Македонски легенди

Крум Монев

KrumMonev

KrumMonevКрум Солунов Монев (5 V. 1927 – 18 II. 2001) е македонски револуционер во Пиринска Македонија, борец за ослободување и обединување на Македонија. Учествува во четата Герасим Тодоров. Поради македонизмот издржал 16 години затвор, одбегнувајќи ја смртната казна поради малолетност. Овој македонски патриот и писател за својата националност ќе изјави „Македонец – фанатичен до болест“

Крум Солунов Монев е роден на 5 мај 1927 година во селото Оштава, Светиврачко, Пиринскиот дел на Македонија, во сиромашно, многудетно семејства. На осум години останал без татко. Поради сиромаштијата е принуден рано да го напушти училиштето. Тој учи само до 4-то одделение. На 12 години станува наемен работник по туѓи домови. Најчесто платата му била само исхраната, некоја облека и обувки.

Монев рано се осознава како Македонец. Во својата автобиграфија “Македонија мојата потпора” тој опишал кога и како започнал со осознавањето како Македонец и откривањето на неговата вистинска татковина.

Тоа започна додека бил во училиште кога морал да ја учи песната од Вазов “Б’лгарче” – “Јас сум б’лгарче”. Меѓутоа, постепено почнал да се појавува сомнеж кај него дека  “б’лгарче”. Голем број историски факти го тераат да се замисли. Тој ја согледува заблудата и потоа, како младинец по селските прослави рецитира песни на македонска тематика. До крајот на животот останува цврст и непоколеблив македонски патриот.

Во почетокот на 1948 година, бугарските безбедносни служби свесни за неговите промакедонски чувства не му дозволуваат да служи во бугарската армија, туку го испраќаат да служи во „Трудовите војски“. Таму биле испраќани сите оние за кои се сметало дека немаат бугарско национално чуство (Турци, Македонци, помаци, Власи и др.). Едноставно, тие не требало да имаат добра воена обука.

Но, наместо кон трудовата единица, Крум Монев го фатил патот кон Пирин, каде  од крајот на 1947 година има неколку партизански формации, кои се борат против новиот комунистички режим во Бугарија. Тој се приклучува на 6 – тиот пирински одред на Герасим Тодоров, наречен од кумунистите „бандата на Герасим“.

На сите оние кои не се согласувале со комунистичкиот режим и се бореле за обединување на Македонија, бугарските власти им лепеле разни етикети и препишувале разноразни злосторства како оправдување пред јавноста за акцијата која се припремала.

По помалку од три месеци, по 9 март 1948 година,  Пирин планина била блокирана од војска и милиција. Единицата на Тодоров е поразена, а десетици се убиени. Други десетици кои биле фатени биле осудени на различни години затвор.

Крум Монев е осуден на петнаесет години самица. По малку повеќе од осум години, од кои три години во кампот на островот Белене, тој е ослободен. Испратен е да служи во трудивите војници. Неколку месеци подоцна бега од единица и преку Југославија сака да оди во Италија или Австрија. Меѓутоа, бил фатен од југословенските власти и вратен во Бугарија. Повторно лежи во бугарските затвори. Така поминува во затвор околу 16 години.

Бугарските затвори стануваат неговиот универзитет, кој му дава добра подготовка за неговото творештво. Но, времето поминато во ужасните услови во бугарските му го уништува здравјето на Крум Монев. Отој почина на 18 февруари.2001 година во Долна Градешница, Бугарија.

Крум Монев остави како наследство два свои труда – “Македонија мојата потпора”, во 4 делови (три тома), и романот “Змејот”. Значењето на ова наследство за Македонија е огромно. Како учесник во настаните, тој ни ја открива вистината за борбата на македонските патриоти во Пиринска Македонија непосредно по Втората светска војна.

Од творештвото на Крум Монев дознаваме за уште една епизода од поновата македонска историја, за Герасим Тодоров и неговото нелегално движење во периодот 1947/1948 година Истовремено тој ги опоменува своите Македонци велејќи дека: “горчливо е нашето минато, горчливи и свежи се спомените од “братската” помош … – грешките на нашите дедовци и татковци никогаш не треба да се повторуваат во иднина”.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top