Македонски легенди

Атанас Спасов – Таската Серски

Yane Sandanski i Taskata Serski

Yane Sandanski i Taskata Serski

Атанас Спасов (1876 – 7 VII 1923) познат како Таската Серски е војвода наМакедонската револуционерна организација. Учествувал во битката во село Баница кога загинал Гоце Делчев (4. V 1903). По Илинденското востание бил член на Серскиот окружен комитет и серски војвода (1904). По Младотурската револуција станал член на Народната федеративна партија (1908-1910). Се залагал за автономија и целовитост на Македонија. Бил член на Привременото претставништво на Обединетата бивша ВМРО и потписник на Апелот (9. III 1919). Убиен е за време хируршка операција.

Атанас Спасов или Таската Серски е роден во февруари 1876 во село Врања, Пиринска Македонија. Во 1901 година го завршува педагошко училиште во Сер, каде организира револуционерен кружок. Неколку години потоа работел како учител во село Шугово.

Таската Серски станува четник кај Јане Сандански и близок соработник на Гоце Делчев, при кој четува во 1902 година. Учествува во битката на 4 мај 1903 г. (21. IV/1903 г. – ст.ст.) кај селото Баница, во која загинува Гоце Делчев.

По Илинденското востание бил член на Серскиот окружен комитет и серски војвода кој во 1904 година во својата чета има 28 четници. Подвојводи му биле од Серско: Костадин Јанчев од Нова маала, Димитар Терзијски од Фраштани и Димитар од Горно Броди.

Во 1908 година Таската Серски учествува во Младотурската револуција и станал член на Народната федеративна партија (НФП). Во 1910 година бил избран за член на Центалното таководство на НФП.  Таската Серски се залагал за автономија и целовитост на Македонија, како пиемонт на Балканската федерација.

Во 1910 година, министерот за внатрешни работи Мехмед Талат бег преку парламентот го укинува “Законот за здруженијата” и забранува формирање на здруженија со национален карактер. Во рамките на целата империја се забрануваат сите национални клубови, а во Битолскиот вилает започнува акција за одземање на оружјето од припадниците на Македонската револуционерна организација, која ја предводи Шевкет Тургут паша.

Ваквите постапки предизвикаа конфликт помеѓу турските власти и македонските дејци. Во октомври 1910 година, во текот на одземањето на оружјето, Таската Серски бил малтретиран од турските власт.

Таската Серски зел учество во Балканските војни 1912 и 1913 година и во Првата светска војна (1915 – 1918). За време на Балканските војни тој бил војвода на чета на Македонско-одринско ополчение, а подоцна служел во штабот на 15 штипска дружина. По ослободувањето на Сер во 1912 година, Серски бил назначен за негов кмет.

По војните Таската Серски станал член на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација, кое е формирано по обединувањето на серчани и револуционерите од Западна Македонија на поранешната Македонска револуционерна организација.  Привременото претставништво на 9 март 1919 година објави Апел до македонскиот народ за постигнување единство во барањето на самостојност на Македонија. Во Апел кој го потпишал и Таската Серски се вели: 

„Македонското население, без разлика на народност и вера, по се што проживеа има цврста и свесна желба неговата земја да се запази цела и неразделна како самостојна политичка единица на Балканот во нејзините природни балкански граници врз база: Солун како општ центар, Вардарската долина, Скопје и Битола со нивната стопанска и економска заднина… На вака создадената држава да и се даде самоуправа со полна рамноправност и еднакви права на сите народи без разлика на бројност и при отсуство на секакви духовни и политички установи кои би и дале предност на која и да било од нив или би побудиле сомневање или страв од зародување на сепаратистички стремежи и аспирации..“

Во преметките на левицата и десницата на македонското револуционерно движење, Таската Серски е убиен на 7 јули 1923 година на операциона маса, за време на хирушка операција на слепо црево.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top