Македонски легенди

Симеон Костов Крстев Сиин

Simeon Siin

Simeon SiinСимеон Сиин (12. V 1863 – 20. II 1929) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Се занимава со трговија и влегува во Македонската револуционерна организација во 1895 година. За време на Илинденското востание е началник на Мокренскиот центар и учествува во заземањето на Невеска и Клисура. Познат под псевдонимот Крумски, во Кавала создава комитет на организацијата и покрстува над 150 Македонци од градот и околните села. Одржува врски со раководителот на Серскиот револуционерен округ Јане Сандански.

Симеон Костов Крстев Сиин е роден на 12 мај 1863 година во костурското село Мокрени, Егејскиот дел на Македонија. Брат е на Никола Сиин, македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација.

Симеон  учи до IV одделение во родното село на грчки јазик. Како дете заминува со својот татко Коста за Варна, Бугарија, каде што се занимаваат со трговија со овошје и зеленчук. По три години татко му Коста се враќа во Мокрени и бизнисот го превзема Симеон.

По пет години Симеон Сиин ја напушта Варна, се враќа во Мокрени, каде се жени. Година дена потоа повторно заминува за Варна, каде со партнерот развил бизнис со лозја и дуќани.  Меѓутоа, Сиин бил повикан  да служи војска во Осмиот пешадиски приморски полк. Не сакајќи да служи во бугарската армија, по два месеци тој бега од војската со брод за Цариград, каде што се населува и почнал да работи. Во меѓувреме, имотите партнерот ги продава.

Во 1888 – 1889 година во Цариград влегува во револуционерен комитет. Потоа заминува за Солун, каде држи мала продавница во дворот на турска касарна. Турските власти го апсат под сомневање за револуционерна дејност. Набрзо е ослободен, но му било забрането да ја држи продавницата и тој заминал за Мокрени.

По две години, Сиин заминал за Кавала, каде со партнерот се занимавал со млекарство и гостилничарство и заработил многу пари. Нив ги вложува во кушување куќи во центарот на градот и за изградба на нови. Се стекнува со добро име пред властите, што го користи за да ги брани пред нив сиромашните Македонци од градот кои имале потреба од помош.

Во 1895 година, Сиин влегува во Македонската револуционерна организација и во Кавала создава комитет на организацијата. Тој покрстува над 150 Македонци од градот и околните села, главно градинари, тутунски работници и ѕидари од Костурско и особено од Нестрам. Одржува врски со раководителот на Серскиот револуционерен округ Јане Сандански.

За време на Илинденското востание, Сиин е началник на Мокренскиот центар и учествува во заземањето на Невеска и Клисура. По поразот на востанието обиколува низ планините со луѓе од Мокренската чита и во доцна есен ја поминува границата со Грција.

Сиин потоа од Атина со пароброд пристигнува во Варна, каде работи една-две години. За тоа време тој успева да отвори мала гостилничка. Тој се залага за автономна Македонија, но, во 1909 година добива парализа.

Симеон Сиин умира на 20 февруари 1929 година во Варна.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top