Македонски легенди

Борка Велески

Borka Veleski

Borka VeleskiБорка Велески  – Горанов (1912 –14. IX 1942) е македонски национален деец, учесник во НОБ и народен херој од НОАВМ. Во 1938 година, како синдикален активист бил организатор на едномесечен штрајк на монополските и на занаетчиските работници во Прилеп. За време на Втората светска војна, како член на КПЈ бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилепско и командир на чета на НОПО “Димитар Влахов“.

Борка Велески  – Горанов (Левата) е роден 1912 година во Прилеп. Потекнува од сиромашно семејство и родителите прават се тој да се стекне со образование. Борка учи основно и средно во Прилеп. Иако бил одличен ученик, бидејќи почнал да чита од забранетата марксистичка литература, бил исклучен од 7 – ми клас на Прилепската гимназија. Борка потоа се запишал во военото училиште во Нови Сад, но и тоа не го завршил, па се вратил во родниот град.

По враќањето во родниот град почнал да се занимава со одгледување на тутун. Согледувајќи ги проблемите со кој се соочуваат прилепските тутунари, тој станува еден од иницијаторите и основачите на Здружението на производителите на тутун во Прилеп. Со својта работа и чесност набрзо ја стекнува довербата кај народот, а сезонските работници од монополот бараат тој да ги предводи во штрајкот.

На 4 април 1938 година, како еден од раководителите, Борка Велески  стои на чело на 2.000 штрајчувачи, на кои им се приклучуваат уште 1.000 занаетчии. Штрајчувачите кои бараат подобрување на материјалната положба, по месец дена постигнуваат делумен успех. Меѓутоа, како предводник на штрајкувачите Борка бил уапсен под обвинение дека во говорите пред штрајкувачите внесувал „политички содржини“. Набрзо бил пуштен, но како неподобен му била затворена вратата за ново вработување. 

Борка Велески  станува секретар на Здружението на производителите на тутун, кое се залага да добие подобра продајна цени на тутунот. Велевски кој бил повереник за откуп, во последните две години пред почетокот на Втората светска војна, се стекнува со голем углед меѓу граѓаните на Прилеп.

Уште пред почетокот на Втората светска војна Борка Велевски станува член на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ). Во пресрет на Априлската војна (6 април 1941 година, напад на предвоена Југославија), Борко често бил повикуван на воени вежби.

По окупацијата, Брка Велески влезе во првата партизанска чета на Селечка Планина, на 12 септември 1941 година. Бидејќи бил пешадиски наредник, тој бил војнички најобучениот партизан во четата. Тој ги обучуваше младите борци кои го нападнаа Прилеп на 11 октомври. Во текот на 1941, и до септември 1942 година, одредот на Борка преземал најмногу акциии.

Борка Велески – Левата како командант на Прилепскиот одред “Димитар Влахов”, во мај 1942 година станал познат под псевдоним Горанов.

Во септемвриската непријателска офанзива првата чета на одредот “Димитар Влахов”, во која бил Борко, била опкружена со непријателски обрач на местото наречено Сеченото, на планината Мукос. На 14 септември 1944 година, додека партизаните се пробивале низ обрачот, Борко бранејќи ја остапницата, паднал мртов погоден со митралезски рафал.

Борка Велески  – Горанов загинал во борба со бугарската фашистичка војска и полиција. Зачувана е неговата необјавена едночинка “Кољо Воденичарот“, напишана за потребите на одредот. Опеан е во македонската народна песна “Заплакала е гората“.

Прогласен е за народен херој на Југославија на 20 декември 1951 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top