Македонски легенди

Иван Божинов

Ivan Bozhinov

Ivan BozhinovИван Кузманов Божинов (1807–1927) е македонски деец, поет, писател, издавач и печатар кој живеел на преминот од XIX во XX век. Се занимавал со литература, пишувал на бугарски јазик и имал своја печатница во Софија. Тој е печатар и уредник на списанието „Лоза“ на чии страници се пројавуваат повеќе истакнати имиња од македонското револуционерно движење и кое ја вознемири бугарската јавност со јавни заложби за македонско национално сепарирање.

Иван Божинов е роден во 1867 година во градот Дебар. По руско-турската војна ( 1877 – 1878), бегајќи пред турските зулуми, се преселил во слободното бугарско Кнежество и се насели во Видин.

Иван Божинов станал патувачки книжар и заедно со хаџи Михаил Костенцев од штипскотото Ново Село  дистрибуирал книги. Потоа основал своја печатница и книжарница во Лом, а отворил и филијали во Орјахово и Видин. Издава како прва книга “Сиромашната Лиза” од Николај Карамзин во 1884 година.

Во 1885 година зел учество во српско-бугарската војна за што му бил доделен Орден за храброст.

Околу 1886 година се преселил во Софија и на улица “Солунска” №30 отворил печатница и книжарница “Светлеум”. Во 1896 година отворил и разгранок на “Алабин”.

Во печатница беа печатени весниците “Македонски глас” (1893-1898), “Вардар” (1898), “Автономија” (1898-1902), “Борба за слобода на Македонија и Адријанопол” (1899), “Дело” (1901-1902) и многу други.

Од 1892 до 1894 година Божинов е печатар и уредник на списанието на Младата македонска книжевна дружина “Лоза”, во кое користи повеќе елементи на македонскиот народен јазик. Истовремено на страниците на „Лоза“ овозможува да се пројавуваат повеќе истакнати имиња од македонското револуционерно движење. Ова списание ќе ја вознемири бугарската јавност со јавните заложби за македонско национално сепарирање.

Од 1893 до 1905 година, Иван Божинов бил и главен и одговорен уредник на списанието за наука, литература и домаќинство “Свет“, а од 1905 до 1907 година тој го уредувал и објавувал весникот „Дебар“, орган на македонската емиграција од Дебарско.

Божинов бил активен и во активноста на организациуте на македонската емиграција во Бугарија. Од 15 до 21 јуни 1897 година тој бил делегат на Четвртиот македонски конгрес во Бургас и на 1-ми мај 1899 година на Шестиот македонски конгрес на Белоградишкото македонско друштво.

Во 1897 година, Иван Божинов ја напишал и објавил брошурата “Ерменскиот масакр во Константинопол е петно за 19 век”, посветена на ерменските масакри. Тој бил и уредник на календар (1885 – 1902), “Календар на Вардар” (1894 – 1926), “Големиот вечен календар за 400 години”, колекции на народни приказни и др.

Во текот на 1903 година ја издал својата голема „Народна песнопојка“, која содржи 425 песни – војнички, јуначки, народни, старонародни, љубовни, ороводни, смешни и разни други. Во книгата има податоци дека е дебранец по потекло, издавач, печатар, главен редактор на „Лоза“ и автор на повеќе книги поезија.

По Втората балканска војна во 1913 година, по која неговата татковина Македонија е поделена меѓу Србија, Грција и Бугарија, Божинов ја напишал и објавил брошурата “Стремежите на руската дипломатија”, 1914 година.

Во 1915 година, за време на Првата светска војна, Иван Кузманов Божинов бил назначен за кмет на Дебар. По завршувањето на војната, тој се вратил во Бугарија. Починал во 1927 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top