Македонски легенди

Милан Генов

Milan Genov so soprugata

Milan Genov so soprugata

Милан Генов (2. III 1877 – 15. II 1928) е македонски фармацевт и деец на Македонската револуционерна организација. Дипломирал фармација на Медицинскиот факултет во Цариград (1900) и ја отворил една од првите стручни аптеки во Скопје со амбулаторија за лекарски прегледи и преврски на ранети четници. Често бил затворан од турската власт. Во серијата убиства на интелектуалци е убиен во својата аптека од месните српски власти.

Милан Генов е роден во 1 март 1877 година во Злетово. Син е на Арсо Генов Злетовецо (? – 1918) и на Анастасија. Со основно образование се стекнал во Штип, а потоа учи во машката гимназија во Скопје. Гимнзиското образование Милан Генов го оформува во Ќустендил каде завршил IV и V клас, а потоа извесен период престојува во Разград, каде работи во аптеката на Торчанов. Оваа работа ќе биде предизвик, тој да го продолжи своето образование на Медицинскиот факултет во Цариград.

По дипломирањето на Медицинскиот факултет во Цариград како фармацевт во 1900 година, Милан Генов се обидува да отвори сопствена аптека во Штип. Меѓутоа, иако градот имал голема потреба, турските власти не му дозволиле. Поради тоа, тој се обидел во Скопје, каде и покрај пречките на кои наишол, тој успеал да го добие потребното овластување.

По добивањето на овластувањето од турските власти Милан Генов отвора сопствена аптека. Со помош на средствата кој ги фобива од татко му, Генов ја опремил аптеката со сопствена амбуланторија за лекарски прегледи и преврски. Над неа поставил голема фирма со натпис на турски и мајчин јазик. Таа беше првата македонска аптека во скопскиот вилает и беше поздравена од македонското население.  Истата година се жени за Катја Шукарова од Велес.

Милан Генова зборувал француски, германски, турски и арапски, што помагало во трговската активност.  Меѓутоа, поради сомнителни активности, како сомнеж дека во неговата амбуланта им помагал на повредени четници на Македонската револуционерна организација. турските власти го затвараат неколу пати.

Во Втората балканска војна Генов бил уапсен и од новите српски власти заедно со други 150 истакнати Македонци во Скопје. За време на Првата светска војна во неговиот дом престојувал меѓудругите и генерал Александар Протогеров. До крајот на војната Милан Генова бил санитарен офицер во бугарската армија.

Во 1926 година Катја (Катерина) Генова заедно со Цонка Наумова, Гена Велева, Стојка Стефанова, Параскева Тошева, Славка Кратовалиева, Ленка Панкова и Невена Анчева создаваат Женската организација на Македонската Младинска Тајна Револуционерна Организација (ММТРО).

По аферата со затворањето на членовите на ММРРО и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.

Меѓутоа, по убиството на Велимир Прелич српските власти вршат голем број убиства против интелектуалци. Милан Генов е убиен во аптеката на улицата “Сарава” 32 во Скопје од Стефан Певкович од Босна, деец на организацијата Народна одбрана, предводена од Скопскиот жупан Јован Наумович и митрополитот Варнава. Помошникот на Генов во аптеката Драган Михајлов, едвај преживеал. На погребот на Милан Генов се собрале стотици граѓани, а потоа градот долго време жвиее во страв и мнозинството трговци ги затвораат своите продавници.

По убиството на Милан Генов, повидни Македонци го напуштија Скопје. Едни се населија во Белград, а други во Солун. Истото се забележува и во широките народни маси во околијата. Народот бил опфатен со страв и престанал да се движи. Од околните села престанале да доаѓаат во Скопје како последица на формалностите кои биле потребни за движењето од еден до друг пункт.

Милан Генова не оставил наследници по неговата смрт и неговата сопруга Катја е принудена да ги продаде имотот, а еден дел остава на својата сестра по својата смрт. Аптеката на Милан Генов постоела до 1941 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top