Македонски легенди

Константина Бојаџиева – Русинска

Ohrid Ilinden Uprising Flag

Ohrid Ilinden Uprising Flag

Константина Евтимова Бојаџиева – Русинска (1880 – 1932) е македонска учителка и деец на Македонско револуционерна организација. Во 1901 година застанува на чело на друштвото “Успение Богородично”  чие мото било “Кога ќе ја ослободиме Македонија, жените ќе имаат истите права”. Со друштвото раководи до крајот на 1903 година и активно учествува во подготовките за Илинденското востание. Со членовите на друштвото го изработуваат познатото охридско востаничко знаме на Македонската револуционерна организација.

Константина Русинска е родена во 1880 година во Охрид, како единствен ќерка на богатиот трговец Евтим Настев Бојаџиев. Константина завршува основно образование во родниот град, а гимназија во Бугарија. Потоа работи како учителка и предава во основно училиште во Охрид.

Во меѓувреме, во 1885 година во Охрид е основано друштвото “Успение Богородично”. Основните цели на ова друштво биле да се обезбеди материјална и нематеријална помош за образование на сиромашните и особено на жените. Друштвото организирало седмични просветни класови на кои се држеле лекции за еманципацијата на жените. Главното мото на друштвото било “Кога ќе ја ослободиме Македонија, жените ќе имаат истите права”.

Меѓу повидните членови на организацијата биле Василка Размова, Клио Самарџиева, Атина Шахова, Поликсена Мосинова, Марија Пармакова. Пред почетокот на есента 1900 година, друштвото “Успение Богородично” се придружува кон Македонската револуционерна организација.

Константина Бојаџиева ги прифаќа социјалистичките идеи за рамноправност и еманципација на жените. Во 1901 година застанува на чело на друштвото “Успение Богородично” и со друштвото раководи до крајот на 1903 година. Под нејзино раководство, охридското женско друштво активно учествува во подготовката на востанието во Охридско.

Охридските учителки создаваат во куќата на Методи Патчев тајна болница за лечење на ранети македонски востаници. Поликсена Мосинова, Василка Размова, Клио Самарџиева и Константина Бојаџиева го изработуваат охридското востаничко знаме на Македонската револуционерна организација, на којашто млада жена со тробојно знаме во раката и лав го газат османското знаме, а странично се испишани натписи „Слобода или смрт“ и Македонија.

Во 1902 година Бојаџиева се запознава со македонскиот револуционер Никола Русински. По Илинденското востание, двајцата бегаат во Бугарија и Бојаџиева работи како учителка во селото Скравена. На 4 април 1904 година таа се мажи за Русински, со кого има три ќерки.

За време на Првата светска војна, двајцата одат во Русиново, родното место на Никола Русински. Константина работи како учителка во Берово од 1915 до 1918 година.

По војната, семејството останува извесен период во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Русински ја поддржува Југославската комунистичка партија во Малешево, агитира за неа на локалните и парламентарните избори во август и септември 1920 година.

По забраната на партијата на 30 декември 1920 година – така наречена Обзнана, семејството емигрира во Бугарија на 27 февруари 1921 година и се населува во Ќустендил.

Константина заболува од пневмонија и четвртото дете и умира малку после раѓањето. Русински работи како дрводелец во Горна Џумаја, а Константина како учител во 1922 – 1923 година.

Константина Бојаџиева – Русинска умира од пневмонија во 1932 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top