Македонски легенди

Андреја Мацанов

andrej-macanov

Андреја Мацанов (16 X. 1880 – 1947) е македонски револуционер деец на Македонската револуционерна организација. Тој бил еден од многуте заслужни македонски дејци, кој како хемичар и долгогодишен гимназиски учител ја посветил младоста за делото и развивањето на македонското национално ослободително движење. Неговиот основен политички слоган бил – автономија на Македонија и водел борба против официјалната политика на балканските династии чии основни заложби биле присвојувањето и поделбата на Македонија.

Андреј Мацанов е роден во градот Велес на 16 октомври 1880 година. Во 1899 година дипломирал со четиринаесетта класа во Солунската машка гимназија. Во Солун станал член на ВМРО. Во 1902 година дипломирал хемија на Универзитетот во Софија и станал учител во Одрин (Едрене).

По изборот на Спас Мартинов за член на Централниот комитет на ТМОРО, на негово место претседател Одринскиот окружен револуционерен комитет бил избран Андреј Мацанов.

Во периодот 1903 и1904 година, Андреј Мацанов предава во Одринаската машка гимназија и управува со активностите на Организацијата во Одринско. Неговиот ученик од Одринската гимназија Дамјан Калфов пишува за него:

„Тој е младо момче и исто така уреден…. Дали од пушењето или од некој хроничен катар во грлото, тој често се подкашлуваше на час, кратко, отсечно, и секогаш кога ќе се накашлаше, стоеше на место со раката на педа растојание од устата, а долго потоа, во таа замрзната поза гледаше во неговата дланка како да сакаше да ги види таму Коховите бацили.

По 1904 година, Мацанов станал учител во Солунската гимназија. Во 1906 година, од страна на властите случајно бил откриен дневникот на Мацанов, по што избувнала Мацановата афера. Оваа афера имала тешки последици во Солунската гимназија и револуционерното дело во Солун и Солунсло.

Имено, откако во рацете на властите случајно се нашол „дневникот“ на учител Андреј Мацанов во кој тој пишувал се што знаел за видните дејци на Организацијата во Солун и околните градови, биле затворени 36 учители. Од уапсените неколкумина биле осудени на доживотен затвор, некои на неколкугодишен затвор, а еден дел поради недостаток на докази биле ослободени. Многумина претходно избегале во Бугарија за да не бидат уапсени,

По избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, Андреј Мацанов како доброволец се приклучил на четата на Тодор Оровчанов на Македонското-одринско ополчение и на 5 октомври 1912 година учествувал во ослободувањето на Велес од Турците. Во текот на Првата светска војна таа беше во редовите на 2 полк на 11 дивизија.

Андреј Мацанов по Првата светска војна се населил во Плевен, каде предавал во машката и женската гимназија во градот. Починал во Плевен во 1947 година.

По повод неговата смрт, „Македонското културно просветно дружтво“ ќе објави „Жална вест“ со која им соопштува на сите македонски  емигранти и бегалци во Плевен дека нивниот добар, чесен и предан на делото сограѓанин Андреј Мацанов од Велес починал по долго боледување на 65 годишна возраст. Во објавата за неговата смрт, поканувајќи ги сите Македонци да присуствуваат на погребот, македонското друштво од Плевен за Мацанов ќе наведе:

„Покојниот Андреја беше еден од заслужните македонски дејци, кој како хемичар и долгогодишен гимназиски учител ја посвети младоста за делото и развивањето на македонското национално ослободително движење. Неговиот основен политички слоган беше – автономија на Македонија и водеше борба против официјалната политика на балканските династии чии основни заложби беа присвојувањето и поделбата на Македонија.

Организацијата му доделуваше многу мисии кои со достоинство и чесност ги исполнуваше како специјалист хемичар. Неговото дело беше изработување на фалсификувани турски лири кои организацијата ги дистрибуираше во турската држава и во европските пазари за дискредитирање на отоманската држава“

andrej-macanov

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top