Македонски легенди

Крсто Калабуров

krsto-kalaburov

krsto-kalaburovКрсто (Ставро) Наков Калабуров (15. X 1877 – 8. X 1939) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО) и учесник во Илинденското востание. Тој е еден од ретките македонски револуционери кои за својата покажана храброст во текот на оружените борби со турскиот аскер се здобил со „Свидетелство за храброст“.

Крсто Калабуров е роден на 15 октомври 1877 година во селото Д’мбени, Егејскиот дел на Македонија. Тој како млад останал сираче, но го завршил четвртото одделение. По професија бил тулар и работел во Мала Азија.

Во 1902 година се вратил во својата родна земја и се придружил на Македонската револуционерна организација.

Во предвечерието на Илинденското востание во 1903 година, Крсто Калабуров учествувал во големата битка на врвоите Локвата и Вињари која се одиграла  од 31 мај до 13 јуни 1903 година, кај селото Д’мбени меѓу Костурските чети и османлиската војска, непосредно пред Илинденското востание. Месец дена потоа, тој го заменил војводата Атанас Каршаков, кој бил ранет на 8 јули 1903 година.

За време на востанието Илинденското востание во летото 1903 година, војводата Калабуров со својата чета бил дел од одредот на Пандо Клишев и Васил Чекаларов. Пред и за време на востанието учествувал во повеќе битки со турскиот аскер во кои покажал голема храброст.

Во овој период, по  битките на Бигла, Локвата и Винјари, кај реонскиот началник Лазар Поп Трајков се родила идеја за воведување на свидетелства за покажана храброст, што е равно на воениот орден – Орден за храброст Доделувањето на свидетелствата се случило на  посебна церемонија, во летото на 8 јуни 1903 година на планината Вич, кога се издадени околу 35 свидетелства на  учесници во тие борби.

Крсто (Ставро) Калабуров е еден од ретките македонски револуционери кои за својата храброст која ја покажал во текот на оружените борби со турскиот аскер се здобил со „Свидетелство за храброст“. По битката кај Локвата, за пројавениот хероизам во битката при месноста Бигла, каде на 17 август 1903 година, се судриле здружените Лерински и Костурски чети со турскиот аскер, тој е награден со второ „Свидетелство за храброст“ (нумерирано со број 9 ) и со  пушка „Маузер“.

Во 1904 година учествувал во битка со грчки анархисти кај селата Трсје, Турие и Оштима и наскоро потоа емигрирал во САД.

По избувнувањето на Првата балканската војна во 1912 година, Крсто Калабуров се вратил во Европа и зема учество во борбите како доброволец на Македонско-одринско ополчение. Се борел во Костурската соединета чета.

За време на Втората балканска војна, Крсто Калабуров бил уапсен од страна на грчките власти во неговиот роден Д’мбени. Тој бил затворен во Костур, каде што бил мачен. Подоцна, тој бил ослободен и се преселил во Ксанти.

По Првата светска војна живеел во Пловдив. Во 1923 година станал член на Илинденската организација.

Крсто Калабуров починал во Пловдив во 1939 година.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top