Македонски легенди

Јоаникиј Ракотински

Sveti Joanikij Rakotinski

Sveti Joanikij RakotinskiЈоаникиј Ракотински (1839 – 24. I 1940) е македонски архимандрит, учител, лекар и православен свештеник. Во 1875 година, митрополитот Теодосиј Скопски, поборникот за обновување на Охридската архиепископија, го ракоположил за јеромонах. Во 1875 или 1880 година, Јоаникиј го основал манастирот „Св. Илија“ во Ракотинци, Скопско. Во 2017 година во катедралниот храм во Скопје “Свети Климент Охридски” Јоаникиј е прогласен за светец од архиепископот Стефан Охридски и Македонски во сослужение со митрополитите на МПЦ – ОА. Дел од моштите на Јоаникиј се наоѓаат во Берскиот манастир “Свети Јован Претеча”, Грција, каде се почитува како чудотворец и исцелител.

Според неговата зачувана автобиографија од 6/19 март 1930 година, пронајдена во селскиот храм на Успението на Пресвета Богородица во село Ракотинци, Јоаникиј е роден на 7/20 јануари 1847 година во Охрид, во семејството на Георги и Софија Чешмеџиеви. Завршил грчко училиште во својот роден град и станал свештеник.

Пред да се досели во селото Ракотинци, Јоаникиј живеел монашки живот во Марковиот манастир. Во 1875 година, митрополитот Теодосиј Скопски, поборникот за обновување на Охридската архиепископија, го ракоположи Јоаникиј за јеромонах. Во 1875 или 1880 година, Јоаникиј го основал манастирот „Св. Илија“ во Ракотинци, Скопско.  Манастирот е осветен од митрополитот Теодосиј Скопски.

Јоаникиј патувал во свети места, за што луѓето го нарекоа “Дедо Аџија”.  Тој бил добро образован и во тоа време бил сметан за најобразованата личност во околината. Предавал во училиштето сместено во дворот на манастирот и повремено ги решавал како локален судија споровите на месното население. Освен тоа, имал познавања од областа на медицината, па месното население му се обраќало за лекување. Неговиот лекарственик по кој ги лекувал луѓето бил пронајден во селскиот храм заедно со неговата автобиографија, дневници на касата, деловодници и инвентарните книги.

Во неговата автобиографија, Јоаникиј дал детални описи за страданијата што ги претрпувал од турските власти и од локални турски и арнаутски одметници, кои во неколку наврати сакале да го убијат. Но неговите страдања, не престанале ни по Балканските војни. По поделбата на Македонија во 1913 година, Јоаникиј бил малтретиран и од новите српски власти и српскофилски свештеници.

Додека сè уште бил жив, архимандритот сам си го ископал гробот каде и го закопале по смртта. Отец Јоаникиј починал на 24 јануари 1940 година во Ракотинци, во 101 година.

Локалното население одамна го почитува Јоаникиj како светец. Неговите мошти беа откриени нераспаднати во 1986 година во селскиот храм „Успение на Богородица” во Ракотинци.

Во 2017 година во катедралниот храм во Скопје “Свети Климент Охридски” Јоаникиј е прогласен за светец од архиепископот Стефан Охридски и Македонски во сослужение со митрополитите на МПЦ – Охридска архиепископија. За време на канонизацијата иконата на Јоаникиј Ракотински е осветлена. Тропарите во негов спомен се напишани од химнописецот на Вселенската патријаршија отец Атанасиј Симонопетрит. Честичка од моштите на Јоаникиј Ракотински се наоѓа и во Берския манастир “Свети Јован Претеча” и тој почнува да се почитува и во Грција како чудотворец и исцелител.

Канонизацијата беше извршена по повод 50-годишнината од прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top