Македонски легенди

Тодор Христов – Офицерчето

Todor Hristov

Todor HristovТодор Христов – Офицерчето (20. I 1883 – 21. IX 1903) е македонски револуционерен деец и велешки војвода на ТМОРО. Завршил воено училиште во Софија. Како бугарски кавалериски потпоручник на I пешадиски кавалериски дивизион, на Смилевскиот конгрес (12-17. V 1903) бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во Битолско и Крушевско. Во Илинденското востание, при нападот на Крушево, командувал со Седмиот (селски) востанички одред од 20 борци од селата Селце, Обршани и Вранче. По ослободувањето на градот ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработката на црешовото топче.

Тодор Христов е роден во 1878 година во Велес. Според “Македонска енциклопедиjа” том 2, стр. 1591 е роден во Софија на 20.01.1883 година Завршува I прогимназиски клас. Учи во Военото училиште во Софија, кое завршува во 1902 година и започнува служба во Петти конен полк.

Во почетокот на пролетта на 1903 година го напушта служба и заминува за Македонија. Влегува во четата на Питу Гули која оперирала во Крушовско. Како бугарски кавалериски потпоручник на I пешадиски кавалериски дивизион, на Смилевскиот конгрес (12-17. V 1903) бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во Битолско и Крушевско.

Во изработка на планот за заземање на Крушево непосредно учествувал и револуционерот – поранешниот офицер Тодор Христов – Офицерчето кој предходно влегол во градот и ги скицирал објектите за напади: касарната, конакот, беледијата (општината), поштата и другите владини и државни установи, како и поважните пунктови во градот.

При нападот на Крушево на 2 август 1903 година, во осум воени групи биле распоредени 750 вооружени востаници под команда на добро подготвени началници – војводи. Тодор Христов – Офицерчето командувал со Седмиот (селски) востанички одред од 20 борци од селата Селце, Обршани и Вранче.

На 4 август 1903 година во градот влегува Штабот на крушевските востаници свечено дочекан од народот. При овој дочек, началникот на Штабот, Никола Карев одржал пред ослободените граѓани револуционерен говор, прогласувајќи ја првата Македонска Република и повикувајќи го народот да избере привремена републиканска влада.

Тодор Христов – Офицерчето по ослободувањето на градот е меѓу раководителите заштитата на Крушовската република. Тој ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработката на црешовото топче.

На крајот на востанието на 21 септември 1903 година заедно со 18 четници води борба во планината Виљач, Скопско-Прешевската во која Тодор Христов и 11 четници загинуваат.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top