Македонски легенди

Ризо Ризов

Rizo Rizov

Rizo RizovРизо Ризов (1. I 1872 – 6. I 1950)  e истакнат македонски национален деец, член Македонската револуционерна организација (МРО), учесник во Илинденското востание и во задушувањето на контрареволуцијата во Цариград. По основањето на МРО станал нејзин член и дејствувал како организатор на револуционерни групи и организациони комитети во македонските села и градови. По Првата светска војна бил еден од основачите на Привременото претставништво на бившата ВМРО и потписник на Декларацијата за автономна Македонија и против новото поробување. Тој бил еден од основачите на ВМРО (Об). Се застапувал за обединување на македонските револуционери во единствен ослободителен македонски национален комитет. Како претставник на ВМРО (Об) престојувал во Австрија, Германија и СССР и ја запознавал светската јавност со праведната ослободителна борба на Македонскиот народ.

Ризо Ризов е роден на 1 јануар 1872 година во Велес. Се школувал во Велес и Ќустендил, а потоа учителствувал во родниот град. По основањето на Македонската револуционерна организација (МРО) станал нејзин член и близок соработник на Гоце Делчев. Дејствувал како организатор на револуционерни групи и организациони комитети во македонските села и градови. Во 1903 година, Ризов учествувал во Илинденското востание, а од 1904 е член на Велешкиот околиски комитет. Истата година е ранет од група сарафисти.

Ризов е меѓу основачите на Народната Федеративна партија. Во 1909 година, Ризов учествува во задушувањето на контрареволуцијата во Цариград. По контрарецолуцијата во Истанбул, Ризов учествува во работата на Комитетот за јавна безбедност во Велес, која ја раководат цивилните и воените власти во регионот. Во составот на Комитетот влегуваат 6 Македонци и 6 Турци.

По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година и окупацијата на Македонија, во декември 1912 година, Ризов учествува на состанокот на македонските дејци во Велес, организиран од Димитар Чуповски. На состанокот присуствувале Ангел Коробар, Петар Поп Арсов, Александар Мартулков, Крум Зографов, Јован Поп Јорданов, учителот Иван Елезов, Димитар Ничев и Методи Поп Гошев. Тие решаваат да испратат претставници на Лондонската конференцијата, како и во Париз, со цел да се борат за зачувување на целовитоста на Македонија. Ризов заминува за Солун за да се сретне со видни македонски дејци за да добие поддршка, но таа била попречена од бугарските емисари кои се заканувале дека глави ќе паднат доколку се говори за автономија на Македонија.

По Првата светска војна Ризов бил еден од основачите на Привременото претставништво на бившата ВМРО и потписник на Декларацијата за автономна Македонија и против новото поробување. Тој е приврзаник и на идејата за создавање македонска национална партија во Вардарскиот дел на Македонија и се застапувал за обединување на македонските револуционери во единствен ослободителен македонски национален комитет.

Во текот на летото 1924 година во Виена, Тодор Паница и Ризо Ризов разгледуваат идејата за создавање на новата револуционерна организација во Вардарска Македонија. Ризов бил еден од основачите на ВМРО (Об). Тој е поврзан со Панко Брашнаров и со помош на Велешките социјалисти создаваат привремено претставништво на ВМРО (обединета). Според планот требало да се поврзат и со Питер Чаулев, кој бил убиен подоцна истата година.

Во 1925 Ризо Ризов е избран за кандидат член на ЦК на организацијата. Кон крајот на 1926 година поради болест ја напушта Виена. Во 1930 година присуствува на Цариградската конференција на ВМРО (обединета), како член на ЦК на ВМРО (об.) и претставник на комунистичкото крило на организацијата. Потоа, тој емигрира во СССР.  

Како претставник на ВМРО (Об), Ризов престојувал во Австрија, Германија и СССР и ја запознавал светската јавност со праведната ослободителна борба на Македонскиот народ за слобода и сопствена држава.

Ризо Ризов познат под псевдонимот Константинович, по ослободувањето на Македонија, се вратил во Скопје во 1945 година, каде што умира на 6 јануар 1950 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top