Македонски легенди

Благој Јанков – Мучето

Blagoj Jankov

Blagoj JankovБлагој Јанков – Мучето (3. VI 1911 – 14. VII 1944) е македонски револуционер, шивачки работник, комунистички деец и народен херој. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. X  1936), по што заминал во Белград. Во 1936 година бил примен за член на КПЈ. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и член на привремениот ПК на КП во Македонија (од септември 1940). Како инструктор на ПК со седиште во Штип (октомври 1940 – август 1943), бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и Радовиш. При една партиска провала во Штип (17. VIII 1943) бил ранет, а во друга провала во Струмица загинал во борба со бугарската полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951).

Благој Георгиев (Гонев) Јанков е роден на 3 јуна 1911. година во Струмица, во сиромашно семејство. На четири години останал без татко, по што неговата мајка се премажила за Гоне Јанков, по кого Благој го добил презимето. По основното училиште, Благој завршил уште два класа пред да биде исклучен од струмичката гимназије. По исклучувањето, почнал да го изучува шивачкиот занает, а потоа заминал на печалба во Београд.

Во Белград се вработил во шивачка работилница за машка и женска облека. Таму му пристапува на работничкото движење и поради интензивната работа набрзо станува синдикален функционер. Организаирал штрајкови и излети, и станал омилен меѓу македонските печалбари во Белград.

Дејност на Благоја била забележана од полицијата и веќе во 1927 година првпат бил уапсен како опасен антидржавен елемент. Тој бил затворен во белградскиот затвор Главњача, каде бил измачуван. По шест месеци бил пуштен и протеран во роднит град.

По доаѓањето во Струмица, Благоја се ангажирал во организирињето на работниците во Сојузот на работничките синдикати на Југославија. Наишол на добар одзив и во периодот од 12 до 15 октомври 1936 година го раководи штрајкот на кројачките работници кој успешно го завршил. Поради развиената сидикална активност, полицијата го прогонува и тој повторно заминал за Белград.

Во 1936 година станал член на Комунистичката партија Југославија. Како искусен синдикалец и организатор на штрајкови влегол во Штрајкувачкиот одбор во Белград. Во текот на една демонстрација, полицијата повторно го уапсила и го мачела во затворот Главњача. По излегувањето од затвор Благоја станал член на Реонскиот комитет на КПЈ во Белград.

Во септември 1940 година Благој Јанков станал член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Потоа била упатен на местото инструктор во источна Македонија. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и од септември 1940 година станал член на привремениот ПК на КП во Македонија.

Благоја Јанков – Мучето бил организатор на првите отпори на бугарските окупаторски власти во Струмица. Како инструктор на ПК со седиште во Штип од октомври 1940 до август 1943 година, бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и во Радовиш.

Бугарската полиција набрзо го открила и ја пратела неговата дејност. Како илегалец најмногу се движел во Штип и околината. Во својство на член на Обласниот комитет создал партизанска база во селото Долани.

Како секретар на Четвртиот окружен комитет на КПМ во Штип од март 1943 до1944 година, при една партиска провала во Штип бил ранет на 17 август 1943 година, а во друга провала загинал во борба со бугарската полиција на 14 јули 1944 година во Струмица.

Благој Јанков – Мучето прогласен е за народен херој на Југославија  на 11 октомври 1951 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top