Македонски легенди

Христо Руков

Christo Rukov 1908

Christo Rukov 1908Христо Руков (30. XI 1887 – 28. II 1970) е македонски револуционер и фотограф, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Како официјален фотограф на Македонската револуционерна организација, тој ги фотографирал четите на војводите Петар Христов – Германчето, Тома Желински и Кузо Блацки, како и уште многу други личности од Костурско.  Во неговата архива биле пронајдени дневникот на Васил Чакаларов, спомените за масакрот во Загоричани, мемоари и писма на Лазар Киселинчев, спомени за Лазар Поптрајков, Лазар Москов и Пандо Сидов.

Христо Руков е роден на 30 ноември 1887 година во костурското село Косинец, Егејска Македонија, во револуционерно семејство. Неговиот татко, Ламбро Руков, бил убиен како четник на Васил Чакаларов за време на Илинденското востание, а и неговиот чичко Наум Руков бил долгогодишен член на Македонската револуционерна организација.

Во 1897 година, Христо Руков заминал за Атина, каде што завршил грчка гимназија. По поразот на Илинденско востание 1903 година, тој се вратил во Косинец, каде што бил избран за член на Извршниот комитет на ВМРО во Косинец, заедно со Дељо Марковски, Митре Пировски и Атанас Палчев.

Во 1905 година, Пандо Кљашев и Атанас Палчев го испратиле Христо Руков со специјално писмо до Борис Сарафов, кој со врски го назначил во Одделот за фотографија во тогашното Министерство за просвета. По 6 месечни курсеви за фотографија, Христо Руков се вратил во Костурско во 1906 година. Како официјален фотограф на Македонската револуционерна организација, тој ги фотографирал четите на војводите Петар Христов – Германчето, Тома Желински и Кузо Блацки, како и уште многу други личности од Костурско.

На 14 март 1907 година дошло до борба меѓу турскиот аскер и дејци на МРО предводени од Наум Марковски од Косинец и Влаот Гушев. По борбата, Христо Руков како сомнително лице бил уапсен од турските власти, а во месец август 1907 година бил ослободен со поткуп.

По наредба на МРО, Христо Руков бил испратен да контактира со албанското револуционерно движење во Корча. На 20 септември, 9 косовски албански делегати пристигнале во Косинец. За 7-8 дена на состанок присуствувале вкупно 55 лица, Од страна на МРО биле војводите Пандо Сидов, Христо Цветков, Кузо Блатски и други, а од албанската страна се Черчиз Топули, Јакуб бег од Тишина, Михал Грамано и уште шестмина. Албанските делегати на покана на Христо Руков го посетиле неговиот дом, каде што тој направил фотографија со нив.

На 12 мај 1908 година, Христо Руков учествувал во одбраната на Косинец од нападот на грчка андартска чета. Во одбраната, исто така, учествувале Дељо Марковски, Гаки Кенков, Јото Стасков, Митрето Пировски и Крусто Нолчев, кои успеале да убијат неколку анархисти и да ги одвратат андартите од нападот на селото.

По убиството на војвода Петар Христов – Германчето, Турците во неговата лична архива откриле писмо од Христо Руков, кој потоа бил фатен и осуден на три години затвор. Затворската казна Руков ја издржува во затворите во Костур, Корча и Битола. По Младотурската Револуција тој бил амнестиран, а потоа танал четник првво кај Васил Чакаларов, а потоа и кај Пандо Сидов.

До 1908 година, Христо Руков ги фотографирал уште војводите Христо Цветков, Пандо Кљашев, Иван Попов, Васил Чакаларов и Христо Гучо. Исто така и четниците од четите на Пандо Сидов, Петар Христов – Германчето, Атанас Кршаков и други.

Во периодот од 1910 до 1911 година Христо Руков учителствувал во родното село, а во 1911 – 1912 година бил учител во Брезница, каде што му помагал на војводата Крсто Љондев. За време на Првата балканската војна во 1912 година тој помогал на четата на Васил Чакаларов и учествувал во повеќе битки меѓу кои кај Билишта и Капештица.

По Втората балканска војна, кога Косинец паднал во границите на Грција, Христо Руков бил подложен на репресија и прогон од страна на грчките власти. Лежел во затворот во Костур  во текот на 1915, 1922 и 1927 година. Во 1929 година, тој повторно бил затворен откако во дворот на неговата куќа експодирала бомба, а потоа било пронајдено скриено оружје. Христо Руков бил интерниран во 1932 година, потоа во 1939 бил прогонет во Негован, Леринско, а во 1940 година во Коринт, Пелопонез

По поразот на Грција за време на Втората светска војна, Христо Руков бил уапсен од италијанските окупатори за субверзивна дејност. Заточен бил во логорот во близина на Куцомилиа – Трикала, Тесалија. Подоцна, тој бил префрлен во затворот „Авероф“ во Атина, од каде што бил ослободен од бугарските власти, по што, се населил со семејството во Бугарија.

Христо Руков починал на 28 февруари 1970 година во Варна. Во неговата архива биле пронајдени дневникот на Васил Чакаларов, спомените за масакрот во Загоричани, мемоари и писма на Лазар Киселинчев, спомени за Лазар Поптрајков, Лазар Москов и Пандо Сидов.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top