Македонски легенди

Тодор Станков

Todor Stankov IMARO

Todor Stankov IMAROТодор Станков (28. I 1875 – 22. IX 1938) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учителствува во повеќе македонски градови, каде работи на ширење на мрежата на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание и Балканските војни. Тој е еден од безбројните македонски патриоти, за кој малку се знае дека бил токму од онаа фаланга на првопокрстените во борбата. Токму таа фаланга која засекогаш ќе ја краси големата борба на македонскиот народ.

Тодор Станков е роден е во 1875 година во Прилеп. Со основно образование се стекнува во родниот град, а во 1894 година завршил деветто одделение во машката гимназија во Солун. По завршувањето на средното образование работи како учител во Прилеп, каде влегува во Македонската револуционерна организација и станува член на локалниот револуционерен окружен комитет.

Во учебната 1895/1896 година, препорачан од Даме Груев, Станков учителствува во Штип и го зазема неговото место во Комитетот: Подоцна учителствува и во Радовиш, каде го предводи околискиот револуционерен комитет.

На 25 август 1897 година, Станков заедно со селска милиција опкружува тројца турски колџии за тутун (чувари на државниот имот) во село Дедиње и убил двајца од нив, но третиот успеал да избега по што се отвора Дединската афера. Турските власти извршиле претреси при што се пронајдени патрони и неколку пушки по што следуваат масовни апсења. Од 120 лица кои биле изложени на туртура, 28 лица биле осудени од страна на скопскиот суд од 3 до 101 година.

Тодор Станков потоа учителствува во Крушево, а од април 1898 година станал нелегалаен војвода на чета во Радовишко. Во меѓувреме, во неговата чета се приклучиле Васил Липовиклијата – Јурукот и Георги Турчето. На 12 јуни, по извршените зададени задачи, тој се крие во Конечкиот манастир, каде што бил предаден и уапсен од турските власти. Иако бил подложен на тешки измачувања, не ги одал тајните на Организацијата. Сепак, Станков бил осуден на шест години затвор, но по грешка бил ослободен и избегал во Бугарија.

Од 1900 до 1901 година, Станков бил пунктов началник на Македонската ревиолуционерна организација во Ќустендил. Исто така бил администратор на весникот „Вечерна пошта“.

Станков активно учествува во Илинденското востание во 1903 година. Со четата на Лазар Маџаров, тој дејствувал во Лозенеградско. На почетокот на балканската војна, Станков станува доброволец во Деветтата велешка дружина на Македонско-одринското ополчение. За своите заслуги, тој бил одликуван со народен орден со круна VI степен. Во текот на Првата светска војна бил градоначалник на градот Штип.

Меѓутоа, Тодор Станков бил многу скромен и никој од неговите современици не ги знаел неговите дела. Тој бил само еден од безбројните македонски патриоти, за кој малку се знае дека бил токму од онаа фаланга на првопокрстените во борбата. Токму таа фаланга која засекогаш ќе ја краси големата борба на македонскиот народ.

Во 1932 година, печатарската коопрерација „Едисон“ во Софија, ја објавува книгата на Тодор Станков „Презнување на денот на Св. св. Кирил и Методиј во турско време во Македонија (спомени и доживувања)“. Во неа, Станков за значењето на овој празник, меѓудругото вели:

„ …Неупехот на Илинденското востание во 1903 година не го скрши духот на народот и празникот го сочува својот национален карактер дури и подоцна за време на новиот угнетувачки режим на Србите и Грците, во првите години по Нејскиот договор. И сега дури, иако Србите ги прогласија Св. Равноапостоли за прави Срби, а празникот за црковен, Македонецот не можејки како некогаш јавно да го даде својот изблик на изненадување и национално сознание, се задоволува тајно да го предава на младото поколение, преку раскази и спомени, значението на тој ден за Македонија, и на тој начин да го држи будно националната свест и дух на народот, притискан од сите, од непријателскиот деспотски режим. Само со таа свест и дух на “блгаринот во Македонија“ може да се објаснат идејните подвизи на плејадата народни работници и денес, 15 години по новото поробување на Македонија. Како илустрација на тоа нека раскажат бегло како се празнуваше некогаш Св. Кирил и Методиј во разни места во Македонија. Со тоа се постигнува двојна цел: 1) македонската младина во Бугарија да се воспита во духот на старата македонска традиција и 2) да се потсетат татковците, мајките и постарите браќа и сестри на нараснатото поколение да произведат или да му раскажат при разни случаи начинот на празнувањето на националните празници и прослави од секаков вид, што има воспитно значење за кревање н зачувување на нивното македонско сознание и, најпосле да ги посетат љубопитните Македонци, почесто да ни раскажуваат преку нашите весници и списанија своите спомени било за празнување на такви празници, било да репродуцираат при разни случаи разните традиционални прослави и обичаи од македонско потекло. Нека го воздигнат култот да пееме свои чисто народни песни, да ги воскреснеме нашите старински обичаи, да се веселиме и прославуваме по македонски, да ги обновиме и ја демонстрираме при разни прослави нашата стара национална носија и др…“

Тодор Станков умира во 1938 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top