Македонски легенди

Кузо Поп Динов

KuzoPopdinov

KuzoPopdinovКузо Поп Динов (1875 – 18. XI 1907) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација во Костурско, Во 1903 година, Кузо Поп Динов познат уште познат како Кузо Блатски, учествувал во Илинденското востание, како војвода на чета и раководител на Блацкиот центар.

Кузо Поп Динов (Кузо Попдинов) е роден во 1875 година во костурското село Блаца, Егејскиот дел на Македонија: Негов дедо бил Василиј Смирненски, Анхиалски и Смирненски владика. Во 1899 година завршил грчка гимназија во Цотил, по што работел како грчки учител во своето родно село. Подоцна учителствувал во костурското село Черешница, каде предавал на мајчин јазик и активно учителствувал во црковно-просветната борба на Македонците против Цариградската грчка патријаршија.

Во меѓувреме, Кузо се вклучил во Македонската револуционерна организација. За време на Ивановата афера во 1901 година, тој бил уапсен и осуден на 101 година затвор. Лежел во Корчанскиот затвор, но во 1903 година бил амнестиран.

Во 1903 година, Кузо учествувал во Илинденското востание како војвода на чета и раководител на Блацкиот центар. Со својата чета учествувал во освојувањето на Клисура на 23 јули 1903 година. По освојувањето на Клисура, Попдинов одржал говор пред локалното население, во кој рекол дека „борбата се води за ослободување на сите христијански нации и дека нема да престане се додека … Македонија не ја стекне својата автономија.“

Kuzo Blatski and his podvoivoda

По задушувањето на востанието, Кузо преку Грција, заминал во Варна, Бугарија. Во март 1904 година, заедно со Георги Христов, тој се обидел да се врати во Македонија преку Грција, но бил уапсен во Трикала. Кузо Попдинов бил ослободен дури во декември 1904 година.

Кон крајот на 1905 година, Кузо се вратил со чета во Костурско и учествувал во борбата со грчките андарти. Во летото 1906 година, одредот на Пандо Кљашев и Атанас Каршаков фатила андартска кореспонденција, а Атанас Пировски и учитело Никола Калановски од Косинец успеале да ги дешифрираат писмата. Попдинов испратил лажно писмо во име на измислен капетан Билос до водачот на грчкиот комитет во Писодер Поп Ставрос Цамис (Ставре) и се состанал со него и со водачите на комитететот Доре, Хаџи Коце и Хасан Чауш и ги убил.

По смртта на Митре Влаот, Кузо Попдинов станал помошник на новиот реонски војвода Христо Цветков и за реон на дејствување ја имал јужната падина на планината Вич.

Во 1907 година, Кузо Попдинов влегол од Бугарија во Македонија и заминал во Костурско. Решил да го убие гркоманскиот поп на село Олишта Христо Попмихајлов кој живеел во Костур и бил  прв помошник на Костурско митрополит Герман Каравангелис. Меѓутоа, негов четник кој бил син на поп Христо Пандели, тајно се поврзал со својот чичко и го предупредил својот татко. Поп Христо и митрополитот Герман се поврзале со началникот на турскиот гарнизон во Костур и му јавиле за доаѓањето на четата, по што веднаш била испратена воена единица во Олишта.

По добивањето на информација дека дека четата ма Кузо заминала за Черешница, турскиот аскер се упатил кон селото. На 18 ноември 1907 година Турците ја опседнале куќата во селото Черешница во која престојувала четата на Кузо и ја запалиле. За да не биде заробен, Кузо Попдинов извршил самоубиство.

Георги Константинов Бистрицки за Поподинов ќе напише:”Кузо Блатски од селото Блаца, со средно грчко образование, најактивен и популарен војвода, кој учествувал во многу битки со Турците и Грците, несебичен херој и доблесен патриот, станал жртва на грчко предавство во селото Черешница по крвава битка со турскиот аскер.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top