Македонски легенди

Славко Димевски

slavko-dimevski

slavko-dimevskiСлавко Кирилов Димевски (Куманово, 31. V 1920 – Скопје, 24. IV 1994) е македонски црковен деец, историчар и писател. Во 1943 година бил ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а во наредниот ден и за свештеник во Пробиштипската енорија.Учесник е во НОВ (1944) и фудбалер на КСК (Кумановски спортски клуб). Во 1956 дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (26. IX 1956) и продолжил да студира на Правниот факултет во Скопје. Наредната година преминал на работа во Институтот за национална историја во Скопје. Неговата Историја на Македонската православна црква е вистински светилник за Македонија и на сите Македонци насекаде во светот.

Славко Кирилов Димевски е роден на 31 мај 1920 година во Куманово. Основно училиште и нижа гимназија завршил во родниот град и во Скопје. Извесен период живеел во Србија, а потоа го продолжил своето образование во Богословската семинарија (средно теолошко училиште) во Битола.

Кога пред почетокот на Втората светска војна војна, Српската православна црква ја повлекла целата епархија од туѓата земја Македонија, Димевски немало каде да „бега“, и задоен со вистинско патриотско чувство и со љубов кон својот народ и црква, останал и започнал да му служи на својот македонски народ како свештеник.

На 8 мај 1943 година, Славко Димевски бил ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а во наредниот ден и за свештеник во Пробиштипската енорија. Во периотот од 1943 до 1957 година како свештеник најдолго време работел во село Стојаково, Гевгелиско и во црквата „Св. Троица“ во родното Куманово. Исто така, Димевски бил учесник во НОВ од 1944 година и бил фудбалер на КСК (Кумановски спортски клуб).

По Втората светска војна, освен свештеничката дејност, студирал вонредно на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата национална историја и по дипломирањето во 1956 година продолжил да студира на Правниот факултет во Скопје.

Наредната 1957 година преминал на работа во Институтот за национална историја во Скопје како асистент во Одделението за преродбенско националноослободително движење и раководител на Документационото одделение, каде останал до 1962 година, кога докторирал на тема „Католичката поропаганда на унијатското движење во Македонија од средината на втората половина на XIX век до Балканските војни“ на Филозофскиот факултет во Скопје.

По докторирањето во ноември 1962 година, на повик на Македонската православна црква истата година бил назначен за главен просветен референт и главен и одговорен уредник на органот на МПЦ „Весник“. Во наредната година првин бил произведен во протојерејски чин, а веднаш потоа и во чинот ставрофор, носејќи го црковното достоинство протојереј-ставрофор.

Познат по својата работливост, Димевски подоцна работел како секретар на Матицата на иселениците од Македонија (1966 – 1967), секретар на Програмскиот колегиум (1967 – 1969) и уредник на Образовната програма на Радиотелевизија Скопје (1969 – 1975), виш научен соработник (1975 – 1978) и научен советник (1978, до пензионирањето) во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Исто така, бил и главен и одговорен уредник на институтскиот „Гласник“, претседател на Научниот совет, раководител на повеќе проекти, професор на постдипломските и докторските студии и др.

Дејноста на Димевски е пребогата и тој има значајна улога во збогатувањето на научната историска и национална, а особено црковна мисла е особено значајна. Во тој дух се неговите научни прилози и дела, кои најмногу говорат за македонското национално и црковно прашање и ги разјаснуваат сите историски случувања во Македонија.

Славко Димевски е автор на голем број монографии, околу 300 статии и други научни прилози, драмски серии, ТВ-драми и документарни емисии. Од неговиот телевизиски опус, особен успех постигна со телевизиските серии „Курирот на Гоце“, „Јуначко колено“ (за детството на Никола Карев), „Детето и гулабот“ (за Никола Вапцаров), хумористичната серија „Шути и рогати“ и тв-драмата „Смилевски конгрес“. Сепак, негова главна научна преокупација беше македонската црковна историја, историјата на МПЦ и културнонационалното минато.

Негово најзначајно дело е Историја на Македонската православна црква во три тома. Ова дело преставува Библија во кое се содржи вистината за македонската православна црква, за Македонија, за Македонците. Во неа се содржи вистината за нашата посебност и како народ, и како црква, и како држава.

Славко Димевски починал на 24 април 1994 година во Скопје.

(извор: МАНУ, МЕ, книга 1, Скопје, 2009, стр. 462 – 463)

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top