски легенди

Јанаки Стрезов

Yanaki Strezov from Ohrid

Yanaki Strezov from OhridЈанаки или Јаким Георгиев Стрезов (1818 – 23. IX 1903)е македонски просветен деец, деец на преродбата во Македонија. Во средината на XIX век активно се вклучува во борбата против патријаршиските (грчки) – црковни и училишни институции и воспоставување на првите македонски црковно-оросветни општини. За време на своето учителствување во Охрид тој го воведува во Охридското централно училиште мајчиниот македонски јазик.

Јанаки Стрезов е роден помеѓу 1818 и 1820 година во Охрид. Син е на Ѓорѓи (Ѓоре) Јанакиев Стрезов (1793 – 1856) од Трпејца, готвач на владиката Калиник Преспанско и Охридски и Арса Стрезова. Имал брат Анастас и четири сестри, од кои најголемата Марија (? – 1900) е мајка на Кузман Шапкарев. Учел во родниот град кај Димитар Миладинов и во грчка гимназија во Атина до 1840 година. По завршувањето на средното образование учителствувал во Охрид, во месноста Дебој, Месокастро и во Долна и Горна Влашка Маала како главен грчки учител.

Во есента 1850 година се запишал на историско-филолошкиот факултет на Атинскиот универзитет, а во 1853 ходина прекинал со студиите поради недостиг на средства и станал главен грчки учител во Крушево. Поради интриги на гркоманско влашката партија, Стрезов по неколку месеци бил принуден да го напушти градот. Повторно се вратил во Охрид, каде бил главен учител од 1854 до крајот на 1856 година. Од 1857 до 1859 година Стрезов учителствувал во блискиот град Корча, каде бил проследен од синовите на сите повидни охриѓани. Поради здравствени причини се вратил во Охрид и во наставните 1859 – 1860 и 1861 – 1862 година повторно е главен учител во градот.

Во периодот на преродбата предводена од Димитар Миладинов, кога македонскиот народ кон средината на XIX век се стреми за возобновување на Охридската архиепископија и воведување на мајчиниот јазик во наставата, Стрезов активно учествувал во црковно-просветната борба против Цариградската патријаршија. За време на своето учителствување во Охрид тој го воведува во Охридското централно училиште мајчиниот македонски јазик. Во 1862 година, кога кај сите славјански народи под османска власт доминира црковно-просветната борба против Патријаршијата, тој во Цариград помогнал во основањето на фондот на кожарскиот еснаф, кој ги презел трошоците за славјанското црковно-училишно дело.

Во 1865 гододина Стрезов учителствувал една година во Ксанти (Скеча), а во 1866-67 и 1867-68 година е учител во солунската грчка гимназија каде директор бил охридскиот гркоман Маргарит Димзов. Во Солун, Стрезов зема активно учество во животот на солунската славјанска колонија и контактира со браќата Ѓорѓи и Никола Паунчеви од Охрид, браќата Кирјак и Константин Држилови, од Негушкото село Држилово, Зографските монаси Климент (подоцна Зографски игумен) Евстатиј (подоцна пелагонијски митрополит) и ѓакон Аверкиј.

Во овој период покрај објавените учебници на Партенија Зографски („Кратка свештена историја“ 1857 г. и „Началное учение за децата“ 1859 г.) се јавуваат бројни пишувачи на учебници за училиштата во Македонија на македонски јазик, како што се Димитар Македонски („Кратка свештена историја за училиштата во Македонија“ 1867 г. и „Буквар за употребление в македонските училишта“ 1867 г.), потоа Кузман Шапкарев, Венјамин Манчуковски, Ѓорѓија Пучевски и други. Од Кузман Шапкарев од Кукуш, Стрезов добива учебници на мајчин македонски јазик, поради кои по две години престој во Солун бил отпуштен.

Во 1870 и 1871 година, Стрезов учителствувал две години во Драч. Од 1873 до 1875 година е повторно во Охрид, но веќе како учител назначен по препорака на митрополит Натанаил Охридски. Од 1875 – 1876 до 1876 – 1877, две години бил учител во Ениџе Вардар, а во 1877 – 1878 година во Богданци.

По Руско-турската војна се населил во Пловдив, каде што предава во 1878 – 1879 година. Потоа бил назначен за судија во Ќустендилскиот окружен суд, Бугарија. Но во 1880 година по барање од Егзархијата станал учител во Воден, потоа во Прилеп (1880 – 1881) и пак во Воден (1881 – 1882) и Кукуш (1882 – 1884). Потоа поради напредната возраст е повлекол во својот роден град.

Во текот на својот живот, следејќи ги стапките на Миладинов, Шапкарев и други преродбеници, Стрезов собира народни умотворби, а во 1895 година ги пишува своите спомени за преродбенски борба во Охрид.

Јанаки Стрезов умира на 23 септември 1903 година во Охрид.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top