Македонски легенди

Леонидас Вулгарис

leonid

leonid

Леонидас Вулгарис (1833 – ?) е македонски и грчки револуционер. Се застапувал за соработка меѓу балканските народи во борбата против османлиското владеење. Со Константин Буфски го организирал одржувањето на Собранието на Грамос Теке и формирањето на Привремената влада на Македонија (1880), а учествувал и во составувањето на Прогласот на Силогосот „Македонија на Македонците“ до македонските народи. Се застапувал за создавање слободна и неделива македонска држава во балканската федерација (1888).

Леонидас Вулгарис е роден во 1833 година. Син е на Анастас Вулгарис, кој потекнувал од Пијанец и бил учесник во Грчкото востание. Се школувал во военото училиште во Пиреја. Во времето на Кримската војна (1853 – 1856) се борел на страната на Русите во доброволечката единица Грчка легија.

Во 1862 година се обидел да дигне востание во Битолско заедно со Спиро Џеров. Во Грција бил затворен и обвинет за велепредавство.Во 1866 година, паралелно со немирите на Крит, Леонидас се обидел да крене востание на полуостровот Халкидики. Во април истата година Вулгарис и капитен Јоргос (Георгакис) Мадемохорианос се истовариле со мала чета од 25 – 30 лица во реонот на Румилја. Целта на Вулгарис била да предизвика општо христијанско востание. Грчките власти ги предупредиле Турците и како резултат на тоа, во јуни Вулгарис и речиси сите негови луѓе биле уапсени, а населението на Халкидики и во Нигрита било подложено на терор. По интервенција на Русите, Вулгарис бил ослободен.

Леонидас Вулгарис се застапувал за соработка меѓу балканските народи во борбата против османлиското владеење. Во 1870 година бил иницијатор за формирање Комитет за ослободување на народите на Истокот, а од 1875 до 1881 бил активен за време на големата источна криза (1875– 1881). Соработувал со Кумундурос, одржувал врски со Србите за заедничка акција против османлиската држава. Исто така, Леонидас Вулгарис активно работел на формирање чети за испраќање во Македонија.

Во април 1880 година, по Македонското (кресненско) востание, Леонидас Вулгарис се сретнал со Костантин Буфски, кај месноста Гремен (Острово), а учествувал и во составувањето на Прогласот на Силогосот „Македонија на Македонците“ до македонските народи

Согледувајќи ја состојбата по Берлинскиот конгрес, како и по задушувањето на Кресненското востание, двајцата војводи Вулгарис и Бугски се согласиле дека иднината на Македонија зависи исклучително од отстранувањето на пропагандите на соседните држави Грција, Србија и Бугарија, кои пред големите сили погрешно ја прикажуваат етничката состојба на македонскиот народ, како и за создавањето единство кај македонскиот народ и од создавањето македонска држава, било како автономна во границите на Османлиската Империја или како самостојна. За да можат да го остварат таквите цели Вулгарис и Буфски се договориле да организираат едно „Национално собрание” на кое би учествувале припадници на сите народи што ја населувале Македонија.

Во организација на Буфски и Вулгарис, од 21 мај до 2 јуни 1880 година, во месноста Гремен теке, било одржало основачкото Национално собрание на кое присуствувале 32 претставници од цела Македонија. На Собранието била усвоена политичка програма во чии заклучоци се истакнувало: „Доколку Високата порта се оглуши од членот 23 од Берлинскиот договор, Националното собрание ќе го повика македонското население на оружје со девиза Македонија за Македонците, за воспоставување древна Македонија”.

Националното собрание составено од Македонци, Власи и Албанџи избрало Привремена влада на Македонија „Единство“. Претседател на Националното собрание бил Стефо Николов, претседател на владата Васил Симон, а за военото прашање биле одговорни Леонидас Вулгарис и Косгадин Буфски.

Од името на Владата е упатен апел до големиге сили за праведните барања на македонскиот народ за ослободување на Македонија. Апелот е придружен со Протоколното решение на Македонското национално собрание

Во протоколното решение Привремената влада на Македонија „Единство“ од 1880 година врз основа на културното наследство на Македонија која во древно време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Македонски, го барала правото за создавање на автономна или самостојна македонска држава.

Леонидас Вулгарис бил еден од поистакнатите членови на организацијата Источна конфедерација во Атина. Во писмото до Захарија Стојанов од 1888 година, тој се залагал за создавање слободна и неделива македонска држава во балканската федерација.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top