Македонски легенди

В’ндо Гошев

Vando Gyoshev

Vando GyoshevВасил Георгиев Танов (1858 – 1917) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат е како В’ндо Гошев, В’ндо војвода, Стари В’ндо и “борбената гордост на Мегленско”.

По Илинденското востание се спријателува со Апостол Петков и во 1904 година го прави четник сопствениот син Георги В’ндев. По Хуриетот накратко станува легален, но една година подоцна пак ги обиколува Ениџевардарско, Ѓумурџинско, Гевгелиско и С’ботско. Агитира избеганите војводи да се вратат во Македонија

В’ндо Гошев е роден во 1858 година во Мегленското село Лесково, Егејска Македонија. Се приклучува на ТМОРО уште во 1893 година прво како курир, а потоа станува и војвода. Во 1894 година влегува во конфликт со грчкиот владика на кого не му дозволува да постави грчки свештеник во селото.

Во 1898 година неговиот брат Стојан е убиен од поткупен човек од владиката, а тој е гонет од турските власти. В’ндо Гошев бега во Ениџе Вардар и со братовите синови Гошко и Мичко се приклучува на врховистичката чета на Иванчо Карасулијата во 1902 година. Но, војводите Апостол Петков и Аргир Мансиев го привлекуваат Карасулијата кон Македонската револуционерна организација.

Во 1903 година, за време на Илинденското востание, четите на Крсто Асенов, Апостол Петков и Иван Карасулијата се обединуваат и учествуваат во повеќе големи битки во Гевгелиско и Ениџевардарско. В’ндо Гошев се спријателува со Апостол Петков и по Илинденското востание, во 1904 година го прави четник сопствениот син Георги В’ндев.

Во 1908 година по Хуриета накратко станува легален, но една година подоцна пак ги обиколува Ениџевардарско, Ѓумурџинско, Гевгелиско и С’ботско. Агитира избеганите војводи да се вратат во Македонија и се бори во планините на Кожув и Пајак. Во текот на зимата се повлекува во Бугарија и повторно влегува во Македонија во 1910 година, заедно со војводите Христо Чернопеев, Апостол Петков и Ичко Димитров – Ѓупчето.

По убиство на ениџевардарското сонце, војводата Апостол Петков на 2 август 1911 година, Ичко Димитров го презема раководството на Солунски револуционерен округ, а подредените му се Иван Палошев кој обиколува во реонот на Ениџевардарското езеро и В’ндо Гошев, кој го има околу Корнишор.

Во пролетта 1912 година четата Ичко Димитров се соединува со четата на В’ндо Гошев и го зацврстува статусот на организацијата во Пајак планина. На 19 септември 1912 година четата влегува во селото Крива, но е предадена и влегува во тешка борба со турскиот аскер. Селото е делумно опожарени по артилериски напад, доста мирни селани биле убиени, а четата се повлекува кон Корнишор на 20 септември. Потоа Ичко Димитров организира одмазда за убиството на Апостол Петков, а потоа заедно со В’ндо Гошев се насочуваат кон Крушаре. Потоа водат борба со турскиот аскер крај врв Бајраците на пат за Гевгелиско.

По избувнувањето на Балканската војна на 26 септември 1912 година (9 октомври нов стил) В’ндо Танев влегува во Прва посебна партизанска чета. Кај селото Крива на 9 октомври 1912 година го разбива турски аскер, а на 19 октомври ја помага грчката армија и го ослободува Ениџе Вардар.

На 15 декември В’ндо Гошев и неговиот син Георги се уапсени од грчките власти и осудени на смрт. Затворени се во Еди куле, од каде Георги успева да избега, а војводата В’ндо Гошев е тепан, оставен да гладува, труен и конечно убиен во 1917 година.

Македонскиот народ во народната песна пее за војводата Апостол Петков и В’ндо Гошев.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top