Македонски легенди

Естреја Овадија – Мара

Estreya Ovadia

Estreya OvadiaЕстреја Хаим Овадија – Мара (25. XII 1923 – 26. VIII 1944) е припадник на еврејската заедница во Макединија, учесник во Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) и народен херој на Југославија. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, заминува во илегала (10. III 1943) и се вклучува во партизанскиот одред “Даме Груев“ (5. IV 1943)м а потоа во НОПО “Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета, а при формирањето на Седмата македонска НО бригада (22. VIII 1944) за политички комесар на баталјон. Загинала во борба со бугарските окупаторски сили.

Естреја Хаим Овадија – Мара е родена на 25 декември 1923 година во работничко сефаридско еврејско семејство во Битола. Рано останала без татко и многу млада Естреја и нејзините две сестри ја почуствувале сета беда на серимоштијата. Нејзината мајка работела како перачка по богатите битолски семејства, а во издржувањето на семејство се грижела и малата Естреја. Иако морала да работи, таа го посетувала училиштето и била активна во еврејската заедница.

Многу рано се вклучила кон напредното работничко движење и била еден од најактивните членови во организациите на напредната младина во својот роден град. Особено била активна во еврејската младинска организација.

Во 1938 година, Естреја со неполни 16 години се активирала во Еврејското хуманитарно друштво “Визо“ во Битола. Како нивна активистка, таа заминала на работа во Белград, каде се вклучува во работничкото движење.

Во текот на нејзиниот тригодишен престој во тогашната престолнина таа се запознала со повеќе напредни луѓе и ја засилила револуционерна активност.Нејзинот бунтовен карактер доаѓа до израз за време на мартовските демонстрации (27 март 1941 година), кога ја предводела работничката група против предавничката политика на тогашната профашистичка југословенска влада.

Во предвечерието на Втората светска војна, како докажан активист, Естреја станала член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ). Во Белград останала да дејствува се до нападот и окупацијата на Југославија во април 1941 година. Веќе во мај, истата година се вратила во Битола, каде се вклучила во подготовките за вооруженото востание.

800px-Estreja OvadijaЕстреја била особено популарна меѓу еврејската младина. Во 1942 година Естреја Овадија – Мара, станала член на КПЈ, а непосредно пред депортацијата на битолските Евреи, на 10 март 1943 година, таа преминала во илегала. На почетокот, на 5 април 1943 станала борец на Битолско-преспанскиот партизански одред НОПО “Даме Груев“, потоа во НОПО “Гоце Делчев“, кои воделе борби со италијанскиот окупатор во околината на Преспанското Езеро.

Естреја како борец се истакнува во повеќе борби и храбро го издржува Февруарскиот поход, кога со единицата од теренот на јужна Македонија, преминува на теренот на Козјак, о оклината на Куманово.  

При формирањето на Третата македонска ударна бригада Естреја била назначена за заменик политички комесар на чета. На таа позиција таа се истакнува во борбите за Ристовец, Биљача, Злетовските рудници, Кратово и на Петрова Гора. Исто така со својата единица се наоѓа на обезбедување на Првото заседание на АСНОМ.

Набрзо потоа е испратена во околината на Битола, а на 22 август 1944 година, при формирањето на Седмата македонска ударна бригада (Битолска ударна бригада) во селото Зборско, на планината Кожуф, таа станала политички комесар на баталјон. Бригадата по формирањето преминала во Битолско, каде ги нападнала позициите на бугарските сили на просторот Ресен – Битола.

Во борбите кои Седмата македонска ударна бригадата ги води со бугарските окупаторски сили за граничните Караули на планината Кајмакчалан од 24 до  28 август 1944 година, Естреја Овадија – Мара загинала на 26 август 1944 година.

На 11 октомври 1953 година, по повод Ден на востанието на Македонија, Естреја Овадија – Мара е  прогласена за народен херој на Југославија.

1280px-Estreya Ovadia Street

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top