Македонски легенди

Арсо Јовев – Локвички

Arso Lokvichki IMARO

Arso Lokvichki IMAROАрсо Јовев (1870 – 10. III 1923) е македонски револуционер и војвода, деец на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание тој се наоѓа во четата на Јордан Пиперката, а по востанието се бори со четите на српската пропаганда во Поречието и Азот. Учествува во Првата балканска војна, а по Првата светска војна се населил во Бугарија. На повик на Организацијата, тој повторно го заминал градителскиот алат со пушка и заминал за Македонија.

Арсо Јовев – Локвички е роден во 1870 година во Поречкото село Локвица, каде српската пропаганда имаше најдено плодна почва уште во XIX век. По професија тој е мајстор – ѕидар. Долги години Локвички минал на печалба во Романија и Трансилванија. Иако никогаш не посетувал училиште, чита и пишува на македонски и на романски јазик.

Арсо Локвички бил висок со широки плеќи и лице прошарано со слаби лузни од прележана сипаница за време на детството.

Разговорите со повеќе апостоли и организатори на Македонската револуционерна организација го пробудија револуционерниот дух во него и тој својот живот и суштествувањето на своето семејство го посветил во корист на својот роден крај и својата родна земја.

Илинденското востаније во 1903 година, го затекнал Арсо Локвички во неговиот роден крај и тој земал активно учество. За време на Илинденското востание, тој бил во четата на Јордан Пиперката.

По востанието, Арсо Локвички станал Поречки војвода и бил еден од првите кој водел жестоки борби со четите на српската вооружена пропаганда во Поречието и Азот. Во најтешките моменти Арсо се јавуваше на помош на велешките чети, кога сам кога со другарите.

Во пролетта 1904 година Локвички ја уништил отпадничката чета на Трајко од село Крапа.

Во 1905 година, повторно доаѓа до обединување на четите на војводите Пано Костадинов, Иван Наумов Алабакот, Ѓакон Евстатиј и Арсо Локвички.

На 6 август 1905 година, во борбата на обединетите чети на Македонската револуционерна организација и четите на српската вооружена пропаганда предводени од србоманите Глигор Соколов(иќ) (с. Небрегово, Прилепско) и Тренко Рујанов Крапјанин (с. Крапа, Поречие), која се води во близина на селото Крапа, Арсо Локвички бил ранет во десната нога.

Неговите соборци за него ќе забележат: “Арсо беше еден од најдобрите извидувачи и знаеше целосно да ги скрие своите траги. Тој, без најмал замор, минуваше за еден час 15 км. Како планинец, тој имаше ретки и вредни квалитети кои го издигнуваа над другите. За време на своите извидувања низ Поречието тој по цели  денови остануваше гладен за да може добро да ја изврши својата задача. Тој беше миленик на сите чети и на локалното население … Неговото семејство живееше во селото Локвица и беше под постојано малтретирање на пропагандата. Единствената причина зошто неговото семејство беше поштедено е дека тие сметаа дека кога тогаш Арсо ќе стане нивен човек.“

Во 1911 година, српската пропаганда се обидува да го поткупи Арсо војвода со плата од три лири месечно, но не успева во војата намера. Сепак, за време на Првата балканска војна во 1912 година дејствува со четата во Поречието и ја помага српската војска.

По завршувањето на Првата светска војна Арсо Локвички се населил во Бугарија, каде работел како градител. Тој бил физички здрав и на барање на Организацијата, тој се одлучил повторно градителскиот алат да го замени со пушка.

Безаветната преданост на Арсо кон македонското ослободително дело нај јасно блесна со последното херојско дело, што го подигна во очите на велиот поробен народ како маченик за народното дело.

Во 1922 година заедно со својот другар Петар Ацев од Теово, Арсо, бил испратен од ЦК на ВМРО во Кичевско, но во Скопско тие биле заробени од српските власти заедно со печатени револуционерни летоци.

По мачењето, тие биле осудени на смрт од страна на скопскиот воен суд и стрелани на 10 март 1923 година во близина на Долно Соње.

Смрта на Арсо Локвички била една од најголемите загуби на ВМРО во Западна Македонија до 1924 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top