Македонски легенди

Крсто Стојчев

pirinska-makedonija

pirinska-makedonija

Крсто Стојчев (Разлог, 10. IX 1910 – Софија, 19. VI 1975) е учител, истакнат македонски револуционер, припадник на ВМРО(Об), еден од првите партизани и од двигателите на Културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија (1944–1948). Со Никола Парапунов ја обновиле комунистичката младинска организација во Разлошко (1931). По Резолуцијата на Инфорбирото бил отстранет од политичката функција, поради соработка со КП на Југославија.

Крсто Стојчев е роден на 10 септември 1910 година во Разлог, Пиринскиот дел на Македонија. Завршил педагошко училиште и станал учител. Во 1931 година станал член на БКП, а во 1932 / 1933 година е член на Окружниот комитет на БКП во Петрич.

Во 1931 година, заедно со Никола Парапунов, ја обновија младинската организација во Разлошко. Во 1932 година тој ги предводел просветните работници на протести против ВМРО на Иван Михајлов, а веќе следната година бил осуден на 15 години затвор по Законот за заштита на државата (ЗЗД).

Во јуни 1941 година излегува од затвор и живее нелегално. Во периодот од 1942 до 1943 година Стојчев повторно бил уапсен и спроведен во концентрациониот логор Ени Ќој, Ксантиско.

По излегувањето од логорот, Крсто Стојчев стапил во партизанското движење. Во март 1944 година бил назначен за политички комесар на Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов“, а по обединувањето на партизаните од Четвртата Горноџумајска оперативна зона, тој е поставен за политички комесар на обединетиот Рило-Пирински партизански одред во август 1944 година.

По 9 септември 1944 година Стојчев станал прв секретар на Окружниот комитет на БРП(к) за Пиринскиот крај, а во периодот од 1944 до 1948 година тој е еден од двигателите на Културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија. Потоа бил и секретар и на Централното раководство на Македонските културно просветни друштва и оваа функција ја обавувал до 1950 година

Крсто Стојчев како Македонец и преставник на Пиринска Македонија, со воодушевување  говореше на првиот конгрес на Народноослободителниот фронт на Македонија, којшто се одржа во Скопје од 2 до 6 август 1946 година. Во своето обраќање, убеден дека е дојдено времето за обединување на Вардарска и Пиринска Македонија, тој меѓудругото ќе рече:

„Македонскиот народ постави здрави темели на новата македонска држава и денес веќе никој не може да се сомнева во обединувањето на целокупна Македонија околу столбот на новата македонска република. Пиринска Македонија треба да ја има за пример… Народна Република Македонија.

Денес, народот во Пиринска Македонија се воодушевува од идеалите на Гоце Делчев и Јане Сандански, кои сфатиле дека не може да има друго решение за македонското прашање, дека македонскиот народ не може да биде бугарски, како што посакуваа Фердинанд и Борис. Македонија не може да биде српска, како што сонуваа Караѓорѓевиќевци. Македонија не може да биде грчка. Македонија е на македонскиот народ. Народот во Пиринска Македонија има полно разбирање и чувство дека Македонија треба да биде обединета, како што не учеа нашите учители Делчев и Сандански…“

Меѓутоа, поради изразениот македонизам и соработката со Комунистичјата партија на Југославија, по резолуцијата на Инфорбирото во 1948 година,  Крсти Стојчев бил остранет од политичката финкција.

Подложен на секаков притисок, Крсто Стојчев сепак отстапил од македонската национална определба. Во периодот од 1950 до 1953 година бил директор на заводот „Антон Иванов“, па политички редактор во “Главлит“.

По VII конгрес на БКП во 1958 година Стојчев бил рехабилитиран од бугарската власт. Потоа бил амбасадор на Бугарија во Унгарија, Кина и Аргентина.

Крсто Стојчев  умира на 19 јуни 1975 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top