Македонски легенди

Христо Батанџиев

Hristo Batandjiev

Hristo BatandjievХристо Иванов Батанџиев  (1865 – 18. VI 1913) е македонски револуционер, еден од основопложниците на Македонската револуционерна организација (23. X / 4. XI 1893), Тој бил член на Централниот комитет и учесник на Солунскиот конгрес во 1896 година. Во Втората балканска војна грчките војски го уапсиле во Солун и при интернирањето кон островот Трикери бил мачен и бил фрлен во Егејското море.

Христо Иванов Батанџиев  е роден во 1865 година во Гуменџе, Ениџевардарско, Егејскиот дел на Македонија. Неговиот татко Иван бил свештеник во текот на 70 години на XIX век. Христо се школувал во родното Гуменџе и во Солун.

По завршувањето на образованието работел како учител во Гуменџе и Кукуш, а од 1888 до 1911 година учителствувал и во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методија“ и бил секретар на егзархиската Црковно-училишна општина во Солун.

Христо Иванов Батанџиев бил патриот кој загрижен за судбината на Македонија и пристапил на групата македонски интелектуалци – истомисленици, кои во Солун ја основаат Македонската револуционерна организација. Имено, тој бил придобиен за револуционерното ослободително дело од Иван Хаџи Николов.

На 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун бил одржан основачкиот состанок на Македонската револуционерна организација (МРО). На овој ден, шестмината македонски дејци Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антов Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на  Организацијата. Тогаш е создадена конспиративна група која ја нарекуваат Македонски револуционерен комитет.

Политичката цел на групата во која меѓудругите бил и Батанџиев била: автономија на Македонија, да се чува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните слободни држави.

Христо Иванов Батанџиев бил член на Централниот комитет на МРО и во 1896 година учествува на Солунскиот конгрес, по кој Организацијата го започнува својот замав.  

Во 1899 година, Христо Иванов Батанџиев се повлекол од Централниот комитет на МРО, а  по Младотурската револуција во 1908 година активно се вклучува во Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија.

Во јуни 1913 година, по избувнувањето на Втората балканска војна, Христо Батанџиев бил уапсен во Солун од грчките власти. Заедно со други Македонци бил натоварен на бродот „Екатерини“ за да биде интерниран на островот Трикери. Меѓутоа, тој никогаш не стигнал до островот. По пат бил мачен од грчките националисти и заедно со архимандритот  Евлогиј Светиев бил фрлен во Егејското Море. 

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top